Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 4 септември 2023 година, во 86-тата година од животот, почина акад. Ферид Мурад, член на МАНУ надвор од работниот состав.
Биографија
Ферид Мурад е роден во Whiting (Индијана) во 1936 година. Неговиот татко Јабир Мурад Ејупи е роден во Гостиварско во 1892. Toj како младо момче емигрирал во Австрија, а во 1913 г. во САД.
По промена на повеќе професии отворил ресторан во Whiting (Индијана) и се оженил за Henrietta Bowman. Им се родиле три момчиња кои работеле од најрана возраст во ресторанот, од перење на садови до работа на шанк. Мурад е најстариот син. Завршил Медицински факултет, специализирал внатрешни болести и се здобил со научното звање PhD по фармакологија. Уште како студент долго време минувал во експерименталните лаборатории на факултетот. Започнал работа со стипендија на универзитетот De Pauw (Green castle Indiana). Meѓy првите негови трудови се изучувања на движењата на калциумот кај рибите кои немаат паратироиден орган кој го регулира прометот на калциумот во други специеси.
Подоцна се приклучил кон групата на Earl Sutherland, Jr. со кој ja изучувал функцијата на цикличниот AMP како втор известувач (“se-cond messenger”) на епинефринскиот и глукагонскиот ефект врз гликогенолизата врз препарации на црн дроб. Установил дека катехоламинскиот ефект врз активацијата на аденилциклазата во препарати од срце и црн дроб се должи на бета адренергичен ефект со прикажување на потенцијали од изопротеренол, епинефрин и норепинефринско позитивно делување и инхибиција со дихлоризопротеренол и негативен ефект на алфа-блокери. Meѓy првите открил дека холинергичните агенси ги инхибираат препаратите со аденилциклаза и со тоа тој прв докажува дека хормоните можат да го блокираат ефектот на цикличкиот АМР врз активацијата на киназата и активацијата на фосфорилазата. Тие огледи бараа да изведе нови огледи со бројни циклични АМР-аналогни препарата и други нуклеотиди вклучително цикличната GMP, цикличната IMP, цикличната CMP и др. Најзначајно научно достигнување се трудовите поврзани со азотниот оксид кој, макар што е едноставен хемиски радикал, учествува во низа биолошки процеси чија листа секој дневно се зголемува. Во многу случаи азотниот оксид го провоцира својот биолошки ефект активирајќи ja гуанил циклазата, зголемувајќи ja цикличната GMP од GTP. И процесите кои се независни од цикличниот GMP во биологијата секојдневно се во пораст.
Азотниот оксид ja активира транзицијата на телесното железо, на тиолните групи, на слободните радикали, на кислородот, на супраоксидниот анјон, на несатурираните масни киселини и на низа други молекули. Некои од тие реакции го завршуваат својот ефект со претворање на оксидацијата на азотниот оксид во нитрит или нитрат, дури други реакции ja менуваат протеинската функција и/или каталитичкиот капацитет. Овие различни функции на цикличниот GMP или независно од него азотниот оксид може да промени и да регулира низа значајни физиолошки акции и физиолошки регулации. Азотниот оксид е еден интрацелуларен “messenger” една паракрина материја, еден неуротрансмитер, или еден хормон чиј ефект може да се исполни на далечни структури во организмот.
Тоа е единствен факт дека една толку едноставна молекула има една широка лепеза на функции. Зголемувагьето на нивото или намалувањето на таа материја има значајни реперкусии во патологијата. Ова е користено во третманот на човекот повеќе од 100 години, бидејќи со азотниот оксид се активираат и регулираат метаболичните процеси, како, на пример, употребата на органски нитрати или нитроглицерин во лекувањето на ангина пекторис уште од 1870 год. Без сомнение сегашните и идните истражувања на клиничарите ќе создаде третман на низа болести кои се должат на нарушувањето на метаболизмот и создаваььето на азотниот оксид. Листата на истражувања на клиничкиот третман со подлога на азотен оксид е значително зголемена. Покрај бројните награди и признанија проф. Мурад ja доби и Нобеловата награда за медицина и физиологија со што му е дадено највисоко признание за научната дејност и врвните резултати во неговите истражувања. Член е на повеќе меѓународни здруженија и асоцијации. Објавил повеќе книги и статии во реномирани светски списанија.