акад. Таки Фити, претседател на МАНУ
МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ И БУГАРСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ПРОСТОРИ ЗА НАУЧНА И КУЛТУРНА СОРАБОТКА
Денес, трета година едноподруго, нашите две академии, МАНУ и БАН, заедно го чествуваат големото дело на сесловенските просветители, солунските браќа свв. Кирил и Методиј. Тоа најпрвин го направивме во 2014 и во 2015 година во Софија, во Бугарската академија на науките, а еве денес, тоа го правивме во Скопје, во Македонската академија на науките и уметностите. Одлуката на раководствата на двете академии за заедничко славење на свв. Кирил и Методиј и упорноста, решителноста и храброста на двајцата претседатели, акад. Стефан Воденичаров и на мојот претходник акад. Владо Камбовски, за реализација на оваа благородна идеја заслужува особен респект и признание. Двајцата претседатели, како проминентни научници и луѓе со отворени и широки погледи, беа длабоко свесни за фактот дека браќата Кирил и Методиј им припаѓаат на сите словенски народи, на целиот словенски род, дека тие создадоа грандиозно дело, ја создадоа словенската цивилизација, цивилизацијата на писмото и книгата, и дека по долгата и тешка борба со доминацијата на тријазичноста, нејзината основа ─ старословенскиот јазик беше и официјално признаен од папата Адријан како световен и свештен јазик.
Мислам дека денес во МАНУ и во БАН преовладува идејата дека токму величината на делото на сесловенските просветители, свв. Кирил и Методиј, и дека токму славењето, чествувањето и понатамошно научно истражување и потенцирање на неговата неспорна грандизиозност е црвена нитка којашто ќе ги обединува нашите две академии и нашите два народа, ќе ја поттикнува културата на заемно разбирање, соработка и почитување и ќе ги турка на маргините на историјата недоразбирањата од минатото, спорните толкувања, неумерените присвојувања итн, кои неретко беа детерминирани од идеолошките предрасуди што се репродуцираа во една или друга форма, со векови, на турбулентните простори на Балканот.
Нека ми биде дозволено, во оваа пригода, да го интерпретирам акад. Георги Старделов, кој потсетувајќи се на мислата на Црноризец Храбар дека „Бог им го пратил на Словените Константин – Кирил Философ кој им устроил 38 букви“ ќе каже дека „се случи божјо чудо, дека почна да врне дожд од букви и дека тие букви потоа се преточија во евангелија, станаа писмо, станаа книги“. Така се роди и потоа се издигна, високо меѓу европските цивилизации, новата словенска цивилизација. Константин – Кирил Философ, како што ќе забележи нашиот познат филолог акад. Петар Христо Илиевски, уште од најрана младост се одликувал со бистар ум и голема жед за учење. На катедрата за филозофија на цариградскиот патријарх Фотиј бил избран за предавач по филозофија и не случајно го носел епитетот Философ. Константин – Кирил Философ бил пратен на три мисии: Сараценската, во 855 година, за да ги заштити христијаните од исламистичките агресори во Арабија; Хазарската, во 861 година, заедно со брат му Методиј, за да им се спротивстави на јудејските теолози; и Моравската во 863 година за да ги просвети Словените. По неуспехот на Моравската мисија, Кирилметодиевите ученици ќе пристигнат во средновековна Бугарија. Меѓу нив е и св. Климент Охридски, кој потоа од страна на кнезот Борис бил испратен во западниот дел на Македонија (Кутмичевица) и во Охрид го основал познатиот Охридски книжевен центар. Охрид ќе стане колевка и средиште на словенството и словенската култура од крајот на IX и почетокот на X век и оттаму ќе се шири делото на светите браќа Кирил и Методиј и на другите простори на словенските народи. Има уште една вонредно значајна, релевантна, би рекол, цивилизациска придобивка на големото дело на светите браќа Кирил и Методиј ─ тоа е нивната истрајна борба и заложба за рамноправност на народите и на нивните јазици, за природното право на словенските народи да го слават Бога на сопствениот јазик. Денес, по повеќе од единаесет века откако Кирил ги изговорил овие зборови, со смирена и филозофска реторика, идејата за рамноправност на јазиците во рамките на најмоќната светска економска интеграција, Европската Унија, е еден од носечките стандарди и столбови на обединета и модерна Европа.
Еве зошто, почитувани колеги, драги пријатели, ние имаме право и обврска заедно да го чествуваме големото дело на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј. Тоа го правиме денес, тоа ќе го правиме и во иднина, со нашите почитувани колеги од БАН и со нашите колеги од другите словенски академии. Впрочем, оваа година, кога ќе ја чествуваме 1.100-годишнината од упокојувањето на еден од најдоследните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, св. Климент Охридски, очекуваме присуство на десетина претседатели на словенски академии, вклучувајќи го тука и претседателот на БАН акад. Стефан Воденичаров, кој меѓу првите, со задоволство, ја прифати нашата покана да се обрати на Свечената академија на 8 август во древниот Охрид.
