Во Македонската академија на науките и уметностите беше промовирано делото Структура на кристали од авторите Глигор Јовановски и Петре Макрески. На промоцијата се обрати претседателот на МАНУ, Таки Фити, кој нагласи дека станува збор за уникатно издание посветено на оваа проблематика. Притоа, претседателот на МАНУ Фити потенцираше дека ова е прва книга од оваа област во Република Македонија која, освен за хемичарите, е битна уште за многу други научни области како што се физиката, биологијата, медицината, фармацијата, градежништвото, металургијата итн. Фити истакна дека книгата е резултат на долгогодишната научна преокупација на двајцата автори со таа значајна проблематика.
Промоторот на изданието проф. Љупчо Пејов потенцираше дека делото обработува три поглавја: Геометриска кристалографија, Основи на кристалохемијата и рендгенска структурна анализа. Професорот Пејов истакна дека делото ќе служи како универзитетски учебник за студентите од вториот и третиот циклус на студии.
Фотографии од настанот: