Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Министерството за финансии на Република Северна Македонија, организира научна конференција на тема: „ПРЕДИЗВИЦИ НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА ВО ПЕРИОДОТ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 И ПЕРСПЕКТИВИ ВО ПОСТКРИЗНИОТ ПЕРИОД“. Со оглед на високата релевантност на темата за нашата земја, Конференцијата предизвика голем интерес меѓу претставниците на академската заедница, на finansiskite институции, на Владата (владини функционери и советници), на стопанските комори и др. На Конференцијата свое обраќање ќе имаат и претставници на Светската банка и на Меѓународниот монетарен фонд.

Конференцијата ќе се одржи на 20 мај 2021 година, со почеток во 12 часот, онлајн. Во прилог е дадена Агендата за Конференцијата.

Конференција на тема

„ПРЕДИЗВИЦИ НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА ВО ПЕРИОДОТ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 И ПЕРСПЕКТИВИ ВО ПОСТКРИЗНИОТ ПЕРИОД“

Дата: 20 мај 2021 година

Почеток: 12 часот

АГЕНДА