Врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад бр. 41-3346/9 од 17.09.2024 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 194/24 од 19.09.2024 година), Академијата објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари – основни средства и ситен инвентар кои се предмет на јавниот повик.
Преземањето на движните ствари е без надомест.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари – основни средства и ситен инвентар кои се предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно законските прописи.
Движните ствари кои се предмет на јавниот повик се детално опишани во Прилог 1 и истите се наоѓаат во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, на следната локација: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 2, Скопје.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање преработка и рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.
Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Гоце Алексоски, телефон за контакт: +389 2 3235 400, електронска адреса: goce@manu.edu.mk, од 8 до 15 часот.
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично во просториите на МАНУ, ул. „Крсте Мисирков“ бр.2, Скопје или електронски, објавена на веб страната на Академијата на следниот линк
Инструкции по јавен повик (линк)
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 15.05.2025 година до 15:00 часот.
Комисија за расходување на основни средства
во Македонската академија на науките и уметностите
Претседател,
Гоце Алексоски