На 28 ноември 2017 година, во амфитеатарот на МАНУ се одржа промоција на книгата: СТУДИИ ЗА ОХРИДСКИОТ ЖИВОПИС
VI том, од Собраните дела на академик Цветан Грозданов во издание на Матица македонска и Македонската
академија на науките и уметностите.
Промотори на книгата беа академик Георги Старделов и академик Владо Камбовски.
На промоцијата беше прикажан и филмот на МРТ посветен на академик Цветан Грозданов: МЕЃУ ИКОНИТЕ И ФРЕСКИТЕ
Фотографии од настанот: