По повод одбележувањето на 27 Јануари – Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот, во Македонската академија на науките и уметностите се одржа Комеморативна академија на која се обратија: Оливер Спасовски, претседател на Владата на Република Северна Македонија; акад. Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите; Берта Романо-Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Северна Македонија; Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгстон, амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија; и Н.Е. Војчех Тичињски, амбасадор на Република Полска во Република Северна Македонија.
Во рамките на Комеморативната академија, се отвори изложба на плакати изработени од студенти по графички дизајн на факултетите во земјава на тема „Сеќавање на холокаустот – никогаш повторно“, на која се обрати Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија.
Обраќањето на акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, можете да го прочитате тука.
Поканата и агендата можете да ги видите тука.
Фотографии од настанот: