Во рамки на 29-тиот Меѓународен саем на книгата во Скопје, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ) традиционално ги додели наградите поделени во 5 категории, за изданија издадени меѓу двата саеми. Одлуката ја донесе тричлена стручна комисија во состав проф. д-р Елизабета Шелева, претседател и член, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, член, и проф. д-р Владимир Мартиновски, член. Право на учество имаа сите изложувачи на саемот.
Во категорија – Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми, првата награда за најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга-едиција меѓу двата саеми ја освои Годишникот „Монумента“, издание на МАНУ, Скопје, со ликовно обликување на Филип Митров и Методија Николовски.