Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 14 октомври 2022 година, во 91-тата година од животот, почина акад. Љубиша Ракиќ, член на МАНУ надвор од работниот состав.
Љубиша Ракиќ е роден на 11 април 1931 година во Сараево.
Првите четири одделенија од основното образование ги завршил во Сараево, а гимназија и Медицински факултет во Белград.
По дипломирањето, во 1956 година, се вработил како асистент на Катедрата за физиологија на Ме- дицинскиот факултет, каде што во 1961 година станал доцент, а во 1969 година професор по предметот физиологија и биохемија. Од 1971 година е и професор на постдипломските студии од областа на неуро- биологијата на Белградскиот универзитет. Во шеесеттите години ja основал Лабораторијата за неурофизиологија и неурохемија (денес Одделение за неуробиологија) во Институтот за биолошки истра- жувања „Синиша Станковиќ“ на Белградскиот универзитет и Меѓу- народната лабораторија за истражување на мозокот во Котороу под покровителство на УНЕСКО и Националниот институт за здравје на американската влада, во кои во тек на четири децении работеле со повеќе десетици научни работници од повеќе земји, пред сё, САД и Советскиот Сојуз.
Професор Ракиќ научно се усовршувал во Институтот на академикот П. К. Анохин во Москва и во Институтот за истражу- вање на мозокот на Калифорнискиот универзитет во Лос Анцелес.
Проф. Ракиќ е член на голем број научни друштва и академии од поранешна Југославија: на Српската академија на науките и уметностите, на Црногорската академија на науките и уметностите, на Академија на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, на Академијата на науките и уметностите на Косово, на Академијата на науките и уметностите на Република Српска, надворешен член на Академијата на науките на СССР, сега Руска академија на науките, на Њујоршката академија на науките, на Евроазиската академија на науките, на Европската академија на науките и уметностите со седиште во Салцбург и на Европската академија на науките, уметностите и литературата со седиште во Париз и на голем број меѓународни научни организации и асоцијации.
Истражувањата на акад. Ракиќ ja опфаќаат областа на централниот нервен систем (CNS) и најшироко гледано се однесуваат на изучавањето на неуролошките основи на однесувањето. Ставајќи ги во центар на истражувањата изучувањата на основните нервни процеси – раздразливост и инхибиција, ги разгледува од аспект на параметрите на повеќе научни дисциплини – неурофизиолошки, биохемиски, имунолошки, еволуциони и молекуларно-биолошки.
Објавил повеќе од 500 трудови во интегрален облик (две третини во странски научни публикации, 6 монографии во странски и 3 во земјата). Коавтор на 5 учебници.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки.