Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ е еден од партнерите на европскиот истражувачки проект Хоризонт 2020 КОННЕКТ – Состојби со екстремизмот во МЕНА и балканските држави (CONNEKT-Contexts of Extremism in MENA and Balkan Societies) што на 10 февруари 2020 година беше лансиран во Барселона Шпанија. КОННЕКТ е координиран од Институт за медитерански студии од Барселона (IEMed).
Проектот се фокусира на млади луѓе на возраст меѓу 12 и 30 години од Северна Африка, Блискиот исток и Балканот. КОННЕКТ анализира седум потенцијални фактори на радикализација (религија, дигитализација, економско лишување, територијална нееднаквост, преодна динамика, социо-политички барања и образовни и културни можности) на три различни нивоа на анализа (држава, заедница и индивидуа) за да се утврди нивната меѓузависност и посебна важност.
Водечка институција во проектот e Институт за медитерански студии од Барселона а партнери се повеќе европски академски и истражувачки институции, со пто е формиран интердисциплинарен тим од 14 институционални партнери составен од универзитети, тинк-тенк и здруженија на граѓани ќе користи иновативна методологија и емпириско истражување за да развие препораки, мерки и алатки за спречување на насилниот екстремизам во земјите учеснички, како и во Европската унија.
Тимот на МАНУ е раководен од акад. Владо Камбовски, проф. д-р Лидија Георгиева е главен истражува и д-р Нуман Аруч и м-р Наум Трајановски како истражувачи. Во текот на следните три и пол години, тие ќе имаат можност да соработуваат со најзначајните експерти од оваа област и да учествуваат во истражување и развој на политики за спречување на насилен екстремизам.
Сите активности на проектот може да се следат на социјалните мрежи:
Web: https://h2020connekt.eu/
Facebook: https://www.facebook.com/connektproject
Youtube: https://www.youtube.com/channel/UCk6LDa2asH7Noke5_05aTfA
Twitter: https://twitter.com/ConnektH2020
Linkedin: https://www.linkedin.com/showcase/h2020connekt
За редовно информирање за текот на проектот, ве покануваме да се пријавите на следниот линк: https://iemed.us6.list-manage.com/subscribe?u=7128d75a13&id=d43beafd5a.
За сите дополнителни прашања контактирајте ја д-р Елена Мујоска Трпевска, истражувач и технички асистент на проектот на emujoska@manu.edu.mk или на connekt@manu.edu.mk
За понатамошната работа на центарот ќе можете да се информирате на линкот кој ќе биде поставен на веб-страната на МАНУ.
Тимот на КОННЕКТ од МАНУ