Во рамките на научната соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Српската академија на науките и уметностите во тридневна посета на МАНУ престојуваше претседателот на САНУ академик Владимир Костиќ. Претседателот на МАНУ академик Таки Фити и неговите соработници имаа повеќе средби со претседателот Костиќ на кои разговараа за реализација на договорените научни проекти меѓу двете академии како и за продлабочување на трилатералната соработка – МАНУ–САНУ–БАН.
Претседателот на САНУ академик Владимир Костиќ, кои инаку е редовен професор на Медицинскиот факултет во Белград и врвен научник и истражувач во областа на дегенеративните процеси на мозочните клетки и болестите поврзани со нив, во рамките на научната и уметничката визита во куќата Уранија во Охрид одржа предавање на тема „Невродегенеративните блести како болести на протеините: алфа-синуклеинот и паркинсоновата болест“. Предавањето беше одлично посетено и проследено со бројни прашања и дискусии поврзани со темата.
Фотографии од настанот: