Омер Калеши
Проф. арх. Георги Константиновски
Датум на раѓање:
•29.07.1930
Место на раѓање:
•Крагуевац
Членство во МАНУ:
•Почесен член, 2015
Институции:
Област на работа:
•Архитект
Биографија
Почесниот член на МАНУ, Георги Константиновски е роден на 29.VII.1930 во Крагуевац, Србија. Основно и средно образование завршува во Битола и Берковица, дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Јејлскиот универзитет во САД. Се вработил во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, а потоа работел и во Белград и Њујорк. Работел на проекти за приморска станбена населба и урбанистички проекти за кибуци во Хаифа, Израел, урбанистичките проекти за населбите Жданец и Чаир, извршува архитектонска практика на полето на станбената архитектураво бирото „Пројекат“ и работел во областа на административните објекти во Њујорк, САД.
Научната кариера ја започнал во 1958 година кога бил примен за асистент, а подоцна станал и редовен професор на предметот Проектирање на станбени и угостителски објекти на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје каде бил ментор на магистранти и докторанти, како и на неколку стотинистуденти- дипломци. Бил Раководител на Институтот за проектирање и Претседател на Советот за урбанизам на град Скопје, а во периодот 1987–88 ја извршувал функцијата Декан на Архитектонскиот факултет. Професионалната кариера ја завршил во 1995 година како редовен професор на Архитектонскиот факултет. Член е на Архитектонската академија при Сојузот на архитектите наМакедонија.
Одржал повеќе предавања за великаните на современата светска архитектура за архитектите во Скопје, како и за современата архитектура во Македонија на неколку факултети во странство. Во областа на научно-истражувачката дејност го издал третиот том од книгата Градителите во Македонија на ХХ век и објавил неколку научни трудови како и двотомното дело Градителите во Македонија XVIII-XX век, а за неговото творештво се објавени над 100 статии во стручни списанија и во дневниот печат. Во својот работен век изработил над 390 проекти и студии, меѓу кои позначајни и препознатливи се Архив на град Скопје, Студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје, Спомен дом на Разловечкото востание во с. Разловци, Делчевско, Меморијален музеј АСНОМ во Пелинце. Учествувал на 38 конкурси на кои освоил повеќе I, II и III награди на македонско и југословенско ниво, а изработил и 40 студии. За својата награда добитник е на повеќе награди, меѓу кои: Борбина плакета за Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“ и Спомен домот на Разловечкото востание; националната награда 11 Октомври; Големата награда на БИМАС за Спомен домот на Разловечкото востание, планата „Унија во Скопје“ и Меморијалниот музеј на „АСНОМ“; Орден на трудот со златен венец и Наградата Андреа Дамјанов за животно дело.
Во 2015 година, проф. д-р Георги Константиновски е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Владимир Костов (1932-2023)
Датум на раѓање:
•1932 година
Место на раѓање:
•Битола
Членство во МАНУ:
•Почесен член, 2015
Институции:
Област на работа:
•Писател
Биографија
Почесниот член на МАНУ, Владимир Костов е роден во Битола 1932 год. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање. Бил еден од основачите како и главен уредник на списанието „Развиток“. Инаугуриран во доктор на филолошките науки при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои во два наврати наградата на градот Битола „4 Ноември“, како и третпат за животно дело, како и на републичките награди:„11 Октомври“, „1 Мај“, наградата „Рациново признание“; наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ванчо Николески“; „Гоцева повелба“ за литературна дејност; наградите на Сојузот на здруженијата на наставниците по македонски јазик и литература и „Феникс“.За литературна дејност одликуван е со орден „Заслуги за народ со златен венец“.
Неколку негови дела – романи и новели, доживеале драматизација и сценска изведба од Битолскиот народен театар на редовниот репертоар и неколку меѓународни театарски фестивали во земјата и странство, а негови дела се застапени и како задолжителни лектири за обработка во наставната програма за средните училишта.
Има објавено 17 романи, 10 збирки новели и раскази и 8 книги за деца и млади. Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во светот. За неговото творештво кое започнува со објавување на првиот роман уште во далечната 1967 година, е пишувано во повеќе наврати во списанија, публикации, книги, прегледи и рецензии од видни македонски книжевници. Биографски податоци, животни погледи, погледи на литературата како творечки феномен и погледи на актуелни општествени настани Владимир Костов изнесува и во бројни интервјуа. Покрај со белетристика, Владимир Костов се занимава и со проучувања од областа на јазикот и литературата, за што има објавено 8 научни трудови.
Во 2015 година проф. Владимир Костов е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Борис Евгеневич Патон
Петар Хаџи Бошков (1928-2015)
Датум на раѓање:
•27.11.1918
Место на раѓање:
•Киев
Членство во МАНУ:
•Почесен член, 2006
Институции:
•Националната академија на науките на Украина
Област на работа:
•Претседател
Биографија
Почесниот член на МАНУ, акад. Борис Евгениевич Патон е истакнат, светски познат и признат научник во подрачјето на заварувањето, металургијата и технологијата на метали. Тој е автор на бројни научни придонеси во природните и техничките науки и на врвни технологии создадени врз нив. Својствена му е исклучителната способност за согледување на идните текови на развојот на науката, со што одигрува пресудна улога во одредени етапи на научно-техничкиот развој на својата земја и пошироко. Акад. Б. Е. Патон е долгогодишен претседател на Националната академија на науките на Украина, којашто, под негово раководство, израснува во еден од најголемите научноистражувачки центри во Источна Европа, афирмиран во целиот свет.
Акад. Борис Евгениевич Патон е роден на 27 ноември 1918 година во Киев. Студиите ги завршил во 1941 година на Киевскиот индустриски институт при Националниот технички универзитет на Украина. Почнувајќи од 1942 година, неговата дејност е нераскинливо поврзана со Националната академија на науките на Украина. Во неа, во Институтот за електрозаварување „Евгениј Оскарович Патон“, тој го измина патот од помлад научен соработник до директор. Институтот „Евгениј Оскарович Патон“, во текот на својот повеќе од 50-годишен развиток, се издигнува до моќен, светски познат научнотехнички комплекс, во чии рамки влегуваат: научно-истражувачки институт, конструкторско-технолошки и екпериментални оддели, три опитни заводи, иноваторски, научно-инженерски и атестни центри. Под раководство на акад. Борис Евгениевич Патон и со негово непосредно учество, во Институтот се реализирани продлабочени истражувања и се добиени значајни резултати во развивање на нови технологии за нераскинливо спојување и обработка на метали и неметали во различни услови и средини.
Фундаменталните истражувања на акад. Б. Е. Патон и неговите ученици во подрачјето на заемното дејство на заварувачките извори на загревање со растопениот метал го поставија фундаментот на кој се создава нова гранка во металургијата – специјална електрометалургија. Со тоа е овозможено леење на особено чисти специјални челици и легури, обоени метали и добивање на единствени композитни материјали. Создадени се перспективи за развој на нови конструкциски и функционални материјали на дваесет и првиот век.
Акад. Патон дал голем придонес во создавањето на нови типови на заварени конструкции, индустриско заварување на магистрални цевководи, разервоари за нафта од големи габарити, облоги на високи печки, високи конструкции на кули. Акад. Патон прв ги започнал и развил истражувањата за искористување на заварувачките процеси во космичката технологија и е неспорно признаен лидер во тоа подрачје.
Во сферата на научниот интерес на акад. Патон е и потрагата по оригинални медицински технологии и разработка на уникатни примероци на медицинската техника и инструментите. Под негово раководство соработниците од Институтот, како и научници од подрачјето на медицината создале нови начини на спојување (заварување) на меките ткива на човекот и животните, денес широко користени во хируршката практика.
Од самиот почеток, главна насока во организаторската дејност на акад. Патон како претседател на Академијата е ориентирање на институтите при Академијата кон рамномерно и континуално развивање на фундаменталните истражувања и врз основа на нив, создавање на нови технологии со широка индустриска примена.
Акад. Патон им посветува непрекинато внимание на комплексноста и приоритетот на научните истражувања во позначајните проблеми во природните, техничките и хуманитарните науки. Неговата иницијатива за максимално вклучување на научни установи во решавање на локалните производствени и еколошки проблеми резултира во создавање на седум регионални научни центри при Академијата, кои ја опфаќаат Украина во целост.
Неговите стремежи научните достигнувања да се постават во служба на економијата, индустријата и земјоделството, доведуваат до комплексни фундаментални истражувања, со активно учество на институтите при Академијата во научно-техничките програми.
Нова страница во широката дејност на акад. Патон се отвора во годините на независноста на Украина. Во својство на член на Советот на Претседателот на Украина по прашања на науката и научно-техничката политика, акад. Борис Евгениевич внесува голем личен придонес во адаптацијата на Националната академија на науките и на целата наука на Украина кон условите на пазарната економија. Како претседател на Комитетот за државни награди на Украина во подрачјето на науката и техниката, тој неуморно се грижи за авторитетот и престижот на научниот труд. Големо значење им придава и на иноваторската дејност и на формирањето и развојот на првите технолошки паркови во Украина и со особен интерес се грижи за научниот подмладок.
Акад. Борис Евгениевич внесува голем труд во одржувањето и развојот на меѓународната научна соработка на Академијата, во економското поврзување на нејзините институти со партнери од странство. Оваа соработка се остварува со широко учество на научниците од Академијата во реализација на меѓународни научни проекти, организирање на заеднички лаборатории и производствени капацитети, широка размена на информации и склучување на бројни лиценцни договори.
Акад. Патон се јавува како еден од основоположниците и, во текот на десет години непрекинато, претседател на Меѓународната асоцијација на академиите на науките, која ги обединува националните академии на науките и редица водечки научни центри.
Акад. Б. Е. Патон е почесен претседател на Меѓународната инженерска академија, член на Светската академија на уметноста и науката и почесен член на Римскиот клуб. Тој е редовен член на Руската академија на науките, надворешен член на Шведската кралска академија на инженерските науки, Националната академија на науките на Индија, како и академии на науки и научно-технички друштва во многу други земји.
Пожртвуваниот и богат труд на акад. Патон е обележен со бројни научни и државни признанија и награди. Тој е награден со Златни медали М. В. Ломоносов и С. И. Вавилов, Златен медал „JI. Лозан“ на Асоцијацијата на металурзи на Италија, Орден за заслуги за татковината, Златен медал В. Г. Шухов на Сојузот на инженери и научно-техничко општество на Русија, Златен медал на Светската организација за интелектуална сопственост, Сребрен медал „Ајнштајн“ на УНЕСКО.
Акад. Патон има особено големи заслуги за развојот на науката во Македонија. Како повеќедецениски претседател на Националната академија на Украина и директор на Институтот за електрозаварување, тој е иницијатор и учесник во бројни заеднички научни проекти, публикации, размена на научници, како и годишни научни собири организирани од двете академии. Може слободно да се рече дека благодарејќи им на иницијативите и ангажираноста на акад. Патон, нашата Академија во последните години развива мошне интензивна и плодна соработка со Националната академија на науките на Украина и со други научни институции од оваа земја.
За почесен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 10 мај 2006 година.
Петар Хаџи Бошков (1928-2015)
Датум на раѓање:
1 јуни 1928
Место на раѓање:
Скопје
Членство во МАНУ:
Почесен член, 2009
Институции:
Област на работа:
Вајарство
Биографија
Проф. Петар Хаџи Бошков е роден на 1 јуни 1928 година во Скопје.
Во 1953 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, на Одделот за скулптура. Во 1959/60 година специјализирал скулптура на Кралскиот колеџ за ликовни уметности (Royal College of Fine Arts) и на Слејдовата школа за ликовни уметности (Slade Scool of Fine Arts) во Лондон.
Bo 1965/66 година бил гостин-професор на Академијата за ликовни уметности Купер во Њујорк (Academie Cooper Union of Fine Arts New York).
Проф. Хаџи Бошков од 1964 до 1980 година работел во Училиштето за применета уметност во Скопје. Од 1980-1988 година работел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде што се стекнал со звањето редовен професор, а од 1980 до 1985 година бил декан на истиот факултет. Од 1988 година бил редовен професор во пензија.
Во периодот од 1953 до 2005 година организирал 27 самостојни изложби во Македонија, во просторите на поранешна Југославија, во Англија, САД, Турција и Грција.
Од 1955 до 2005 година учествувал на повеќе од 300 групни изложби во земјата и во странство како и на бројни скулпторски колонии и симпозиуми ширум поранешна Југославија.
Во 1978 година бил учесник на Меѓународното биенале во Венеција.
Од 1959 до 2005 година реализирал 16 монументални споменици кои се инсталирани во Република Македонија, Република Словенија, Република Хрватска, Република Србија и во Франција.
Во 1997 г. бил учесник на „Деновите на европската култура“ во Солун.
Добитник е на 30 национални и меѓународни награди, меѓу кои и на Октомвриската награда во 1969 година.
Неговите дела се застапени во државни и приватни колекции во: Република Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска, Република Босна и Херцеговина, Кралството Англија, САД, Франција, Полска, Италија, Турција, Грција, Белгија и во многу други места.
Од 1955 до 2005 година неговата биографија брои над 400 библиографски единици.
Избран е за почесен член на МАНУ на 27 мај 2009 година.
Починал на 22 март 2015 година.
Коле Чашуле (1921-2009)
Датум на раѓање:
2 март 1921
Место на раѓање:
Прилеп
Членство во МАНУ:
Почесен член, 2003
Институции:
Област на работа:
Писател
Биографија
Јосип Броз Тито (Josip Broz Tito) (1892-1980)
Датум на раѓање:
25 мај 1892
Место на раѓање:
Кумровец
Членство во МАНУ:
Почесен член, 1969
Институции:
Област на работа:
Биографија
Едвард Кардељ (Edvard Kardelj) (1910-1979)
Датум на раѓање:
27 јануари 1910
Место на раѓање:
Љубљана
Членство во МАНУ:
Почесен член, 1974
Институции:
Област на работа:
Биографија
- Омер Калеши
- Проф. арх. Георги Константиновски
- Владимир Костов (1932-2023)
- Борис Евгеневич Патон
- Петар Хаџи Бошков (1928-2015)
- Коле Чашуле (1921-2009)
- Јосип Броз Тито (Josip Broz Tito) (1892-1980)
- Едвард Кардељ (Edvard Kardelj) (1910-1979)