Денеска во просториите на Кожувчанка беше потпишан договор за соработка од страна на претседателката на фонадацијата, Јанинка Чупаркоска и претседателот на МАНУ академик проф. Д-р Живко Попов. Градоначалникот на Кавадарци, а воедно и основач на фондацијата, Митко Јанчев искажа огромно задоволство од оваа соработка со цел поддршка на активностите за унапредување на македонската наука и уметност.
Фотографии од настанот: