Годинава се навршуваат 110 години од раѓањето на нашиот истакнат научник и јавен деец, академик Михаил Д. Петрушевски. Во Програмата за работа на МАНУ за 2021 година по тој повод беше предвидено организирање на Свечен собир. За жал, со оглед на неповолната здравствена ситуација предизвикана од пандемијата, бевме принудени да се откажеме од Собирот и да ја прифатиме веќе вообичаената пракса последниве две години овој значаен датум за нашата наука да го одбележиме со објавување на пригоден текст на веб-локацијата на МАНУ.
Размислувајќи за тоа кој да биде авторот на овој пригоден текст по повод јубилејот, без колебање се решивме за академик Петар Хр. Илиевски. Никој така добро не го познава делото на акад. Петрушевски како акад. Илиевски, негов поранешен студент, близок соработник, специјалист во сродните области и проследувач на неговото дело во низа трудови и по разни поводи.
Затоа објавуваме извадоци од два негови текста (со ситни формални интервенции) во кои е даден осврт кон личноста и делото на академик Михаил Д. Петрушевски.
Акад. Витомир Митевски