Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ секоја година, традиционално, оргнизира барем по една сесија на Охридската школа на природно право – перманентна образовна иницијатива наменета за студенти по право од втор и трет циклус. Сесиите земаа место во Охрид, во научниот и културен центар „Уранија“.
Сепак, поради ковид-19 кризата во 2021 година беше оневозможено организирање на 6-тата сесија на Охридската школа на природното право во Охрид.
Оттука, Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ прибегна кон организирање на еднодневна расправа наменета за студенти по право, но и поширока публика со наслов „Основа на реформата на правниот систем во Република Северна Македонија и еколошката правда“, на 12 октомври 2021 година. Настанот има за своја цел да го привлече вниманието на научната, стручната и пошироката јавност кон проблемите и предизвиците во реформата на правниот систем (економски, политички, социјални и слично), а особено кон нужните чекори со цел правна и судска заштита на животната средина во Република Северна Македонија.
Центарот за стратегиски истражувања поаѓа од фактот дека заштитата на животната средина претставува еден од основните предуслови за уживање на бројни други човекови права. Од друга страна, ова прашање сѐ уште се наоѓа на маргините во научните дискусии, но и во агендите на политичките власти.
Настанот, како и претходните години, е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје. Во текот на настанот учество ќе земат експерти од научни установи, но и од практиката како дел од Платформата за еколошка правда.
Македонската верзија на агендата е достапна тука.
Англиската верзија на агендата е достапна тука.
*Работни јазици: македонски и англиски.
ЛИНК ЗА НАСТАНОТ:
Join ZoomGov Meeting
https://statedept.zoomgov.com/
Meeting ID: 160 535 3297
Passcode: 497721