Министерката за финансии Нина Ангеловска и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на 27 декември 2019 година присуствуваа на работна средба во Македонската академија на науките и уметностите.

На средбата присуствуваа актуелниот претседател и потпретседател на МАНУ акад. Таки Фити и акад. Владо Матевски, новиот претседател на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев, секретарот на секретаријатот на МАНУ и научни соработници од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ.

Целта на средбата беше формирање на стратешко партнерсво помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Македонската академија на науките и уметностите за отпочнување на активности за изработка на Национална стратегија за развој на човечкиот капитал во земјата. Идејата е иницирана и поддржана од Светска банка.

Претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, ја поздрави иницијатива за започнување на соработка и потенцираше дека МАНУ активно ќе се вклучи во активностите.

 

Фотографии од настанот: