На ден 15 февруари 2024 година, Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа склучија Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се формализира соработката меѓу двете институции. Таа посебно ќе биде насочена кон:
- – покренување на заеднички проекти, студии, стручни анализи за научни области од взаемен интерес на двете институции;
- – заедничко организирање на стручни дебати (тркалезни маси, трибини, работни средби, работилници, советувања и сл.) за значајни – прашања и теми од взаемен интерес на двете институции и на земјата во целина;
- – заедничко организирање на настани и проекти поврзани со отворање, унапредување и промоција на истражувачката инфраструктура и ресурси;
- – заеднички публикации и промоции на резултатите од истражувачките активности, како и промоција на самите институции;
- – земна соработка меѓу кадровскиот потенцијал на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ и Факултетот за бизнис и економија;
- – размена на информации, статистика, публикации (научни проекти, книги, монографии, периодика и сл.);
- – други области и форми на соработка кои ќе ги договорат потписниците на овој Меморандум.