Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, на 28 и 29 октомври 2016 година во МАНУ се одржа Меѓународниот научен собир „Милениумското зрачење на св. Климент Охридски“. На 28 октомври, се одржа Првата работна сесија на тема: „Книжевност, јазик и литература“, а на 29 октомври се одржа Втората работна сесија на тема: „Историја, теологија, археологија и историја на уметноста“. На Научниот собир зедоа учество голем број научни работници од Република Македонија, како и еминентни научници од Руската Федерација, Чешка Република, Словачка Република, Украина, Република Литванија и Република Бугарија.
За Научниот собир се пријавија и свои апстракти доставија 45 учесници кои влегоа и во програмата на собирот, од кои 11 се учесници од странство а останатите од Македонија. Предложените теми и пристигнатите апстракти се отпечатија во посебна книга на апстракти. Работата на Научниот собир се одвиваше во секции: Книжевност, јазик и литература, Историја, Теологија, Археологија и истоижрија на уметноста.
Научниот собир со пригодни обраќање го поздравија акад. Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, а поздравното обраќање на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, беше прочитано пред присутните.Работниот дел од Научниот собир започна со презентирање на пленарните реферати на: акад. Георги Старделов На почетокот би зборот; акад. Блаже Ристовски Името на јазикот и писмото на св. Климент и етнонимот на Словените; акад. Цветан Грозданов Нови сознанија за Светиклиментовиот манастир на Плаошник.
Натамошниот дел од Научниот собир продолжи според предвидената програма во неолку секции: Книжевност, јазик и литература , прва сесија: акад. Ѓорги Поп-Атанасов Св. Климент Охридски, “Moravia Magna и Slavia orthodoxa”; (Прага, Чешка Република) Климентовите традиции во јазикот на текстовите од македонска редакција; Емилија Црвенковска За една можна реконструкција на „корпусот на Климент“;Сергеюс Ю. Темчинас (Виьлнюс, Lietuvos Respublika) Писал ли св. Климент Охридский общие службы; Роман Кривко (Москва, Российская Федерация) Региональная вариативность в древнем церковнославянском языке: юго-западнобалканский ареал; Мария Йовчева (София, Република Бугария) Архаични черти и иновации в езика на октоиховите канони на св. Климент Охридски; Вікторія Володимирівна Горԑва (Київ, Україна)
Украинские ученые и украиноведческие вопросы на первом международном съезде славянских филологов (Прага, 1929 г.). Во втора сесија настапија: Вера Стојчевска-Антиќ Охридскиот книжевен центар на ракописното наследство; Димитар Пандев Книжевното дело на свети Климент Охридски во контекст на новите книжевни јазици и литератури; Добрила Миловска Археографски преглед на преписите на Пространото житие на св. Кирил Филозоф; Красимира Илиевска Во слава на учителите; Илија Велев Химнографските состави за св. Климент Охридски во богослужбената и во книжевната традиција; Лилјана Макаријоска Аргиговиот триод и неговото место меѓу ракописите од Охридската книжевна школа; Маја Јакимовска-Тошиќ Климентовите книжевни состави посветени на првоучителите светите Кирил и Методиј; Валентина Миронска-Христовска Климентовата традиција во македонскиот XIX век.
Во секцијата историја учествуваа: Александар Атанасовски Свети Климент Охридски и европската димензија на неговото дело; Јован Белчовски За местоположбата на Светиклиментовата епархија; Peter Ivanič и Martin Hetényi (Nitra, Slovenská republika) St. Clement of Ohrid in the context of modern Slovak and Czech historiography; Бобан Петровски Светиклиментовата словенска епископија v.s. т.н. Преславска цивилизација; Тони Филиповски 27 јули (9 август) 916 г.: датум на упокојување или погребување на св. Климент Охридски; Martin Husár и MartinaŠkutová (Nitra, Slovenská republika) Greek communities in Rome and the Cyrillo-Methodius Mission; Митко Б. Панов Св. Климент Охридски во делата на Теофилакт и Хоматијан: историска реконструкција и контекстуализација на византиската идеологија; Стојко Стојков (Благоевград, Република Бугария)
Свети Климент: епископ словѣ ньски/επισκόπου Βουλγαρίας; Стојан Ристески По патот на апостол Павле: каде дошол свети Климент во Кутмичевица?; Драган Ѓалевски Некои забелешки за дејноста на св. Климент Охридски во Македонија; Драган Зајковски Житијата на св. Климент како историски извори: нов поглед кон еден стар проблем; Ели Луческа Во потрага по моштите на св. Климент Охридски; Михаило Георгиевски Македонските кодики како огледало на христијанското дарителство, со посебен осврт на струшката кодика, т.е. летописната книга на црквата Св. Ѓорѓи во Струга од 1835–1913 г.; Васил Ѓорѓиев–Ликин Св. Климент Охридски и кирилометодиевската традиција на почвата на Струмица и Струмичко – проникнување и континуитет.
Во секцијата за теологија учествуваа: Ратомир Грозданоски
Библиското име на свети Климент Охридски; Ѓоко Ѓорѓевски Библиското гледиште за правдата и праведноста во делата на св. Климент Охридски; Ацо Гиревски Омлитичко-практични белешки во однос на поуките, похвалите и словата на свети Климент Охридски; Виктор НедескиИсториската и богословската основа за страдањето на св. Климент Охридски и неговите сотрудници во Моравија.
Во секцијата за археологија и историја на уметноста учествуваа: Елица Манева Рефлексии на просветителската мисија на св. Климент во Скопско; Бранислав Ристески Делото на св. Климент Охридски и монашката населба од доцниот IX и почетокот на X до средината на XV век на локалитетот Св. Преображение кај селото Зрзе;Љубинка Џидрова Времето на македонските просветители низ археолошките и историските податоци; Игор Галевски и Антонио Јакимовски Глаголички букви врежани на средновековни грниња од Скупи; Аксиния Джурова (София, Република Бугария) Към въпроса за иконографията на св. Климент Охридски; Ралица Русева (София, Република Бугария) Присъствието на св. Климент в сцената Успение на св. Наум; Сашо Цветковски Портретите на св. Климент Охридски во делата на дебарско-мијачките зографи; Елизабета Касапова Доградбите на Светиклиментовата црква на Плаошник како одговор на современите текови во доцновизантиската архитектура; Ангелина Поповска Конзерваторски согледувања за една малку позната икона на св. Климент од Охридската збирка.
Фотографии од настанот: