Македонската академија на науките и уметностите на 09.01.2018 во Хотел Оаза-Штип одржа конференција и обука во склоп на проектот “Иницијативи за иновативна соработка во пограничен регион”, кофинансиран од програмата Interreg – IPA CBC Bulgaria-Macedonia.
На конференцијата беше презентирана збирка од трудови кои се резултат на анкетата “Определување на иницијативи за иновациска соработка”. Збирката содржи трудови кои се изработени во соработа со Бугарската академија на науки и уметности и се поврзани со начините за иновација во шумраскиот сектор и дрвопреработувачката индустрија.
На обуката, вработени во шумарскиот сектор и дрвопреработувачката индустрија. Беа обучени за користење на Виртуелна канцеларија и образовна платформа кои имаат за цел да ги поврзат шумарските претпријатија од источните региони од Македонија и западните региони во Бугарија и на тој начин да ја подобрат нивната конкурентност.
Повеќе информации за резултатите од проектот може да погледнете: ТУКА.
Агендата за настанот може да ја погледнете: ТУКА.