Почитувани,
МАНУ и БАН во изминатите три години реализираа вонредно интензивна, богата и содржајна соработка во бројни сфери на науката, подеднакво и во доменот на општествените и во доменот на природните науки, и во бројни сфери на уметноста и културата. Познато е дека во октомври 2013 година во Сандански беше потпишан Протокол за соработка помеѓу двете академии и беа утврдени повеќе од 33 научни проекти во кои беа вклучени академици од двете земји, но и проминентни научници од институтите во состав на БАН и од центрите на МАНУ, како и познати научници од пошироката академска заедница. Соработката во рамките на овие проекти, којашто мобилизираше голем број научници од двете страни, придонесе за заемно запознавање на истражувачите, за зголемување на заемната доверба, за воспоставување на односи на пријателство и заемно почитување и за воспоставување на пријатен и релаксиран амбиент во нашата комуникација. Дел од овие проекти веќе се финализирани, а резултатите од истражувањето се публикувани во зборници и заеднички трудови објавени на македонски и на бугарски јазик. Дел од научните сознанија се објавени и на англиски јазик во релевантни меѓународни списанија. Бројот на завршени проекти и објавени трудови постојано се зголемува – еве и денес промовираме два нови труда: Зборникот С’вместно – Заедно, кој ги содржи обраќањата и поднесените реферати од заедничкото чевствување на св. Кирил и Методиј во 2014 и 2015 во Софија (овој Зборник во иднина редовно ќе се објавува и наша амбиција е тој да прерасне во цела плејада на трудови за делото на светите браќа, и Зборникот Ослободителните борби на Македонија од Источната криза до Балканските војни, од Научната конференција одржаната на 24 јули 2015 година, во Битола. Во изминатите три години, успешно се реализирани и други форми на соработка со нашите колеги и пријатели од БАН ─ Денови на МАНУ во БАН и Денови на БАН во МАНУ, изложба на нашиот Чемерски во БАН, пристапни предавања на акад. Камбовски, како надворешен член на БАН во Софија, и на акад. Воденичаров, како член на МАНУ надвор од работниот состав во МАНУ, промоција на заедничкиот научен проект Европски вредности во творештвото на бугарските и македонските литературни творци – сличности и разлики, раководен од акад. Милан Ѓурчинов, од наша страна, и од доц. д-р Александар Јорданов од бугарска страна, мои интервјуа во медиуми во Бугарија и др. Соработката врз заедничките проекти придонесе заеднички да аплицираме на научни 4 проекти кои се финансираат од европските фондови, што е извонредно значајно. Планираме, оваа година, во Сандански, да ги сублимираме резултатите од досегашната соработка во областа на науката и уметноста и да ја осмислиме и детализираме идната соработка.
Овде посебно сакам да нагласам дека нашата соработка со БАН, како што, впрочем, тоа е случај и со другите странски академии, е заснована врз принципите на заемно почитување, разбирање и отвореност. Помеѓу двете академии постои согласност дека нема прашања, вклучувајќи ги и оние што ги сметаме за спорни, сензитивни (на пример, прашања од историјата, јазикот, идентитетот и сл.), за коишто академиците и научниците од нашите земји не можат да расправаат ─ се разбира, со силата на научните аргументи, факти, со нивно соочување, а ослободени од идеолошките и политичките стеги и предубедувања и стереотипи, кои се продукт на тешкото историско наследство на балканските простори. Тоа е траекторијата по којашто се движат двете академии, трагајќи по објективната вистина. Ние сме свесни за фактот дека во науката, посебно во општествените науки, не може секогаш да се постигне општа согласност. Но, битно е да се расправа, да се комуницира, да се гледа напред. Тоа треба да го правиме и заради нашите лади генерации кои сакаат да живеат во обединета Европа и во демократски и економски просперитетни земји. Јас сум убеден дека оваа благородна мисија успешно ќе ја реализираме и во иднина.
EBONY PORN VIDEOS
Can you be more specific about the content of your article? After reading it, I still have some doubts. Hope you can help me.
Can you be more specific about the content of your article? After reading it, I still have some doubts. Hope you can help me.
Thank you for your sharing. I am worried that I lack creative ideas. It is your article that makes me full of hope. Thank you. But, I have a question, can you help me?
Your article helped me a lot, is there any more related content? Thanks!
Your article helped me a lot, is there any more related content? Thanks!
geinoutime.com
“정말요?” Fang Jifan은 “모르겠어요 … 언제 … 궁전에 들어갈 건가요?”
geinoutime.com
그리고 이 작은 녀석들은 카운티 정부에 가까울수록 더 춥게 느껴집니다.
geinoutime.com
Zhu Zaimo는 손에 채찍을 들고 병사들은 하나씩 똑바로 섰습니다.
Thank you for your sharing. I am worried that I lack creative ideas. It is your article that makes me full of hope. Thank you. But, I have a question, can you help me?
geinoutime.com
홍지황제가 이 말을 하자 갑자기 웃음을 참지 못했다.
geinoutime.com
이 우울한 오두막에는 무심한 얼굴들이 있다.
geinoutime.com
Hu Kaishan은 Tang Yin 뒤에 서서 무의식적으로 Tang Yin의 어깨를 손바닥으로 두드렸다.
geinoutime.com
흥분한 그는 옆에 있는 사람을 껴안고 키스하고 갉아먹었다.
돌리고 슬롯
장타오는 우울한 한숨을 내쉬고는 여러 가지 복잡한 감정을 안고 공부를 계속했다.
슬롯 게임 사이트
이때 Zhu Houzhao는 “아직도 멍하니 뭐하고 있니, 가자”고 초조하게 말했다.
5 래빗스 메가웨이즈
“스승님, 보세요, 누군가 오고 있어요.” 덩젠은 흥분에 떨며 길모퉁이를 가리켰다.
에그벳 계열
오늘 저는 궁에 들어가라는 명령을 받았습니다. 그런 폐하를 보니 정말 가슴이 아픕니다.