ТАЖНО СОБРАНИЕ,

Траекторијата на животот, со неизвесноста што и е иманентна, знае често да ни нанесе голема болка и тага, зашто таа, ги оттргнува од нас, најблиските, најмилите, драгите пријатели и соработници, луѓето со кои сме делеле добро и зло, радости и таги. Овој пат, животната судбина ни го зеде од овоземниот свет нашиот Томе Серафимовски, великанот на македонското скулпторство, човекот чиј креативен уметнички дух и виртуозни раце му оставија на уметничкиот свет, во траен материјал – бронза, мермер оникс и дрво, повеќе од 550 скулптури, од кои околу 250 портрети, повеќе од 170 актови, 100-тина скици, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, 10 – тина торза и релјефи итн.

Проштално слово за акад. Томе Серафимовск во целост може да го погледнете: ТУКА.

Фотографии од настанот: