СООПШТЕНИЕ
ОД СЕДНИЦАТА НА СОБРАНИЕТО
НА МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА АКАДЕМИЈАТА
ЗА ПЕРИОДОТ 2024 – 2027 ГОДИНА
Собранието на Македонската академија на науките и уметностите, на 27 ноември 2023 година, одржа седница на која беше усвоен Четиригодишниот извештај на Претседателството на МАНУ за работата на Македонската академија на науките и уметностите во периодот 2020 – 2023 година.
Во продолжение на седницата, поради завршувањето на четиригодишниот мандат на Претседателството на МАНУ на 31 декември 2023 година, во согласност со Законот за Македонската академија на науките и уметностите и со Статутот на Македонската академија на науките и уметностите, Собранието на МАНУ и одделенијата на МАНУ го избраа следниот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година:
- акад. Живко Попов, претседател;
- акад. Алајдин Абази, потпретседател;
- акад. Витомир Митевски, потпретседател;
- доп. член Блажо Боев, секретар;
- акад. Ѓорги Поп-Атанасов, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука;
- акад. Владо Камбовски, секретар на Одделението за општествени науки;
- акад. Нада Поп-Јорданова, секретар на Одделението за медицински науки;
- акад. Љупчо Коцарев, секретар на Одделението за технички науки;
- акад. Дончо Димовски, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки; и
- акад. Влада Урошевиќ, секретар на Одделението за уметност,
- акад. Глигор Каневче, избран член.
Собрание на МАНУ