На 4 мај 2017 г., во посета на МАНУ беа амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. д-р Ласло Иштван Дукс, и г. Ѓула Шомоѓи, заменик амбасадор, кои остварија средба со претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити и со членовите на Извршниот одбор на МАНУ, акад. Луан Старова, потпретседател, акад. Владо Матевски, потпретседател и акад. Леонид Грчев, секретар.
Акад. Таки Фити го информира амбасадорот за соработката на МАНУ со Унгарската академија на науките и за обновувањето на договорот за соработка на двете академии.
Д-р Дукс го информира акад. Фити за писмото добиено од Унгарската академија на уметностите и за предлогот на Академијата за воспоставување формална соработка и потпишување на Меморандум за разбирање со МАНУ. Акад. Фити со задоволство ја прифати идејата за воспоставување соработка на Унгарската академија на уметностите со МАНУ. Тој информираше дека Меморандумот за соработка ќе треба да се усвои од страна на Претседателството на МАНУ. Потоа, ќе следува негово потпишување во термин кој ќе биде договорен меѓу двете академии. Исто така, беше искажана заложба за одржување изложби на македонски уметници во Унгарската академија на уметностите и на унгарски уметници во МАНУ, како први чекори од идната соработка.
Фотографии од настанот: