Одделение за лингвистика и литературна наука
Област на работа:
проф. д-р Татјана Вендина
Биографија
Т. И. Вендина е доктор по филолошки науки и раководител на Центарот за ареална лингвистика при Инситутот за славистички студии при РАН, каде што работи од 1992 година. Професор е на Катедрата за компаративни јазични студии на Факултетот за странски јазици при Московскиот државен универзитет, каде што предава предмети од областа на современиот руски јазик и неговата историја, методи на лингвистичка анализа, спроведува специјални курсеви и специјални семинари за етнолингвистика. Од 2003 година е претседател на Меѓународната комисија на Општословенскиот лингвистички атлас при Меѓународниот комитет на слависти. Дописен член е на Меѓународната академија на науките за педагошко образование.
Родена е на 29 април 1946 година во с. Межиричка, во округот на Кировоград, во регионот на Одеса (денешна Украина). Во 1970 година ги завршила додипломските студии, а во 1973 – постдипломските студии на Катедрата за руски јазик при Московскиот државен универзитет. Во 1974 година го одбранила магистерскиот труд „Явление конкуренции суффиксов -ik(a), -ic(a) в славянских языках“. Во 1988 година на Институтот за лингвистика во Минск ја одбранила докторската дисертација „Славянское субстантивное словообразование в сопоставительном аспекте: (суффиксы с элементом -k-, -c-, -č-)“. Работела на Катедрата за руски јазик на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет, како и на Институтот за руски јазик при Академијата на науките на СССР.
Т. И. Вендина е лингвист-славист со широк спектар на научен интерес. Нејзините трудови се занимаваат со проблеми од областа на дијалектологијата, лингвистичката географија, споредбено-историското и споредбеното проучување на словенските јазици и дијалекти итн. Автор е и на повеќе трудови од областа на зборообразувањето и етнолингвистиката, како и на учебникот „Введение в языкознание“ (Москва 2001, второ и трето издание – 2002 и 2005 година). Учествува во работата на Општословенскиот лингвистички атлас и на Лексичкиот атлас на руските народни говори – член е на уредувачките одбори, обработува проблеми кои се однесуваат на лингвистичко-географска интерпретација, картографирање и коментирање на материјалите од споменатите атласи. Во научната сфера воведува голем број нови термини од областа на зборообразувањето, лингвистичката географија и етнолингвистиката.
Област на работа:
Д-р Кшиштоф Вроцлавски (Krzysztof Wrocławski)
Институции: Варшавскиот универзитет – Институтот за западна и јужна славистика
Биографија
Кшиштоф Вроцлавски, (Krzysztof Wroclawski), Полјак, редовен професор во пензија, над половина од својот научен пат го посвети на македонистичката проблематика. Роден е во 1937 година во градот Радом во Полска. Прво студирал петрографија на Варшавскиот универзитет, по дипломирањето се префрлил на Филолошкиот факултет и во 1965 година станал магистер по словенска филологија. Во 1974 година станува доктор по хуманистични науки, а во 1976 доктор хабилитиран по словенските литератури. Во 1991 година станува професор на Варшавскиот универзитет.
За време на својата работа на Варшавскиот универзитет (1965-2008) професор Вроцлавски трипати беше директор на Институтот за словенска филологија; една каденција беше претседател на научниот совет на институтот „Полоникум“ чија задача е грижа за странските студенти – полонисти.
Д-р Вроцлавски е член на Етнолингвистичката комисија на МКС, член на президиумот на Полскиот славистични комитет и член на Балканистичката комисија при тој Комитет, член е и на Варшавското научно друштво и на Научниот совет на Инстититут за славистика на ПАН.
Како домен на својата научна активност д-р Вроцлавски ги набројува: славистичната фолклористика, културологијата и словенските литератури. Toj е автор на околу 200 научни трудови, од кои близу 90 се со македонска и македонистичка проблематика.
Од 1967 до 1970 година д-р Вроцлавски беше лектор по полски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како што самиот оценува, овој престој во Македонија му бил најзначаен за неговата натамошна научна активност.
Лекторот Кшиштоф Вроцлавски остана во спомен на своите македонски студенти како нивен пријател и ангажиран популаризатор на информации за неговата родна Полска.
По враќањето во Полска Вроцлавски не ги прекина пријателските врски со Македонија, често го гледавме меѓу нас на летната школа во Охрид, на конференции и симпозиуми организирани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и МАНУ. Во Полска тој често им служел како извор на информации за Македонија на полските научни власти, а од друга страна редовно се грижел за гостите од Македонија.
Во 2000 година д-р Вроцлавски стана професор honoris causa на УКиМ. Во 2009 година МАНУ му го додели медалот „Блаже Конески“ како израз на благодарност за неговото долгогодишно активно учество во градењето и збогатувањето на македонската наука за фолклор.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.
Датум на раѓање::28.09.1937
Место на раѓање::Радом
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Email::weoclawscy@w.pl
Област на работа:
Д-р Горан Калоѓера (Goran Kalođera)
Институции: Универзитетот во Риека
Биографија
Горан Калоѓера (Goran Kalođera), редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека е роден на 20 март 1951 година во Дубровник, Р. Хрватска.
Во 1969 година се запишува на Филозофскиот факултет во Загреб на групите: југословенски јазици и книжевности (кроатистика и јужнословенски филологии, компаративна книжевност) и во 1974 година дипломира на истиот факултет. Во 1976 запишува постдипломски студии од поновата хрватска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб.
Во 1981 година се вработува како асистент на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Педагошкиот факултет во Риека, а во 1982 година започнува со предавањата и семинарите на групата Македонска книжевност и македонски јазик.
Во 1982 година се здобива со звањето магистер на науки на Филозофскиот факултет во Загреб со темата: Книжевното дело на Јосип Еуген Томиќ, а во 1985 година докторира на темата Македонско -хрватските и хрватско-македонско-книжевни врски од нивните почетоци до 80-тите Години на XX век на Филозофскиот факултет во Риека.
Во 1986 година се стекнува со звањето доцент, во 1990 станува вонреден професор, а 1992 ja основа, конципира и пишува наставната и изведбената програма за новата група Хрватската книжевност во европскиот контекст. Во програмата е застапена и македонската книжевност. Во 1996 година е избран за редовен професор.
Од 1996-2000 е декан на Филозофскиот факултет во Риека, а во 2000 година е избран за проректор за настава при Ректоратот на Универзитетот во Риека.
Проф. Калоѓера е член на Хрватското филолошко друштво од Риека, на Матица Хрватска од Риека, почесен член на Културното друштво „Илинден“ од Риека и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Како дипломиран компаратист проф. Калоѓера интензивно се занимава со проучувањето на хрватско-македонските книжевни допири, притоа се ориентира главно на XIX век и книжевноста помеѓу двете светски војни со посебен осврт и студии за Рациновиот престој во Хрватска. Исто така покажува посебен интерес за браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев и Григор Прличев. Има издадено 6 македонистички книги и повеќе од 32 македонистички прилога и над 82 книжевни критики за повеќе автори.
Датум на раѓање::20.03.1951
Место на раѓање::Дубровник
Членство во МАНУ::Надвор од работниот состав, 2003
Email::gkalogjera@uniri.hr
Област на работа:
Д-р Кристина Крамер (Christina Kramer)
Институции: Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Торонто”, Канада
Биографија
Д-р Кристина Крамер (Christina Kramer), американски лингвист, славист и балканист, е родена на 3 август 1954 година во Хартфорд (Конектикат, САД). Матурирала во Висконсин (Belloit College), студирала на Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил (University of North Carolina, Chapel Hill) под раководство на проф. д-р Виктор Фридман. Hejзината магистерска теза била посветена на лексиколошка анализа на дел од необјавените фолклорни материјали од Кирил Пенушлиски (“Tur- kisms and Dialectisms in the Unpublished Works of Kiril Penušliski“, 1980).
Докторската дисертација, исто под менторство на В. Фридман, одбранета на истиот Универзитет, била посветена на синтаксичките показатели на модалност во македонскиот стандарен јазик (“Analytic Modality in Literary Macedonian“, 1983). Во периодот 1983-1986 д-р Крамер работела како доцент во Одделението за странски јазици на Универзитетот во Кентаки.
Во центарот на нејзиниот научен интерес е граматичкиот, пред се вербалниот систем на македонскиот стандарден јазик, но во нејзиниот опус има и низа драгоцени студии посветени на македонските дијалекти, на историјата на стандардизацијата, а исто така и на социолингвистичките состојби во Република Македонија и пошироко на Балканот.
Од 1986 год. д-р Крамер работи на Универзитетот во Торонто, Канада (University of Toronto) во Одделението за словенски јазици и книжевности (Department of Slavic Languages and Literatures), прво како доцент, од 1990 год. како вонреден, а од 2001 како редовен професор. Од 2003 година таа е шеф на Одделението.
Д-р Крамер долги години е активна на полето на воспоставување врски меѓу американската и македонската славистика и македонистика. Во 1997 год. била организатор на Третата северноамериканско-македонска конференција посветена на македонскиот јазик, литература и фолклор во Торонто, а во 2000 и 2003 год. коорганизатор на слични конференции во Охрид и во Колумбос, Охајо.
Библиографијата на д-р Крамер опфаќа 5 книги и над 30 статии во престижни научни списанија. Во центарот на нејзиниот научен интерес се наоѓа вербалниот систем на македонскиот стандарден јазик, категориите ‘модалност’, ‘вид’ и ‘време’. Нејзината докторска монографија, објавена во познатата издавачка куќа Загнер (Verlag Otto Sagner, Германија во 1986 год.) претставува до денес ненадмината семантична и формална анализа на македонските модални парадигми со синтаксички форманти и широко е цитирана од сите автори-специјалисти за балканската модалност. Во низа социолингвистички трудови д-р Крамер ja анализира ситуацијата и јазикот на македонската дијаспора во САД и во Канада, проблематиката поврзана со малцинските права за обука на мајчин јазик и сл.
Нејзиниот прирачник по македонски јазик за англофони (Macedonian: a Course for Elementary and Intermediate Students, University of Wisconsin Press 1999, второ, ревидирано и дополнето издание 2003, и двете електронски верзии подготвени со помош на Грејс Филдер, Лилјана Митковска и Филип Хамондс, 2000 и 2006) служи за обука на студенти-македонисти на сите континенти и многу високо е оценет од страна на специјалистите. Електронската верзија донесува не само аудиовизуелен курс по македонски јазик, но и богатство од среќно избрани илустрации кои им го доближуваат на студентите македонскиот природен амбиент, фолклорот, спомениците на културата и др.
Д-р Крамер ги има организирано и постојано ги унапредува универзитетските студии по македонски јазик во Торонто. Meѓy нејзините студенти има Канаѓани, многу новодојденци, имигранти и се повеќе Македонци од дијаспората.
Д-р Крамер одржува постојани контакти со Македонија и со македонските колеги, учествува во многу истражувачки иницијативи на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ и при секој престој во Скопје држи предавања во Центарот.
За својата научна и педагошка активност д-р Крамер била многукратно наградувана. Повеќекратен добитник е на Dean’s Excellence Award во Торонто, на Златна плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, AATSEEL book prize: Best Contribution to Language Pedagogy за својот прирачник по македонски јазик за англофони, а во 2008 година беше меѓу првите четворица добитници на медалот „Блаже Конески“ на МАНУ.
Избрана е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.
Датум на раѓање::03.08.1954
Место на раѓање::Хартфорд, Конетикат; САД
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2009
Област на работа:
Акад. Олексеј Семјонович Онишченко (Олексiй Семенович Онищченко)
Институции: Националната академија на науките на Украина и Националната библиотека на Украина „В. И. Вернадски“.
Биографија
Акад. Олексеј Семјонович Онишченко (Олексш Семјонович Онищченко) е роден на 17 март 1933 година во с. Рудка, во Полтавската облает на Украина.
Историско-филозофскиот факултет (со специјалност по филозофија и историја) го завршил во 1956 година. Од 1959 година работел во Националната академија на науките на Украина. До 1978 година бил директор на Институтот за филозофија на НАНУ, а потоа директор на Меѓурепубличката филијала на Академијата на општествени науки во Киев и во тој период ги истражува проблемите на развитокот на духовната култура, светогледот на личноста, битот и начинот на животот на народот, научно- техничката револуција, филозофско-социолошките проблеми на еволуцијата на масовната свест, културата, социологијата и историјата на религијата во Украина, традицијата и улогата на празнично-обредната сфера во животот на личноста и на општеството.
Како историчар, културолог, филозоф и социолог, од 90-тите години акад. Онишченко активно ги истражува и прашањата на новата социокултурна трансформација на украинското општество, тенденциите на формирањето на информатичкото, граѓанското и иновационото општество во Украина изградено врз знаењето. Toj учествува во разработка на концепцијата на идеологијата на украинското државотворство, го истражува развитокот на хуманитарната сфера, реформирањето на политичкиот систем и државната информатичка политика. Посебно го привлекуваат прашањата околу социохуманитарната технологија, историјата на академската наука, архивистиката, документаристиката и проучувањето на украинската култура. Врз таа основа акад. Онишченко организира и самиот учествува на низа меѓународни научни конференции во Украина и во странство.
Од 1992 година станал генерален директор на Националната библиотека на НАНУ „В. И. Вернадски“, како централна научно-наставна институција во оваа област, со 5 научноистражувачки институти и 4 центри и со над 200 подрачни филијали во земјата. За особениот придонес во развитокот на науката во областа на проучувањето на духовната култура, во 1998 година О. С. Онишченко е избран за член на Президиумот на НАНУ и академик-секретар на Одделението за историја, филозофија и право.
Акад. Онишченко е координатор на украинско-македонската научна соработка помету МАНУ и НАНУ и организатор и учесник на годишните научни собири и редактор на заедничкиот научен зборник што излегува на украински и на македонски јазик во Киев како издание на НАНУ и МАНУ. Toj е и еден од авторите на првиот и засега единствениот Украинско-македонски и Македонско-украински разговорник што излезе во 2005 година во Книгоиздателството „Довира“ во Киев, како заедничко издание на НАНУ, МАНУ, Киевскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“ и Јазично-информациониот фонд на НАНУ. По негова инициатива и со лично коавторство, во издание на НАНУ, Украинскиот јазично-информативен фонд, Националната библиотека на Украина „В. И. Вернадский во Киев во минатата 2008 година е објавен првиот Укратсъко- македонський словник со 20.000 зборови и фразеологизми што темелно го претставува македонскиот јазик пред украинскиот корисник, а претставува уникален прирачник и за македонскиот корисник на украинскиот јазик.
Под негово раководство, во издание на НАНУ, но повод 100- годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, во Киев излезе опфатен избор од неговото поетско и прозно творештво, а пред објавување, исто така по негова инициатива и залагање, е и избор од Крсте Мисирков.
Научноистражувачкиот опус на акад. О. С. Онишченко опфаќа 17 одделни монографии и над 300 научни трудови објавени во зборници и списанија. Освен тоа, тој е главен редактор или коредактор на значајни научни зборници и други капитални изданија.
Во последниве години акад. Онишченко активно навлегува и во македонистиката. Како претседател на Одборот на НАНУ за соработка со МАНУ, тој е главен редактор на двојазичниот „Украшсько-македонський науковий зб1рник“ што се печати во Киев, како заедничко издание на НАНУ и МАНУ.
Акад. Онишченко е и познат културен и општествен деец. Toj е претседател на Асоцијацијата на библиотеките на Украина, прв потпретседател на Украинската академија на политичките науки, претседател на Украинскиот славистички комитет и член на Меѓународниот комитет на славистите, член на Украинската национална комисија за прашањата на украинскиот правопис и на Националната комисија на Украина за УНЕСКО.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.
Датум на раѓање::17.03.1933
Место на раѓање::с. Рудка, во Полтавската област
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2009
Област на работа:
Проф. д-р Јан Соколовски (Jan Sokołowski)
Институции: Универзитетот во Вроцлав
Биографија
Јан Соколовски (Jan Sokołowski) е роден на 14 октомври 1944 година, во Тарногура, Полска. Од 1965 до 1970 година студирал русистика на Вроцлавскиот универзитет, каде се здобил со звањето магистер на дисертација од областа на полската и руската фразеологија и идиоматика. Во 1977 година ја одбранил докторската дисертација на тема Негатива во современиот руски јазик, а во 2001 година врз основа на хабилиационата расправа се здобил со звањето доцент, а од 2005 година е професор.
Јан Соколовски се занимава со словенската лингвистика, особено со компаративните студии за системите за зборообразување на словенските јазици во синхронизација, зборобразувањето во рускиот и македонскиот јазик, граматича конфронтација на полскиот и македонскиот јазик, историја на славистиката и лингвистичките прашања на македонската дијаспора во Полска.
Во својата професионално работење тој ги извршува функциите раководител на Одделот за руски јазик и Раководител на лабораторијата по македонистика и е член на Комитетот за славистика на ПАН, Комисијата за европски култури при Вроцлавското одделение на ПАН, Вроцлавското научно здружение – комисија за преведување на јазици и Полското друштво за лингвистика. Учестувал во меѓународниот истражувачки проект „Полски-македонски. Граматичка конфронтација“. Тој членува и учествувал во уредувачките одбори на 9 списанија и е рецензент во 3 научни списанија.
За својата работа е добитник на наградите: Награда на Министерството за образование и наука III степен за достигнувања во областа на истражувањето (1983), Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Mетодиј“ во Скопје (2007 и 2009), Медал „Блаже Конески“ доделен од страна на Македонската академија на науките и уметностите (2010), Медал „200 години од Државниот универзитет во Вроцлав“ (2011).
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.
Датум на раѓање::14.10.1944
Место на раѓање::Тарногура
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2015
Област на работа:
Д-р Виктор Фридман (Victor Friedman)
Институции: Универзитетот во Чикаго
Биографија
Виктор Фридман е роден на 18 октомври 1949 година во Чикаго, Илиноис, САД. Студирал славистика на Универзитетот во Чикаго, каде што и дипломирал во 1971 година кај проф. Збигњев Голомб. Во 1971 и 1972 година, по препорака на проф. Голомб, Фридман ја посетува Летната школа во Скопје и во Охрид при Семинарот за македонски јазик, литература и култура и тогаш се одлучува како посебна област да го избере македонскиот јазик. Во 1975 година докторирал со одличен успех на тема „Граматичките категории на македонскиот индикатив”. Веднаш по докторитањето Виктор Фридман е избран за доцент на Чикашкиот универзитет (1975-1979), потоа за вонреден професор (1979-1984), а од 1984 година е редовен професор по славистика и балканистика на Универзитетот во Чапел Хил, Северна Каролина, каде што бил и шеф на Одделението за славистика и балканистика (1987-1993). Од есента 1993 година работи како професор по славистика и балканистика на својот матичен Универзитет во Чикаго.
Проф. Фридман е еден од најпознатите и најактивните американски лингвисти на неговата генерација со славистичка и балканистичка ориентација. Неговиот опус се состои од 144 библиографски единици, од кои 101 се научни трудови (книги, расправи, статии), а другите се прикази, реферати и преводи. Од трудовите 73 се од областа на македонистиката и балканистиката.
Во своите трудови проф. Фридман се служи со теоријата и методите на прашко-американскиот функционален структурализам од школата на Јакобсон, Лант, Станкјевич и др., обогатувајќи и развивајќи ги во чекор со општиот развитoк на лингвистичката теорија и методологија.
Од самиот почеток на неговата научна дејност тој покажува голем интерес за глаголскиот систем на словенско-балканските јазици. Глаголскиот систем го проучува од сите аспекти не само во современите стандардни јазици, туку и во историска и географска проекција, обрнувајќи внимание и на нивната формална и на значенската структура. Македонскиот јазичен материјал во неговите трудови секогаш е разгледуван врз широк фон на другите словенски и балкански несловенски јазици, но исто така и на јазиците што се наоѓаат надвор од тие две групации. Таквиот пристап Фридман може да го реализира благодарејќи на неговото теоретско познавање на македонскиот, бугарскиот, албанскиот, ромскиот и турскиот јазик. Освен тоа тој има основни знаења и за кавкаските јазици, што му овозможува да согледа и да обработи низа интересни структурни паралели во глаголските системи на балканската и кавкаската јазична средина.
Вториот главен круг на научниот интерес на професор Фридман го сочинуваат проблемите сврзани со процесите на стандардизацијата на балканските јазици. И тука во центарот на вниманието се наоѓа македонскиот јазик и македонската стандардизација.
Проф. Фридман покажува жив интерес и за јазичната прагматика. Неговите трудови од тоа подрачје се одликуваат со богата изворна документација.
Како македонист проф. Фридман е познат не само во македонската и американската средина туку и пошироко – во Канада, Австралија, Германија, Полска, Велика Британија и во сите други славистички и балканистички центри во светот.
Таквата афирмација тој ја постигнал освен со своите трудови и со бројни настапи на конгреси, симпозиуми и други научни собири, каде што постојано ги брани самостојноста и интегритетот на македонскиот јазик.
Проф. Фридман е активен и како преведувач на македонска стручна литература, а во негов превод на англиски јазик е објавена „Историската фонологија” од Блаже Конески.
Со сета своја дејност проф. Фридман има придонесено многу за афирмацијата на македонскиот јазик, македонската лингвистика и македонистиката во целина како во САД, каде што живее и работи, така и во бројни други центри во светот.
На предлог на Одделението, проф. д-р Виктор Фридман е избран за член надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука на 21 април 1994 година.
Датум на раѓање::18.10.1949
Место на раѓање::Чикаго, Илиноис
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 1994
Email::vfriedm@uchicago.edu
Област на работа:
Проф. д-р Илија Чашуле
Институции: Универзитетот Маквори во Сиднеј, Австралија
Биографија
Илија Чашуле е роден во Скопје на 24 јули 1957 година.
Докторирал во 1986 година на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема Глаголската именка во македонскиот литературен јазик, пишувана под менторство на акад. Блаже Конески, каде што работи во периодот од 1979 до 1986 година, предавајќи општа лингвистика на Катедрата за македонски јазик.
Од 1987 година работи како професор на Универзитетот Маквори во Сиднеј, Австралија, прво како лектор по македонски јазик (1987-2000), па предавач и виш предавач, а од 2000-тата година на Катедрата за општа лингвистика како професор по македонски јазик и славистика.
Во 1979 година тој беше лектор по македонски јазик на Државниот универзитет во Москва, во 1982 предаваше македонски јазик на Универзитетот во Лунд, Шведска, а со предавања гостуваше и во Упсала, Шведска и во Хале, Германија.
Во центарот на научниот интерес на д-р Чашуле секогаш се наоѓа македонскиот јазик, неговото минато и неговата сегашност. Уште првите научни трудови докажуваат дека тој е оригинален, креативен лингвист, целосно предаден на својата струка. Неговите македонистички студии секогаш носат нова документација и нова интерпретација на специфичните аспекти на македонскиот морфосинтаксички систем и влегуваат во задолжителна предметна литература на секој македонист.
Во австралиската средина д-р Чашуле се посвети поинтензивно на теоријата и секојдневната практика на наставата, а резултат на таа посветеност беше прв сериозен, меѓународно признат прирачник по македонски јазик за англофони, Let’s learn Macedonian (1990).
Во неговиот австралиски период, покрај секогаш присутната македонистичка проблематика, во фокусот на научните интереси се најде и еден друг јазик – бурушаскиот, јазик зборуван од околу 90.000 луѓе во Каракорум, во северо-западен Пакистан. Д-р Чашуле повеќе од една деценија објавува бурушаски етимологии со кои ja документира својата хипотеза дека бурушаскиот е индоевропски јазик.
Во бурушаските студии на Чашуле присутна е и една македонска нишка. Имено, според неговата хипотеза, Бурушази се потомци на Фригите кои некогаш живееле на денешна македонска територија и зборувале еден од палео-балканските индоевропски јазици – фригискиот. Оттука во денешен македонски можат да се најдат поединечни лексеми кои потекнуваат од фригискиот супстрат.
Д-р Илија Чашуле наоѓа време и за убавата литература, и тоа како оригинален творец и како преведувач – објави две поетски збирки и голем број преводи на и од македонски. Пројавил и значајна општествена активност во животот на македонската заедница во Австралија. Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.
Датум на раѓање::24.07.1957
Место на раѓање::Скопје
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Email::ilijasasule@yahoo.com.au
Област на работа:
Д-р Ала Генадјевна Шешкен (Алла Геннадьевна Шешкен)
Институции: Катедрата за словенска филологија на Филолошкиот факултет на Московскиот универзитет „М. В. Ломоносов
Биографија
Ала Генадјевна Шешкен (1952) е истакнат филолог-славист и компаративист, специалист во областа на македонската литература, словенските литератури и компаративистиката. Родена е во Лепељ, Витебска облает, Белорусија, каде што го завршува основното и средното образование. Ги започнува своите студии на славистичката група на Филозофскиот факултет во Ленинград (сега Санкт-Петерсбург), а потоа преминува на студии во Белград, каде што и дипломира во 1974 година. Својата аспирантура ja остварува на Катедрата за словенска филологија на Филолошкиот факултет на Московскиот универзитет „Ломоносов“ под менторство на истакнатиот славист, специалист за словенски фолклор и словенски литератури – проф. Н. И. Кравцов. По завршувањето на аспирантурата во 1979 г. започнува да работи на Филолошкиот факултет на МГУ во научната лабораторија „Руската литература во современиот свет“. Од 2001 година работа како доцент на Катедрата за словенска филологија, научното звање на доцент и е доделено во 2004. Од 1999 година таа раководи со научно-педагошкиот центар „Култура на руското зарубежје“, како и со лабораторијата „Руската книжевност во современиот свет“.
Научните интереси на А. Г. Шешкен тесно се поврзани со проучувањето на македонската литература, на другите југословенски литератури, на белоруската литература, на споредбената славистика и на литературата на руската емиграција. На Филолошкиот факултет на МГУ таа држи специјални курсеви од историјата на белоруската литература, историјата на развојот на руската книжевна наука во словенските земји, како и од областа на споредбеното проучување на руската и југословенските литератури. Списокот на научни трудови од овие области опфаќа над 100 наслови.
Главно место во сферата на научните интереси и педагошката дејност на А. Г. Шешкен зазема проучувањето на создавањето и развојот на македонската литература. Од 1994 година за студентите македонисти од Катедрата за словенска филологија при Московскиот универзитет „Ломоносов“ таа држи редовни и специјални курсеви од историјата на македонската книжевност, од историјата на македонската култура и историјата на македонската литературна критика.
Во научната активност на А. Г. Шешкен во последнава деценија главно место зазема токму проучувањето на македонската литература. Нејзините научни трудови од оваа проблематика се објавени во изданијата на Руската академија на науките. А. Г. Шешкен е автор на фундаменталните поглавја од историјата на македонската литература во академската „Историја на литературата на западните и јужните Словени“ (РАН), автор на поглавјето за современата македонска литература во „Историјата на литературите на Неточна Европа по Втората светска војна“ (РАН). Нејзината монографија „Студии за македонската литература“ која го опфаќа развојот на македонската литература во XX век и прашањата за проникнувањата помеѓу руската и македонската литература е објавена во Македонија во 2005 година. Освен тоа, А. Г. Шешкен е автор и на статии по македонска литература во најновата “Большая Русская Энциклопедия” која започна да излегува во 2004 година. Посебно место во научните интереси на А. Г. Шешкен зазема споредбеното проучување на руската и македонската литература. На оваа проблематика и е посветено одделно внимание во нејзината монографија „Руската и југословенските литератури во светлината на компаративистиката“ (2003).
Во 1998 (заедно со Р. П. Усикова) А. Г. Шешкен беше организатор на првата научна конференција во Русија посветена на македонската проблематика „Македонскиот јазик, литература и култура во словенски и балкански контекст“ чии резултати беа објавени во обемниот зборник на поднесените реферати во Москва, 1999 година. Со трудови од областа на македонистиката А. Г. Шешкен редовно настапува на научните форуми во Русија и Македонија. Таа е меѓу другото, редовен учесник на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, како и на научните дискусии на истиот.
Нејзините најзначајни научни публикации, тесно поврзани со македонистиката, се монографиите Русская и югославянские литературы в свете компаративистики, Москва, 2003 и Студии за македонската литература, Скопје: Дијалог, 2005, а има објавено и повеќе поглавја за македонската литература во фундаменталните трудови на Институтот за славистика при РАН: Македонская литература 1920-1930-х гг. во: История литератур южных и западных славян, Т. 3, Москва, 2001; Македонская литература 1941-1945 гг., во: История литератур южных и западных славян, Т. 3, Москва, 2001; Македонская литература, во: История литератур Восточной Европы после Второй мировой войны, Т. 2., 1970-1980-е гг. Москва, 2001; Македонская литература 1990-х годов, во: Литературы Центральной и Юго- Восточной Европы: 1990 годы. Прерывность – напрерывность литературного процесса. Москва, 2002.
А. Г. Шешкен е еден темелен долгогодишен истражувач на словенските литератури и култури кај кого во последните десет години македонската проблематика сврзана со нашето минато, но и со нашата современа епоха зазема доминантно место. Нејзината монографија за појавата и развитокот на компаративистиката на овие простори е дело на одлично информиран, прецизен и високо објективен толкувач кој не подлежи на никакви предрасуди и ги отфрла сите национални митови, стремејќи се кон објективност, непристрасен и веродостоен приказ на литературните факти и вистини. Кога ќе се види како и со колкав дијапазон на податоци и аргументи таа се служи во студиите за македонската литература од крајот на XIX век, до епохата на 90-те години во XX век, може да се заклучи дека низ своето хронолошко проследуваьье на книжевно-историските процеси А. Г. Шешкен дава историски приказ на македонската литература низ сиот XX век. Со присуството на еден ваков истражувач во руската современа славистика се надминуваат некогашните недоразбирања помеѓу руската и македонската книжевна наука и дека на македонската книжевна и духовна традиција и нашата литературна современост започнува да се гледа на подруг, посовремен начин, принципиелен и научно објективен, која во своите толкувања настапува со сигурни аргументи за нејзината автентичност и нејзините неоспорни културно-историски и уметнички дострели.
Избрана е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.
Датум на раѓање::30.03.1952
Место на раѓање::Лепељ, Витебска област, Белорусија
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Одделение за општествени науки
Област на работа:
Д-р Исак Адижес (Isac Adizes)
Институции: Универзитетот во Лос Анџелес, Калифорнија и „Адижес институтот“ во Санта Барбара, Калифорија, САД
Биографија
Проф. д-р Исак Адижес (Isac Adizes) е роден на 22 октомври 1937 година во Скопје, Република Македонија. Факултет за економски и политички науки завршил на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, во 1963 година. Магистрирал на Универзитетот Колумбија, Њујорк, а на истиот Универзитет докторирал во 1965 година.
Во 1967 година бил избран за доцент на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, а во 1973 за вонреден професор. На истиот Универзитет во 1984 година бил избран за вонреден професор (III степен). Д-р Адижес бил визитинг-професор на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, на Универзитетот во Тел Авив, во Стенфорд и на Универзитетот Колумбија.
Д-р Адижес држел предавања од областите: теорија и политика на менаџмент, бизнис политика, теорија на организацијата, менаџментот во уметноста, менаџмент на непрофитни организации и јавен сектор, организационо однесување и менаџмент процес и др, на повеќе од 30 универзитети, насекаде во светот – Перу, Израел, Питсбург, Шведска, Мексико, Парис, Русија, Кина, Украина, Казахстан, Литванија, бившите југословенски републики (вклучувајќи ja и Република Македонија) итн.
Д-р Исак Адижес е основач и претседател на Адижес институтот во Санта Барбара, Калифорнија, водечка консултантска фирма од областа на менаџментот, со канцеларии насекаде во светот – Институт кој од страна на Executive Excellence, е рангиран помеѓу десетте најдобри консултантски организации во светот. Адижес е декан на Високата школа за студии во областа на лидерството и промените, академски советник на Високата школа за менаџмент на националната економија на Руската Федерација и член на Меѓународната Академија за менаџмент.
Во текот на четириесетгодишната професионална дејност, д-р Исак Адижес дал огромен научен придонес и се стекнал со светска слава во три области на менаџментот: прво, во шеесеттите години бил водечки автор во областа на истражувањето на учеството на работниците во одлучувањето, кога ги објави познатите книги: Новите димензии на самоуправниот менаџмент и Индустриска демократија, кои потоа беа преведени на јапонски и шпански јазик. Второ, во 1969 година, Адижес ja воспоставил првата високошколска програма во светот од областа на менаџментот на уметностите за што исто така објави книга. Трето, во 1975 година, Адижес ja развил водечката методологија за управување со организационите промени, патентирана под негово име (Адижес методологија), што му донесе светска слава. Од оваа област, тој, во меѓувреме, објавил десет книги кои денес се преведени на 26 јазици и околу стотина статии, видео и аудио презентации и други публикации. Денес, стотици професионалци (сертифицирани од страна на неговиот институт) во светот ja предаваат и практикуваат неговата методологија за управување со промените во голем број фирми (од претприемнички фирми кои се во почетната развојна фаза, до фирми рангирани помеѓу стоте најголеми во светот), во влади, универзитети, нестопански дејности итн. Методологијата е успешно спроведена во повеќе од 400 фирми (вклучувајќи тука и светски познати фирми) и во голем број влади во светот. Неговата најпозната книга од оваа област Corporate Life Cycles: How Organizations Grow and Die and What to Do About It, објавена сега во ревидирано и проширено издание под наслов Managing Coporate Life Cycles била избрана за една од десетте најдобри бизнис книги од страна на The Library Journal. Денес постојат бројни сведоштва на врвни менаџери на големи фирми, насекаде во светот, за ефективноста на Адижес методологијата во разбирањето на филозофијата на промените во организациите (фирми, влади, непрофитни организации итн.), во нивното поимање како континуиран процес со кој организациите треба да се справуваат, за да ги избегнуваат, релативизираат и разрешуваат конфликтните и кризни состојби што со себе ги носат промените, како и сведоштва за конкретните ефекти на фирмите од спроведувањето на Адижес методологијата, кои, дефинитивно, се одразуваат на перформансите на работењето на организациите.
Д-р Адижес е автор или коавтор на 19 книги, 4 монографии, стотици статии, стотици осврти, десетици студии, голем број видео и аудио презентации итн. Неговите трудови се преведени на голем број јазици и објавени во престижни списанија, насекаде во светот.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки.
Датум на раѓање::22 октомври 1937
Место на раѓање::Скопје
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2009
Email::ichak@adizes.com
Област на работа:
Д-р Џозеф Бреда (Josef C. Brada)
Институции: Државниот универзитет во Аризона, САД
Биографија
Проф. д-р Џозеф Бреда е роден на 10 октомври 1942 година во Прага, Чехословачка. Државјанин е на САД.
Во 1964 година дипломирал хемија на Универзитетот во Туфте. Една година подоцна магистрирал во областа на економијата на истиот Универзитет. Со докторат по економски науки се стекнал на Универзитетот Минесота, САД (1971 година).
Својата академска кариера проф. Бреда ja започнал во 1969 година на Државниот универзитет во Охајо, каде што предавал економија. На истиот Универзитет во 1972 година бил вршител на должноста асистент професор по словенски јазици, а во периодот од 1972 до 1974 година бил и директор на Одделот за економски истражувања. Во 1974 година преминал на Њујоршкиот универзитет, САД, како вонреден професор по економија и меѓународен бизнис на Постдипломската школа за деловна администрација. Таму останал до 1978 година.
Во 1979 година, Џозеф Бреда преминал на Државниот универзитет во Аризона, каде што во 1981 година е избран за редовен професор по економија. Неговата понатамошна академска кариера, до денешни дни, е врзана за Државниот универзитет во Аризона, каде што бил член на Центарот за азиски студии, член на Конзорциумот за советски и источноевропски истражувања, член на Конзорциумот за атлантски истражувања, а од 1992 година до денес и директор на Меѓународната програма на колеџот за бизнис при Arizona State University.
Професорот Бреда бил визитинг професор, истражувач и на-учник на многубројни реномирани универзитети и институции во САД, Западна Европа, Неточна Европа и Азија.
Проф. д-р Џозеф Бреда како реномиран економист и истражувач бил советник на министерот за економија на Чешката Република во 1994 година, консултант на министерот за развој на Република Македонка во 2000 година, консултант на министерот за капитализација на Боливија, консултант на реномирани владини тела во САД, на реномирани меѓународни организации, како и на познати меѓународни консултантски финансиски куќи.
Проф. Бреда е вонредно плоден научен работник, со импозантен број научни и стручни трудови, објавени во САД, Западна Европа, Источна Европа и во реномирани светски економски снисанија. Toj е автор, коавтор или уредник на 18 книги и монографии, на преку 50 поглавја во книги, на околу 90 статии во списанија и на голем број коментари и осврти.
Творечкиот опус на проф. Џозеф Бреда е насочен во две комплексни области на економската активност: меѓународна трговија и економски проблеми на земјите во транзиција.
Името на проф. Бреда, во САД и во светски размери, во прв ред, е препознатливо по неговиот неоспорен научен придонес во анализата на економските проблеми на поранешните централно-плански (командни) економии, денес, земји во транзиција.
Придонесот на проф. д-р Цозеф Бреда за Македонија е неоспорен и главно може да се лоцира во две значајни области: интензивирање на соработката помеѓу претставниците на американската и македонската академска заедница и проучување на економските проблеми со кои е соочена Република Македонија и предлагање на решенија за нивно надминување.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, долго време остварува успешна и плодна соработка со Државниот универзитет во Аризона, САД. Во 1992 година, проф. Бреда беше назначен за директор на Меѓународната програма на Колеџот за бизнис при Државниот универзитет во Аризона, функцијата ja извршува и денес и, почнувајќи од таа година па се до денешни дни, трае и соработката помеѓу двата државни универзитети.
Проф. Бреда во учебната 1996/1997 година престојуваше како визитинг професор на Економскиот факултет во Скопје и непосредно беше вклучен во изведувањето на наставата на научните дисциплини од области на менаџментот, а во 2000 година е прогласен за Doctor Honoris Causa, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во рамките на својот професионален интерес за земјите во транзиција, проф. Бреда е активно вклучен и во проучувањето на економските проблеми на Република Македонија, како и во сугерирањето мерки за нивно разрешување. Тоа го прави преку свои настапи на меѓународни научни конференции организирани во нашата земја, преку совети упатени до високи владини функционери и министри и преку подготвување проекти и програми за Македонија со посредство на меѓународни организации (Светската банка, УНДП и др.). Во текот на 2005 година, проф. Бреда во неколку наврати престојуваше во Македонија и со свои трудови од областа на странските директни инвестиции во Централна Европа и на Балканот и нивната корелираност со политичката нестабилност, настапи на Меѓународната конференција во организација на Економскиот факултет од Прилеп, која ги третираше предизвиците на новата економија, и на Меѓународната конференција на Економскиот факултет од Скопје, која беше посветена на современите тенденции и политики во структурните промени на економиите.
Во 2005 година, по иницијатива и со финансиска поддршка на Програмата на ООН за развој (УНДП) во Скопје, беше формирана експертска комисија за високи владини совета за Република Македонка (Blue Ribbon Commision). Притоа, проф. Бреда е назначен за копретседател и координатор на странските експерти, а акад. Фити на домашните експерти. Основната цел и задача на Комисијата е да подготви Извештај за клучните проблеми, дилеми, отворени прашања и предизвици со кои се соочува македонската економија, да предложи препораки до Владата за надминување на проблемите и да даде визија за развојот на земјата во идните десет години. Проф. Бреда вложи особени напори и покажа зачудувачка упорност во осознавањето и проучувањето на најзначајните прашања и проблеми на македонската економија, нагласена коректност и кооперативност во соработката со УНДП, странските експерти, домашните експерти, македонските претставници на бизнис заедницата и високите владини функционери и даде особен придонес во осмислувањето на структурата и природата на Извештајот и на неговите основни препораки.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки.
Датум на раѓање::10 октомври 1942
Место на раѓање::Прага
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Email::josef.brada@asu.edu
Област на работа:
Д-р Џејмс Р. Вајсман (James R. Wiseman)
Институции: Универзитетот во Бостон
Биографија
Џејмс Р. Вајсман (James R. Wiseman) е професор по археологија, историја на уметноста и класични јазици на Универзитетот во Бостон, САД.
Д-р Вајсман е роден на 29 август 1934 година во North Little Rock во Арканзас, САД. Студирал на Универзитетот во Мисури во 1955-1957 година. Класични студии завршил во Атина во 1959/
1960 година, а докторирал на Универзитетот во Чикаго во 1966 година. Предава на Универзитетот во Бостон, во Остин во Тексас, на Универзитетот во Колорадо и во американската школа за класични јазици во Атина.
Професорот Џејмс Вајсман изведува бројни археолошки истражуваша во Грција и Шпанија, а во периодот 1970-1981 година е кодиректор на меѓународниот проект „Археолошки истражувања во Стоби“.
Пред започнувањето на истражувањата во Стоби се изведени и заштитни конзерваторски работи на архитектонските објекти откриени пред Втората светска војна. Ископувањата се изведени во веќе откриените објекти со цел да се утврдат почетоците на стариот град споменат кај Ливиј во 197 година п.н.е. Сондажните ископувања се преземени со цел да се утврдат границите на простирањето на стариот град кој се наоѓал под голем број палати и други архитектонски објекти. Надвор од бедемите на градот работел на Западната некропола. Истражувањата биле насочени кон откриваше на остатоци од погребувања или цели некрополи од постари хронолошки периоди.
Главна преокупација на проф. Вајсман се истражувањата на некрополите и натписите на седиштата во античкиот театар. Меѓутоа, најзначајно откривање со кое раководи професорот е баптистериумот покрај базиликата на епископот Филип од V век. Овој објект со добро сочувани мозаични подови и фрескоживопис на ѕидовите отвори нови прашања за градот Стоби во доцната антика. На овој предизвик во 80-тите години одговори Б. Алексова со откривањето на Старата епископска базилика од IV век, на која првобитно и припаѓал баптистериумот. За хронолошкото и територијално дефинирање на градот придонесоа целокупните истражувања во откриените објекти. Стоби релативно мала но стратешки важна пајонска, а подоцна македонска населба за време на хеленистичкиот период, израснал во голем и просперитетен муниципиум за време на раноримската империја и како провинциска престолнина и епископско седиште на доцната империја.
Во 1979 година на Универзитетот во Бостон е одржан симпозиум посветен на Стоби во организација на професорот Вајсман. Истата година како продолжение е одржан симпозиум и во МАНУ на иста тема. На двата симпозиума се презентирани резултатите од истражувањата во Стоби во 1970-1979 година. Од раководителите на проектот секоја година се печатени извештаи за работата во Стоби во American Journal of Archaelogy, во Field Archaelogy. Bo 1973 година се издадени „Стоби – водич низ античкиот град“ и три тома од Studies in the Antiquities of Stobi.
Од раководителите и соработниците се печатени повеќе научни трудови во југословенски и американски списанија како и во други земји, така што стариот град Стоби со новите откривања стана познат не само во европските археолошки центри туку и ширум универзитетите во Америка.
За целокупните резултати од истражувањата во Стоби се планирани осум поединечни томови од кои во 1993 година е излезена студијата за керамиката во Стоби. На останатите книги од оваа едиција работат повеќе стручњаци од наша и американска страна, а договорено е да излезат во издание на МАНУ и на Универзитетот во Принстон.
Датум на раѓање::29 август 1934
Место на раѓање::Норт Литл Рок во Арканзас
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2003
Email::jimw@bu.edu
Област на работа:
Д-р Михајло Дика (Mihajlo Dika)
Институции: Правниот факултет во Загреб
Биографија
Проф. д-р Михајло Дика (Mihajlo Dika) е роден на 11 февруари 1943 година во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Пула. На Правниот факултет на Универзитетот во Загреб дипломирал во 1963 година.
На истиот факултет магистрирал на постдипломските студии од стопанско право во 1970, а докторирал во 1985 година на тема „Право на тужба“.
По дипломирањето работел во Загреб, како адвокатски, а потоа како судски приправник. Во 1967 година бил избран за судија на Општинскиот суд во Пореч, каде што бил и претседател на судот (1967-1971 година). Во 1971 година бил избран за научен асистент на Катедрата за граѓанско процесно право на Правниот факултет во Загреб. За доцент бил избран во 1985, за вонреден професор во 1988, а за редовен професор во 1991 година.
Стручно се усовршувал и во странство, во Салзбург, (Centre for American Legal Studies) и во Швајцарскиот институт за споредбено право во Лозана.
Проф. д-р Дика на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб на додипломските студии предава граѓанско парнично процесно право, извршно право, вонпарнично право и стечајно право и подолг период е шеф на Катедрата за граѓанско процесно право. Предава и на постдипломските студии по граѓанско право и трговско право на Правниот факултет во Загреб, а повремено и на постдипломските студии во Будимпешта, Љубљана, Сплит, Мостар и во Скопје. Бил и декан на Правниот факултет во Загреб во периодот од 1999 до 2001 година.
Проф. д-р Михајло Дика е автор, односно коавтор на 25 книги, на над 60 научни трудови и на повеќе од 100 стручни трудови од областа на парничното, вонпарничното, извршното, стечајното и арбитражното право.
Проф. д-р Михајло Дика учествувал на бројни научни собири во земјата и во странство, во својство на референт, односно национален референт. Toj бил основач и водител на меѓународниот собир „Хрватски арбитражни денови“, во периодот 1992-2000 год, а во истиот период бил и уредник на списанието Croatian Arbitration Yearbook.
Проф. д-р Михајло Дика е член на Меѓународното здружение за процесно право, на Меѓународното здружение за компаративно право, на Хрватското арбитражно здружение и на Хрватското друштво за меѓународно право.
Проф. д-р Михајло Дика бил раководител, главен редактор или член на повеќе работни групи за изработка на закони од областа на граѓанското процесно право.
Бил секретар и потпретседател на Претседателството на Постојаниот избран суд при Хрватската стопанска комора, а во мај 2004 година, проф. д-р Дика е именуван за негов претседател.
Проф. д-р Михајло Дика е иницијатор за потпишување на Договорот за соработка меѓу Постојаниот избран суд (Арбитража) при Стопанската комора на Република Хрватска и Постојаниот избран суд (Арбитража) при Стопанската комора на Република Македонија. Toj е и арбитер на листата на арбитри на Постојаниот избран суд при Стопанската комора на Република Македонија, како и арбитер во повеќе меѓународни арбитражи.
Проф. д-р Михајло Дика бил помошник на главниот уредник на проектот „Правна енциклопедија“, чија реализација била прекината пред неговото завршување. Сега е заменик на главниот уредник на Правниот лексикон на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ во Загреб и уредник за граѓанско процесно право.
Проф. д-р Михајло Дика е претседател на Советот на „Народне новине“ А.Д. Загреб за правна едукација. Во тоа својство во периодот од 2003 година до денес организирал дванаесет советувања на различни теми од областа на правото.
Проф. д-р Михајло Дика е еден од иницијаторите за потпишување на Договор за соработка меѓу Правниот факултет во Скопје и Правниот факултет во Загреб и член на паритетната комисија за меѓусебна соработка на двата факултета. Во тоа својство, а и во својство на декан на Правниот факултет во Загреб го организирал Првиот загребачко-скопски правен колоквиум во Загреб.
Во мај 2005 година на проф. д-р Михајло Дика му е доделена титула почесен доктор на науки (doctor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки.
Датум на раѓање::11 февруари 1943
Место на раѓање::Скопје
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2009
Област на работа:
Д-р Момир Ѓуровиќ (Momir Ðurović)
Институции: Факултетот за електротехника во Подгорица и Црногорската академија на науките и уметностите
Биографија
Момир Ѓуровиќ (Momir Đurović) е роден на 7 мај 1941 година во Даниловград, Црна Гора.
Дипломирал на Факултетот за електротехника во Белград во 1964 година, магистрирал на Кралскиот колец за наука и технологија во Лондон, Велика Британија во 1970 година, докторирал на Универзитетот во Лондон во 1973 година, а во 2006 година се стекнал со почесен докторат на Универзитет за применети науки во Република Молдавија.
Својата кариера ja започнал како инженер за истражување и развој на системи за електрична енергија во „Електростопанство на Црна Гора“, каде што работел од 1965 до 1969 година, а потоа на Факултетот за електротехника при Универзитет во Белград, прво како асистент-предавач, а по докторирањето како доцент. Во 1974 година се префрла на Факултетот за електротехника при Универзитетот на Црна Гора, како вонреден професор, а назначен е и за раководител на Секторот за електротехника на Техничкиот факултет. Во 1979 година е избран за редовен професор на истиот факултет.
Во 1978 година станува првиот декан на Факултетот за електротехника во Подгорица, Универзитетот на Црна Гора и оваа функција ja извршува се до 1980 година.
Во периодот од 2001-2002 ja извршува функцијата на генерален секретар на Црногорската академија на науките и уметностите, а од 2002 година е претседател на оваа Академија.
Консултант е на многу меѓународни компании (Westinghouse, Crompton Greevs, ГЕЦ Алстхом, Феранти, Раде Кончар, ЦЕГ, Минел…), бил претседател на неколку меѓународни асоцијации, на Меѓуакадемискиот совет на ЈИЕ на националните академии, декан на одделот ВИ (природни и технички науки и животна средина) на Европската академија на науките и уметностите, Салцбург.
Научноистражувачката дејност на проф. д-р Момир Ѓуровиќ е главно насочена кон истражување на електромагнетните полиња во трансформаторите и ротирачките машини, нумеричките методи во електромагнетните полиња, индукциските машини (генератори, мотори: контрола, нови типови, мониторинг, откриваше недостатоци), алтернативните извори на енергија (ветерници), примената на микропроцесорите во контролата и заштитата на електричните машини, општи енергетски проблеми. Како истражувач оставил траен белег во развојот на научната мисла во електротехниката. Проф. Гуровиќ има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови, од кои поголемиот број се објавени во меѓународни списанија.
Во текот на својата богата кариера учествувал и координирал многу меѓународни проекти, бил ментор на многубројни магистранта и докторанти, бил надворешен рецензент за избор на редовни професори и академици (во поранешна Југославија, САД, Велика Британија).
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки.
Датум на раѓање::7 мај 1941
Место на раѓање::Даниловград
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Д-р Екмеледин Ихсаноглу (Ekmeleddin Ihsanoğlu)
Институции: Истанбулскиот универзитет и Организацијата на исламската конференција
Биографија
Екмеледин Ихсаноглу (Ekmeleddin Ihsanoglu) е роден во 1943 година во турско семејство во Каиро, Египет. Дипломирал во 1966 на Факултетот за наука на Аин Шамс универзитетот во Каиро. Во периодот 1962-1966 година работел на каталогизација на печатени и ракописни книги во Одделот за ориентални студии во Националната библиотека во Каиро. Од 1966 до 1970 година предава турски јазик и книжевност на Аин Шамс универзитетот во Каиро. Магистрирал во 1970 година на Универзитетот Ал-Асхар во Каиро.
Од 1970 до 1980 година работи како професор на Факултетот за наука на Универзитетот во Анкара, Турција, каде докторирал во 1974 година, а од 1975 до 1977 година е научен соработник на Универзитетот во Ексетер во Велика Британија. Во 1984 година го основа Одделот за историја на науките на Факултетот за писма на Универзитетот во Истанбул и е негов претседател до 2000 година, а во 2003 година е визитинг-професор на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен, Германија.
Проф. д-р Ихсаноглу е водечка личност во научниот, културниот и политичкиот живот во исламскиот свет. Toj е еминентен професор по историја на науката, на османлиската историја, култура и цивилизација.
Проф. Ихсаноглу заземал и сега има високи функции во исламскиот свет: Основач и претседател на Турското друштво за историја на науката (1980), заменик претседател на Ал Фуркан фондацијата за исламско наследство (1998), генерален директор на Исламската конференција на истражувачкиот центар за исламска историја, уметност и култура (1980-2004), секретар на Меѓународната комисија за зачувување на исламското културно наследство (1983- 2000), претседател на Меѓународната унија за историја и филозофија на науката (2001-2005), а во 2005 година е избран за генерален секретар на Организацијата на исламската конференција.
Д-р Ихсаноглу е член на многубројни меѓународни академски институции, научни друштва, комитети и одбори, а се стекнал и со почесни докторати на бројни универзитети ширум светот.
Автор е на повеќе книги, статии и трудови за историјата на науката, турската култура, за односите меѓу муслиманскиот и западниот свет и за турско-арапските односи. Автор е на книгата „Турците во Египет и нивното културно наследство“ и автор, коавтор и уредник на публикациите Историја на отоманската астрономска литература, Историја на османлиската математичка литература, Историја на османлиската географска литература, Историја на отоманската музичка литература, Историја на отоманската воена литература и Историја на османлиската држава и цивлизација.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки.
Датум на раѓање::26 декември 1943
Место на раѓање::Каиро
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Email::ircica@ircica.org
Д-р Илбер Ортајли (Ilber Ortayli)
Институции: Универзитетот во Анкара, Република Турција и Музејот „Топкапи“ во Истанбул
Биографија
Проф. д-р Илбер Ортајли (Ilber Ortayli) потекнува од семејство на кримски Татари. Во времето на Сталиновите прогони, протерани од родното место, неговите родители биле сместени во логор за бегалци во Бреген, Австрија, каде што во 1947 год. се родил Илбер Ортајли. Кога имал две години неговото семејство се преселило во Турција.
Во Истанбул завршил основно образование и австриско средно училиште. Ja завршил школата Ататурк во Анкара. Дипломирал на Факултетот за политички науки, Катедра за јазик, историја и географија на Универзитетот во Анкара.
Постдипломски студии работел под менторство на проф. д-р Халил Иналџик. Магистрирал на Универзитетот во Чикаго.
Зборува турски, отомански, татарски, германски, арапски, француски, персиски и англиски јазик.
Докторирал во 1978 година на Факултетот за политички науки, на Универзитетот во Анкара на тема Локалната администрација во периодот на Танзиматот. По докторирањето се вработил на истиот Факултет. Во 1979 година бил избран за вонреден професор. Во 1982 година ja објавил книгата Германското влијание врз Османското царство. Во 1982 година го напуштил Факултетот за политички науки. Продолжил да предава на други универзитети во Турција, Европа и Русија. Во 1989 година се вратил на Универзитетот во Анкара, каде работи како редовен професор по историја и е шеф на Катедрата за административна историја. Од 2004 година д-р Ортајли е директор на Музејот Топкапи во Истанбул.
Има публикувано статии за османската и руската историја, посебно за градовите и историјата на јавната администрација, дипломатијата, културата и интелектуалната историја. Добитник е на наградата на Фондацијата „Ајдин Доган“ во 2001 година. Член е на Фондацијата на интернационални студии, на Турско-руската асоцијација на интелектуалци и на други научни асоцијации.
Проф. Илбер Ортајли објавил шест студии и 32 библиографски единици на англиски, германски, француски, руски и турски јазик.
Проф. д-р Илбер Ортајли е научник со широк интерес за историјата на Отоманската империја и народ. Предмет на неговите истражувања се теми од политичката и културната историја на Турција, влијанието на одредени европски сили врз политичкиот и културниот живот на Империјата. Учествувал на бројни симпозиуми во земјата и во светот.
Професор Илбер Ортајли со начинот на кој ги излага резултатите на своите истражувања се претставува како модерен турски историограф. Неговите излагања се јасни, прецизни и аргументирани.
Д-р Илбер Ортајли развојот на историските, економските, политичките и културните настани во Отоманската империја не ги третира изолирани сами за себе. За него Империјата не е изолиран остров. Без оглед на нејзиниот специфичен економски систем (османлискиот феудализам) и на карактерот на исламската култура, таа го трпи политичкото, економското и културно влијание на Европа. Впрочем, Европа исто така не била имуна на културното и политичкото влијание на Отоманската империја.
Во обемната историографска продукција на д-р Ортајли, особено внимание заслужува неговата книга „Најдолгиот век на Империјата“. Тоа дело првпат било објавено во 1983 година, а до 2000 година доживеало осум изданија. Предмет на нејзиното проучување е XIX век. Тоа е еден од најзначајните векови не само во историјата на Османлиското царство, туку и во историјата на европските и балканските народи, век на граѓански и национални револуции. Тоа е век во кој Отоманската империја брзо опаѓа, губи големи територии на кои се создаваат нови држави. Тоа е век на силно експонираните противречни интереси на големите и малите балкански земји за наследството на Отоманската империја на Блискиот исток и на Балканот.
Тезите што ги развива д-р Ортајли со оваа книга предизвикуваат интерес за компарирање со тезите на балканските историчари кои се занимаваат со појавата, развојот и афирмацијата на националните процеси на балканските народи под власта на Отоманската империја.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки.
Датум на раѓање::1947
Место на раѓање::Бреген
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2009
Email::topkapisarayi@munet.com
Област на работа:
Д-р Ендрју Росос (Andrew Rossos)
Институции: Катедрата по историја на Универзитетот во Торонто
Биографија
Проф. д-р Ендрју Росос, (Andrew Rossos) е роден на 28 февруари 1941 година во с. В’мбел/Москохори, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, Република Грција. Поради Граѓанската војна во Грција, како дете-бегалец, во 1948 година, бил префрлен во Чехословачка и живеел во детскиот дом во Соботин, каде што го завршил основното образование (1948-1954), а потоа учел во Техничката гимназија во Прага (1954-1957). Кон крајот на 1957 година, заедно со семејството се преселил во Торонто, каде што ja завршил гимназијата. Во 1963 година ги завршил студиите по историја на Мичигенскиот државен универзитет, а во 1971 докторирал на Универзитетот во Станфорд.
Се вработил на Катедрата по историја на Универзитетот во Торонто и тука ги поминал сите степени на универзитетското напредување (од предавач до редовен професор, 1967-1982). Предава современа историја на Русија и на Источна и Централна Европа и ги проучува руско-балканските врски и односи, чешката историја, балканските национализми и посебно македонското прашање и историјата на Македонија и на Македонците. Владеењето на македонскиот, англискиот, чешкиот, рускиот, грчкиот, бугарскиот, српско- хрватскиот и италијанскиот јазик и користењето на германскиот, полскиот, словачкиот и францускиот му овозможило да истражува во архивите и библиотеките во Станфорд, Њујорк, Торонто, Лондон, Москва, Прага, Виена, Рим, Белград, Софија, Солун, Атина и Скопје и да ги согледа и компетентно да ги толкува историските процеси и состојби во Македонија и за Македонците. Држи предавања на различни универзитети, учествува во меѓународни проекти и на конгреси и симпозиуми по светот и соработува во значајни зборници и угледни списанија.
Неговата библиографија од неколку илјади единици спаѓа меѓу најимпресивните со која може да се пофали еден историчар. Toj е меѓу најцитираните автори во американските и канадските универзитетски публикации.
Како капитални дела во опусот на Росос се издвојуваат: „Русија и Балканот“ – меѓубалканското ривалство и руската надворешна политика (1980), „Националната идеологија и меѓусебните војни во Неточна Европа“ (1995), „Источноевропските политики и општества“ (2000), „Југославија и нејзините историчари – разбирање на балканските војни во деведесеттите“ (2003), како и најновото дело „Македонија и Македонците, историја“ (2008) кое претставува дел од прославената серија на студии во рамките на Хуверовиот институт, што содржи повеќе дела за нациите од централна Азија и Источна Европа и ги истражува прашањата на нивните идентитети, судири, политичка и социјална организација, како и нивната модернизација. Ова дело на Росос предизвика особен интерес во светот. Употребувајќи исклучително документарна градба зачувана низ историјата, авторот ja прикажува Македонија како стратегиски и економски крстопат на севкупната балканска историја. Во оваа книга Росос ги проучува Македонија и Македонците од античките времиња до сегашни дни. Според него, т.н. македонско прашање е особено усвитено во последниве 150 години и претставува централна тема на поделениот Балкан. Соседните народи војуваат заради поседување на Македонија, негирајќи им ги правата на Македонците за свој идентитет – територијален, политички, етнички и национален.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки.
Датум на раѓање::28.02.1941
Место на раѓање::В’мбел, Костурско
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2009
Email::zcecillairossos@victorus.ca
Област на работа:
Д-р Гојко Суботиќ (Гојко Суботић)
Институции: Византолошкиот институт на САНУ и Српската академија на науките и уметностите.
Биографија
Акад. Гојко Суботиќ е еден од водечките византолози (историчари на уметноста) во Белград, произлезен од школата на Георги Острогорски. Роден е во 1931 година, а студиите по историја на уметноста ги завршил на Филозофскиот факултет во Белград.
По дипломирањето, завршил постдипломски студии на проблематиката од рамките на културата, црквата и уметноста во XIII век. Во исто време бил избран за асистент за средновековна уметност и тесно соработувал со акад. Воислав Ј. Ѓуриќ. Користел едногодишна продолжена стипендија за специјализација во Грција, каде што подолго го усовршувал познавањето на старогрчкиот (византиски) јазик, поради што престојувал шест месеци во Света Гора. По докторирањето (на тема „Охридската сликарска школа од XV век“), ja вршел функцијата директор на Музејот за применета уметност во Белград, а по изборот во професорско звање бил еден од уредниците на Зборникот на трудови на САНУ, како непосреден соработник на акад. Георги Острогорски. Потоа преминал на постојана работа во Византолошкиот институт на САНУ, каде што е и пензиониран. За дописен член на САНУ е избран во 1994 година, а за редовен во 2003 година.
Речиси една половина од опусот на акад. Гојко Суботиќ се однесува на проблематиката од македонскиот среден и доцен среден век. Негово капитално дело е „Охридската сликарска школа од XV век“, издадена на српски и македонски јазик, за која е добитник и на Октомвриската награда на град Белград. Оваа книга денес е еден од најкористените прирачници за историјата на уметноста на македонскиот народ, на балканските земји и во византологијата во целост. Во неа се обработени над дваесет споменици, главно од Македонија (вклучувајќи ja и Егејска Македонија), како и од Бугарија (особено Пиринска Македонија), за кои акад. Суботиќ констатира дека се дела на охридски мајстори и дека се инспирирани од високиот клер на Охридската архиепископија. Акад. Г. Суботиќ е автор и на монографијата „Св. Константин и Јелена у Охриду“, всушност еден од главните објекти на Охрид од XV век, во која сите композиции и фигури се подлежни на детална анализа. По покана од охридскиот Архив и Музеј, тој ги обработил сите натписи од црквата Св. Наум Охридски, потоа ги протолкувал од литургиски и историски аспект, а се објавени во монографијата „Св. Наум Охридски“, издадена во Охрид, во 1983 година. Користејќи го извонредното знаење на старогрчкиот јазик, акад. Суботиќ го предатирал (ревизија на датирањето) живописот во црквата Св. Спас и Св. Никола Болнички, двете во Охрид. Добро упатен во охридската тематика, акад. Суботиќ ги обработувал охридските светци и личности во Света Гора – во Протатон (параклис Св. Јован Претеча), а исто така и во црквите на Костур. Нему му го должиме и прецизното датирање на живописот во црквата Св. Димитрија – Марков манастир, Скопско.
Toj е автор на неколку расправи за спомениците од скопскиот регион, посебно за манастирот Св. Архангел над с. Кучевиште, Скопска Црна Гора и за црквата во с. Бањани, Скопско.
Во еден од параклисите на црквата Св. Прохор Пчињски, акад. Г. Суботиќ ги откри потписите на зографите Михаил и Евтихиј коишто во претходниот период не беа забележани. Особено е значаен неговиот прилог за живописот од Св. Никола Болнички од XV век (трем), којшто го реконструира врз основа на зачуваните фрагменти. Во поново време, акад. Суботиќ тргна по трагата на великодостојниците на Охрид од XVI век коишто отвориле црковно училиште во комплексот на Св. Богородица Перивлепта. Конечно, нему му го должиме и откривањето на најстариот портрет на св. Торги Кратовски во манастирот Св. Никола Топлички во Демир Хисар. Акад. Суботиќ долго време ja брани тезата за постоеше сликарска школа во Костур од периодот на турското владееше, со тоа што неа ja лоцира главно во с. Линотопи, а ансамблите на оваа школа ги идентификува во неколку објекти на средишните делови на Балканот.
Акад. Суботиќ има заслуги и во неговите истражувања на уметноста во Србија, но за одбележување се и неговите капитални книги за спомениците на Косово (на италијански јазик), монографијата за црквата Св. Димитрија во комплексот Пеќска патријаршија, а особено неговата капитална студија за хронологијата на сликашето на фреските во манастирот Дечани.
Акад. Суботиќ во своите студии за старата уметност во Македонка секогаш пристапувал објективно, истакнувајќи ги придонесите на Македонците во доменот на архитектурата, фрескоживописот и другите видови уметност. На сите покани од институциите во Македониja за учество на научни собири посветени на одредени јубилеи, бил присутен и учествувал со свои трудови, дури и во времето кога Српската православна црква влезе во конфликт со МПЦ. Во македонската научна јавност, во поново време, позната е неговата партципација на Охридскиот симпозиум во 2000 година, а исто така и на симпозиумот посветен на 1000-годишнината од градењето на манастирот Св. Наум Охридски, што се одржа минатата есен во организација на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скоије и на Македонската православна црква.
Акад. Суботиќ секогаш ги помагал помладите научни сили од Македонија настојувајќи да бидат објавени во белградските списании и им помагал и во исчитување на сложени грчки текстови од византискиот период и од времето на турската управа. Акад. Суботиќ е член и на интернационални асоцијации во доменот на историјата на уметноста и византологијата, секогаш кооперативен и подготвен да биде од корист во научниот напредок. Педесетгодишнината од неговото истражување и во Македонија, влијаеше оваа личност на префинето јазично чувство да го запознае и практикува и македонскиот јазик, укажувајќи им поддршка на македонските автори на меѓународните собири.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки.
Датум на раѓање::11.08.1931
Место на раѓање::Босанска Градишка
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Одделение за медицински науки
проф. д-р Жозеф Глигоров
Проф. д-р Владимир Костиќ
Област на работа:
Проф. д-р Клемент Клод Абу (Clement Claude Abbou)
Институции: Hospital Americaine, Service d Urologie, Hospital Henri Mondor, Francija.
Биографија
Роден е на 5 февруари 1943 година, во Мокнин, Тунис. Во 1968 ги завршил студиите по медицина на Парискиот универзитет, а по добивањето на специјализацијата по уролошка хирургија во Париските болници во 1969, паралелно со неговото формирање како хирург, професор Абу презел и истражувачка хируршка активност во рамките на Истражувачкиот центар во болницата Broussais, а потоа во Henri Mondor.
Повеќе негови научни публикации биле проследени со меѓународни награди, а многубројни негови патенти биле предадени и реализирани во индустријата. Во 1973 остварил едногодишен престој на Универзитетот Mac Gill во Монтреал, Канада каде се здобил со искуство во доменот на трансплантацијата, како базичната така и клиничката, па така, веднаш по неговото враќање, ја реализирал првата трансплантација на бубрег во неговата матична институција, во декември 1975, а нешто подоцна и на панкреас. После четиригодишен период како универзитетски клинички шеф, во 1984, тој е номиниран за универзитетски професор. Неговите мисии по едукација, истражувачка работа и клиничко лекување ги заокружува станувајќи Раководител на Уролошкиот Сервис при Универзитетскиот Болнички Центар Henri Mondor и превземајќи повеќе функции на Медицинскиот факултет при XII Париски универзитет Val de Marne во Creteil.
Во рамкита на својата богата професионална и научна кариера, проф. д-р. Клемент Клод Абу е универзитетски професор по уролошка хирургија на Универзитетот Вал де Марн во Париз, хирург во јавните париски болници, шеф на уролошкиот оддел на болницата Хенри Мондор во Кретеј, раководител на Онколошката група за водичот на Европската уролошка асоцијација, член на Врховниот совет на париските универзитети, член на Француската асоцијација по урологија и на бордот на Европската асоцијација по урологија како и на Светската, Американската и Германската асоцијација по урологија, шеф на неколку единици и групи при универзитети и медицински центри, а бил претседател на францускиот и европскиот конгрес на асоцијациите по урологија.
Во неговата богата научноистражувачка кариера се вбројуваат 3 медицински пронајдоци, 411 публикации во различни медицински и научни списанија од англо-саксонското и француското говорно подрачје, реализација на бројни медицински изданија и филмови (80), како и прва публикација на светско ниво за роботска хирургија во урологијата (септември 2000), после еден милион оперирани пациенти. Бил поканет како предавач на конференции и визитинг професор на универзитетите Џон Хопкисн, Колумбија, Сент Луис во САД, Монтреал и Квебек во Канада, како и на универзитети во Бразил, Шанама, Костарика, Аргентина, Перу, Чиле, Мадрид, Барселона, Амстердам, Брисел, Лајпциг, Виена, Хелсинки, Краков, Мелбурн, Сиднеј, Пет, Тунис, Казабланка, Каиро, Тел Авив, Сингапур, Јокохама, Хонг Конг.
За својата проферсионална и научна работа е добитник на бројни награди и признанија од: Американскаото здружение за внатрешни вештачки органи, Европската асоцијација по урологија, неколку први награди за видеофилм, почесен професор на Германската и Мароканската асоцијација по урологија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки.
Датум на раѓање::5 февруари 1943
Место на раѓање::Мокнин
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2015
Email::claude@abbou.com
Област на работа:
Проф. д-р Васа Антуновиќ (Васа Антуновић)
Институции:
Биографија
Васа Антуновиќ е роден на 15 јануари 1949 година во Срнетици, општина Дрвар, БиХ. На Медицинскиот факултет во Белград дипломирал во 1973 година. По завршените студии, Васа Антуновиќ завршува постдипломски студии на Медицинскиот факултат во Белград и во 1978 година го брани магистерскиот труд под наслов Клиничка слика и дијагностика на туморите на бочните и третата мозочна комора. Докторирал во 1987 година на Медицинскиот факултет во Белград, со дисертација на тема Микрохируршко лекување на туморите на понто-церебеларниот агол со посебен осврт на зачувување функцијата на зафатените кранијални нерви.
Во Институтот за неврохирургија се вработува во 1974 година и работи сè до своето пензионирање во 2014 година. Својата наставна активност, како редовен професор по предметот неуронаука ја продолжува на Државниот универзитет во Нови Пазар. Од изборот за асистент-приправник на Медицинскиот факултет во Белград во 1979 година ги поминал сите редовни избори во повисоки звања, а во 1997 година е избран во звањето редовен професор по предметот неврохирургија.
Специјалистичкиот испит по неврохирургија, го завршува во 1980 година. По отворањето на Угентниот центар на КЦ во Србија е назначен за началник на Оделението за неврохирургија, а потоа и за помошник директор на Институтот за неврохирургија. Од 1992 година до 1995 ја извршува функцијата директор на Институтот за неврохирургија на КЦС, а од 1993 до 1998 година е медицинаски директор и заменик генерален директор на Клиничкиот центар Србија. Бил и началник на одделение во Институтот за неврохирургија на КЦС и советник директор на Институтот за неврохирургија на КЦС.
Во рамките на своите професионални активности д-р Антуновиќ бил член на Интернационалниот издавачки совет на списанието Chirurgia Neurologica, на редакцискиот одбор на списанијата Acta traumatologica Serbica, Acta Chrurgica Iugoslavica и Chirurgia Urgens, на International Advisory Board European Journal of Emergency Surgery како и на Acta Chirurgica Mecadonica. Д-р Васа Антуновиќ бил претседател на Здружението на неврохирурзи на Југославија, делегат во Извршниот комитет на Европската асоцијација на неврохируршките друштва (EANS), а од 1992 до 2002 година член на Извршниот комитет на Светската федерација на неврохируршки друштва (WFNS). Како претседател на Организациските одбори/комитети организирал неколку конгреси и интернационални конференции. Во периодот од 2007 до 2011 година д-р Антуновиќ ја извршувал функцијата претседател на Секцијата за неврохирургија на Српското лекарско друштво. Тој е член на и на Извршниот комитет на Southeastern European Neurosurgical Society. Д-р Васа Антуновиќ е член на Српското лекарско друштво, на Здружението на неврохирурзи на Југославија, на Научното друштво на Србија, на Американската асоцијација на невролошки хирурзи (AANS), на Американскиот конгрес на невролошки хирурзи (CNS) и на European Society of Neurooncology.
Во рамките на својата професионална и научна работа д-р Васа Антуновиќ повеќепати претстојувал во позанти светски универзитетски неврохируршки клиники: UC San Francisco, UC Los Angeles, Mt Sinai Hospital, New York University Hospital, University HNO Нospital Zurrich, National Hospital, London, L`Hopital Neurochirurgical Lyon. Тој исто така завршил и курсеви за микрохирургија во Клиничкиот центар во Љубљана и во Неврохируршката клиника во Хановер. Д-р Антуновиќ бил косултат за неврохирургија во Клиничките центри во Крагуевац, Подгорица и Бања Лука, Ниш и Скопје, а воедно има звање на визитинг професор на Универзитетот во Крагуевац, на Универзитетот во Verona Италија и на University of Southern California, Los Angeles, звање редовен професор на Медицинскиот факулктет во Бања Лука и одговорен наставник за предметот неврохирургија на Медицинскиот факултет во Подгорица.
За својата богата професионална и научна работа проф. д-р Антуновиќ е добитник многубројни награди и признанија: Плакета на Неврохируршката клиника за придонес во хируршкото лекување на туморите во понто-церебеларниот агол во 1988 година и Плакета за животен допринос по повод 90 години неврохирургија во Србија и 75 години од основањето на Неврохируршката клиника на КЦ Србија. Како коавтор е добитник на наградата “Collumela award” за најдобар труд на Интерна¬ционалната конференција за невро-трауматологија во 1996 година во Италија. Исто така е добитник на златна плакета на Заводот за издавање на учебници на Србија 1997 година. Добитник е и на награда на Фондација Браќа Кариќ од областа наука за 2002 година. Во 2014 година го добива признанието Витез на медицината во Србија.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки.
Датум на раѓање::15 јануари 1949
Место на раѓање::Срнетици, општина Дрвар
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2015
Област на работа:
Д-р Ендрју Дворк (Andrew Dwork)
Институции: Одделот за патологија и невропатологија на Психијатрискиот институт на Универзитетот Колумбија во Њујорк
Биографија
Ендрју Дворк (Andrew Dwork) е роден на 10 август 1951 година во Њујорк, каде што е денес професор по патологија и невропатологија и директор на Одделот за патологија на психијатрискиот институт на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Д-р Дворк потекнува од семејство на врвни интелектуалци.
Неговиот татко, Бернард Дворк е еден од славната група математичари од средината на XX век, професор по математика на Универзитетот Принстон, како и на Универзитетот во Падова.
Д-р Дворк дипломирал на Колеџот на Универзитетот Колумбија во Њујорк и по специјализацијата по патологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија, бил задржан како асистент, а денес е професор по патологија и директор на Одделот за патологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија, како и директор на Одделот за патологија на Психијатрискиот институт на државата Њујорк.
Покрај професорските обврски, д-р Дворк е активен член на осум професионални организации, уредник и рецензент во десетина научни списанија, меѓу кои и на две во Македонија (Прилози на ОБМН на МАНУ и Macedonian Journal of Medical Sciences), рецензент на научните проекти доставени до Националниот институт за здравје на САД, ментор на десетици магистранти и докторанти, меѓу кои и на поголем број македонски научници.
Преку грантовите на професор Ендру Дворк на Универзитетот Колумбија во Њујорк предмедицински, постдипломски, докторски и постдокторски студии посетувале 18 македонски научници.
Во изминатите 15 години, д-р Дворк остварува интензивна научна соработка со институтите (Судска медицина и форензика, Патологија, Анатомија) и со клиниките (Психијатрија, Неврологија, Гинекологија) на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и со психијатриските болница во Скопје, Демир Хисар и Негорци. Оваа соработка е финансирана од проекти добиени преку Националниот институт за здравје на САД и Фогарти фондацијата. Преку МАНУ се реализираат проектите Macedonian Center for Ultrastructural Studies in Schizophrenia, Fogarty – NIMH (2008— 2011); Golgi Studies of Schizophrenia, NIMH (2011-2015) и Building schizophrenia research in Macedonia, Fogarty – NIMH (2012-2016).
Д-р Дворк e автор на стотина peer review научни трудови кои се цитирани 2600 пати.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки.
Датум на раѓање::10 август 1951
Место на раѓање::Њујорк
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Email::ajd6@columbia.edu
Област на работа:
Д-р Хорст Клинкман (Horst Klinkmann)
Институции: Универзитетот во Росток, Германија, International Faculty of Artificial Organs, Берлинската академија на науките и Германската академија за природни науки „Леополдина”.
Биографија
Д-р h.c. Хорст Клинкман (Horsrt Klinkmann) е роден на 7 мај 1935 година во Тетероњ, Германија. Дипломирал на Универзитетот во Рошток во Германија. Постдипломските студии се одвивале на Универзитетите во: Рошток, Германија, Лунд, Шведска и Глазгов, Велика Британија.
Од 1969 до 1971 година работел како професор истражувач на Универзитетот во Јута, САД.
Од 1971-1993 раководи со Одделот за интерна медицина на Универзитетот во Рошток.
Член е на Берлинската академија на науките и Германската академија за природни науки „Леополдина“. Исто така член е и на многу други академии меѓу кои: Белгиската академија за медицински науки, Њујоршката академија на науките, Меѓународната академија за медицински науки, Женева/Њу Делхи и други. Проф. Клинкман е претседател на Меѓународното здружение за вештачки органи (ISAO) и декан на International Faculty of Artificial Organs (INFА) составен од 14 универзитети од Европа, Америка и Азија, кои едуцираат високостручни кадри од областа на вештачките органи.
Toj е медицински директор на Focus Medical Hospitals и претседател на бордот Bio Con Valley, асоцијација на повеќе од 50 научни институти од областа на биотехнологијата и биомедицината.
Проф. Клинкман сам и во соработка со други автори има напишано голем број книги и статии (повеќе од 600) што се публикувани во светски списанија.
Toj е еден од водечките светски научни работници во изучувањето на вештачките органи, особено вештачкиот бубрег и разни видови на пречистување на крвта.
Проф. Клинкман дал придонес и за развојот на нефрологијата во Република Македонија. Како признание за придонесот тој е избран за почесен професор на Универзитетот ,.Св. Кирил и Методиј“ како и за почесен член на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.
Датум на раѓање::7 мај 1935
Место на раѓање::Тетеров
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2003
Email::hocliro@compruserve.com
Област на работа:
Д-р Рајнер Инго Петер Коц (Rainer Ingo Peter Kotz)
Институции: Клиниката за ортопедска хирургија во Виена
Биографија
Проф. д-р Рајнер Инго Петер Коц, директор на Клиниката за ортопедија и ортопедска хирургија во Виена, Австрија, е роден на 28 февруари 1941 година во Виена.
Од 1947 до 1951 година посетувал основно училиште, а од 1951 до 1959 година гимназија во Виена.
Во 1960 година се запишал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Виена и го завршил со одличен успех. Во 1967 година се стекнал со диплома доктор по медицина.
Пред да се посвети на својата животна преокупација – ортопедијата, имал стаж и во други медицински дисциплини за да може потемелно да се посвети на ортопедијата. Бидејќи преокупација му била ортопедијата, од 1967 до 1968 година спровел турнус по општа хирургија на Хируршката клиника во Виена под водство на Р. Јелинек. Хируршкиот стаж го завршил со огромна воодушевеност и проф. д-р Р. Јелинек му понудил по завршувањето на турнусите на другите медицински дисциплини да се врати на хируршката клиника, каде што за него вратите останале отворени.
Од 1968 до 1969 година спроведува турнус по интерна медицина на Медицинскиот факултет во Виена. Таа светски позната клиника под водството на проф. д-р X. Јесерер, во голема мера ги проширила неговите сознанија по интерна медицина, кои подоцна многу му помогнале во совладувањето на ортопедската хирургија.
Од 1969 до 1970 година спровел турнус по инфективни болести на Инфективната клиника при Медицинскиот факултет во Виена под водство на проф. д-р Бауер. Во 1970 година спровел турнус на Детската клиника во Виена, под водство на европски познатиот проф. д-р В. Свобода. Престојот на Детската клиника многу му помогнал во совладуваньето на подоцнежните проблеми од областа на детската ортопедија и детската ортопедска хирургија. Понатаму, во својата професионална дејност, неговите сознанија им помогнале на многу деца во Австрија и Европа. Во 1970-1971 година спровел турнус на Невролошката клиника при Медицинскиот факултет во Виена, под водство на проф. д-р Tschabitscher. Во истиот период извесно време поминал на Психијатриската клиника, водена од прочуениот проф. д-р Бернер.
По остварувањето на наведените турнуси, почнала да се остварува неговата животна желба – започнувањето на специјализацијата по ортопедски болести. На Ортопедската клиника при Медицинскиот факултет во Виена, под водство на проф. д-р К. Chiari, престојувал од 1970 до 1974 година. Покрај проширувањето на своите теоретски знаења, тој ги совладал и хируршките методологии.
Во 1974 година д-р Коц веќе бил легитимен специалист по ортопедија и ортопедска хирургија. За така вреден и образован специјалист, нормална била понудата натамошната активност да ja остварува на истата Клиника. При крајот на истата година, проф. д-р Рајнер Инго Петер Коц веќе бил избран за асистент.
Оваа Клиника во Европа е позната по Одделот за коскени тумори. Оваа изразито тешка казуистика претставувала голема провокација за д-р Коц. Toj се посветил на решавањето на изразито тешките проблеми во областа на коскените тумори. Успесите во работата довеле до негов избор на шефовско место на Одделот за тумори при Клиниката.
На 18 јуни 1979 година, ja одбранил хабилитацијата од областа на коскените тумори во ортопедската хирургија и е избран за вонреден професор по ортопедија на Универзитетот во Виена.
По пет години напорна работа, занимавајќи се со теоретска и практична работа, објавувајќи трудови во европски и светски списанија, е избран за редовен професор по ортопедија на Медицинскиот факултет во Виена. По неколку месеци од изборот за редовен професор, понудено му е директорско место на Ортопедската клиника, на кое е избран во јуни 1984 година, функција што ja врши се до денес.
Покрај редовната напорна хируршка работа, проф. д-р Рајнер Инго Петер Коц пројавува активности и во повеќе струнни и научни професионални асоцијации. Toj е познат не само во Австрија и Европа, туку и во целиот свет. Со акламација е избран за претседател на Австриското друштво за ортопедија и ортопедска хирургија, што ja извршувал од 1988 до 1989 година.
Европската асоцијација за мускулоскелетна и онколошка медицина, во 1990 година го избрала за свој претседател. Таа функција ja вршел до 1993 година. На Виенската академија за медицински науки, под чија контрола се развива австриската медицинска наука, е избран во 1992 година. Во 1995 година, тој веќе бил претседател и на Асоцијацијата за усовршување и развој на научната миела на Универзитетот во Виена.
Германската асоцијација за ортопедија и трауматологија, ценејќи ги неговите стручни и научни квалитети и достигнувања, во 1997 година го избрала за свој претседател. Во истата година, станал национален делегат на Интернационалната светска асоцијација за ортопедска хирургија и трауматологија.
Од 1989 во наредните 10 години членувал во Европската научна асоцијација, каде што со својата активност дал голем придонес за развојот на научната мисла во Европа и пошироко. Од 1990 до 1993 година проф. д-р Коц бил потпретседател на Светската асоцијација за ортопедска хирургија и трауматологија. По три години станал и претседател на истата Асоцијација. Таа функција ja вршел до 2000 година, кога е назначен за почесен претседател на таа Асоцијација. Во 2003 година станал сенатор по медицина на Универзитетот во Виена, каде што се уште ja врши таа функција. Во 2004 година станал претседател на Австриската асоцијација по општа и ортопедска хирургија, подоцна станал и нејзин почесен претседател, функција што ja врши до денес.
Со својата плодна работа, проф. д-р Рајнер Инго Петер Коц стана големо европско и светско име. Држи предавања во повеќе европски центри, каде што е избиран за почесен член во разни асоцијации, а носител е и на голем број награди и признанија.
Проф. д-р Рајнер Инго Петер Коц има многу големи заслуги и за развојот на македонската ортопедија и ортопедска хирургија. Многу наши кадри се здобиле со современи струнни и научни сознанија во неговата Клиника и многу тешки случаи од нашава Република биле испратени во Виена и со успех оперирани од проф. д-р Рајнер Инго Петер Коц. Toj на повеќе начини ja прикажал својата голема љубов спрема нашава Република, нашите лекари и нашиот народ. Toj доаѓал и во нашиот главен град и вршел хируршки интервенции на Клиниката за ортопедија и ортопедска хирургија. Во Македонската академија на науките и уметностите има одржано предавање во февруари 2001 година на тема „Триесетгодишни искуства во хируршкиот третман на коскените тумори“. И денес одржува контакта со своите колеги од Република Македонија.
Членството во Македонската асоцијација за ортопедија и трауматологија од 1997 година претставува најголема радост и сатисфакција за неговата љубов кон Македонија и македонскиот народ.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за биолошки и медицински науки.
Датум на раѓање::28 февруари 1941
Место на раѓање::Виена
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Област на работа:
Д-р Горазд Росоклија
Институции: Одделот за невропатологија на Клиниката за психијатрија на College of Physicians and Surgeos of Columbia University, New York.
Биографија
Д-р Горазд Росоклија е роден во Скопје на 21 април 1949 година, каде што ги завршил основното и средното образование. Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го завршил во 1976 година. Се посветува на изучувањето на невролошките и на психијатриските болести. По завршувањето на лекарскиот стаж (1976- 1977), се вработил на Клиниката за невропсихијатрија при Клиничкиот центар на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што ja завршил специјализацијата по невропсихијатрија. За асистент на Клиниката за невропсихијатрија е избран во 1978 година. Една година (1985-1986) се усовршувал од областа на невропатологијата и невроимунологијата, во светски познатата лабораторија за невропатологија на болницата Salpetriere, Париз (Laboratoire de Neuro-pathologie Raymond Escourolle, Höpital de la Salpetriere, Universite Pierre et Marie Curie – Paris VI).
По враќањето од Париз во Скопје, на Клиниката за невропсихијатрија при Медицинскиот факултет формира лабораторија за невроимунологија и имунопатологија, која ja раководел од 1987-1992 година. Докторската дисертација на тема: „Карактеризација на лимфоцитните поттипови во мозочното ткиво, ЦСТ, и во крвта кај пациента со мозочни тумори и нивното значење за прогнозата и третманот“ ja одбранил со одличен успех во 1990 година. Петата година е избран за доцент при Катедрата за невропсихијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Вљубеникот во невроимунолошките иследувања и психијатријата реши истите да ги продолжи на светски познатиот универзитет Колумбија во Њујорк, САД, во одделите за невроимунологија, невропатологија и психијатрија на College of Physicians and Surgeons of Co-lumbia University, New York, N. Y. USA.
Работејќи напорно и постојано со своите колеги од САД, особено со професорите Norman Latov, J. John Mann, Andrew J. Dwork и Serge Przedborski, д-р Горазд Росоклија се афирмирал и се докажал во САД, а и пошироко како водечки истражувач од подрачјето на невропсихијатријата со потекло од нашата земја.
Од 1998-2005 година тој е доцент по психијатрија, а од 2006 година е вонреден професор за клиничка психијатрија на Department of Psychiatry, College of Physicians and Surgeous of Columbia, University, New York, N.Y., USA.
Од 1998 година досега тој е заменик директор на Одделот за невропатологија при Клиниката за психијатрија, на College of Physicians and Surgeous of Columbia University, New York, N. Y.
Д-р Росоклија e автор и коавтор на бројни трудови базирани врз неговите научни истражувања.
Член е на Македонската асоцијација на невролозите и психијатрите, на Европското невролошко друштво, на Американската академија за неврологија, на Американската асоцијација на невропатолозите, на American Society for Neuroscience, на Schizophrenia International Research Society и на Adaptive Ski Foundation (USA).
Д-р Росоклија како автор и коавтор досега има публикувано 30 трудови во познати светски невропсихијатриски и други списанија. Тие се цитирани вкупно 539 пати. Со 52 апстракти учествувал на навролошки состаноци, симпозиуми и конгреси.
Додека бил во Р. Македонија, во периодот од 1975 до 1998 година публикувал 35 статии и апстракти, главно во македонски и југословенски списанија од областа на невроимунологијата, невропатологијата, неврофизиологијата и психијатријата.
Д-р Росоклија има остварено три базични научни придонеси. По хронолошки ред, тие се:
- Демонстрација дека дијабетичната невропатија се создава со активацијата на комплементот, што овозможи успешен третман на оваа состојба со интравенозни имуноглобулини.
- Демонстрација дека постои голема загуба на дендритични иглички во субикулумот кај шизофренијата, што евентуално може да доведе до невропатолошка класификација на главните психијатриски заболувања.
- Развој на прв метод за конзистентна Голџиева импрегнација на мозочно ткиво кај човекот и експерименталните животни, со што ќе се олесни иследувањето не само на психијатриската невропатија, туку, потенцијално, исто така и кај другите состојби, како што се болеста на моторниот неврон и болеста на Huntington, кај кои кортикал- ните компоненти не се добро иследени.
Ова се фундаментални придонеси чие значење широко се препознава низ целиот свет.
Д-р Росоклија ja создаде колекцијата на мозочно ткиво помеѓу Македонија и Државниот психијатриски институт на Њујорк. Оваа колекција е основа за истражувачки проекта во Европа и САД. Д-р Росоклија е клучна личност во реализацијата на овој сложен, колосален проект, кој е од значење за македонската наука. Д-р Росоклија е врвен едукатор на млади научни кадри од Република Македонија и светот, кој со своето учество на најпознатите невролошки, психијатриски и невропатолошки конгреси ги шири и несебично ги дели своите достигнувања.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за биолошки и медицински науки.
Датум на раѓање::21 април 1949
Место на раѓање::Скопје
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Област на работа:
Д-р Феликс Унгер (Felix Unger)
Институции: Европската академија на науките и уметностите.
Биографија
Феликс Унгер (Felix Unger) е роден на 2 март 1946 година во Клагенфурт, Каринтија, Австрија.
Дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Виена во 1971 година.
Постдипломски студии посетувал на Универзитетската кардиолошка клиника (1971-1972) и на Универзитетската хируршка клиника (1972-1977) во Виена. Хабилитирал на Универзитетската хируршка клиника во Виена во 1978 година, а со почесни докторати се стекнал и на Универзитетите во Будимпешта, Темишвар, Токио, Марбург и Рига.
Од 1971 година работи на Медицинскиот факултет во Виена, прво како асистент, па доцент, и од 1983 година како редовен професор по хирургија.
Од 1985 година е директор на Универзитетската клиника за кардиохирургија на Универзитетот „Парацелус“ во Салцбург.
Во 1990 година е назначен за директор на Европскиот институт за срце, а во 2001 година за директор на Европскиот институт за медицина.
За својот професионален и научен придонес во области на кардиологијата е носител на голем број награди и признанија.
Покрај професионалната и научната работа проф. д-р Унгер се пројавува и како значаен општественик и учесник во работата на Европската комисија во области на здравството.
Проф. д-р Феликс Унгер е основан и претседател на Европската академија на науките и уметностите со седиште во Салцбург (1990), а за надворешен член е избран во повеќе странски академии: во Академијата на науките и уметностите во Северна Рајна, Вестфалија, во Латвиската академија на науките и уметностите, во Словенечката академија на науките и уметностите, во Српската академија на науките и уметностите, Германската академија за природни науки „Леополдина“ и во Њујоршката академија на науките. Toj е назначен за амбасадор на австрискиот Црвен крст и член на многубројни меѓународни научни и стручни организации и асоцијации.
Акад. Феликс Унгер, како претседател на Европската академија на науките и уметностите, постојано беше во контакт со членовите на МАНУ и три пати престојуваше во Република Македонија.
Првиот пат (2007) беше гостин на МАНУ и одржа предаваше за улогата на Европската академија на науките и уметностите и за можностите за соработка со МАНУ, во мај 2011, беше покровител на 4-тата интернационална конференција за претприемништво, иновации и регионален развој, а во јануари 2012 година, акад. Унгер беше гостии на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, при што се одржа состанок и со членовите на МАНУ и беше потпишан Договор за научна соработка меѓу Европската академија на науките и МАНУ.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за медицински науки.
Датум на раѓање::2 март 1946
Место на раѓање::Клагенфурт
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Одделение за природно-математички и биотехнички науки
Област на работа:
проф. д-р Панче Наумов
Институции: New York University, New York University Abu Dhabi
Биографија
Панче Наумов е роден во 1975 година во Штип. Завршил студии по хемија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1997 година, со просечен успех 9,96, како најдобар студент во генерацијата. Докторските студии ги завршил во 2004 година на Институтот за технологија во Токио (Tokyo Institute of Technology) во Јапонија под менторство на професор Јуџи Охаши (Yuji Ohashi), еден од најпознатите експерти од областа на кристалографијата во светот и претходен претседател на Интернационалната унија за кристалографија. По дипломирањето, во периодот 1998 – 2000 година, работел како асистент на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Помеѓу 2006 и 2009 година бил насловен доцент на ПМФ, а од 2009 година е насловен вонреден професор на истиот Факултет.
По докторирањето во Токио во 2004 година, работел како истражувач во јапонскиот Национален институт за материјали (National Institute for Materials Science (2004 – 2007). Во овој институт оформил нова лабораторија за испитување на феномени во цврста фаза, а истовремено работел и на двата јапонски синхротрона, SPring-8 и Photon Factory (KEK). Во 2007 година бил назначен за вонреден професор на Универзитетот во Осака (Osaka University) каде што бил лидер на мала, но прилично активна истражувачка група (2007 – 2011). Потоа бил вонреден професор на Универзитетот во Кјото (Kyoto University), на Институтот за хемиски истражувања (2011 – 2012). Во 2012 година добил понуда од Универзитетот во Њујорк, каде што бил примен како вонреден професор. Во 2017 година добил постојан договор, а во 2020 година бил назначен за професор. Од 2021 е и професор на Институтот за молекулски дизајн во Одделот за хемија при Универзитетот во Њујорк.
Институцијата во којашто сега работи е Универзитетот во Њујорк (New York University) каде што е редовен професор во Одделот за наука и математика во кампусот во Абу Даби (New York University Abu Dhabi) и во Одделот за хемија при Универзитетот во Њујорк (New York University). Иако неговото образование е од полето на хемиските науки, областа на научен интерес му е во доменот на науката за материјалите, а особено хемијата на цврста фаза, динамични молекулски цврсти супстанци, паметни материјали за конверзија на енергија со примена во електрониката и меката роботика.
Заклучно со март 2022 година, проф. Панче Наумов има објавено 251 научни и прегледни трудови. Според базата SCOPUS трудовите му се цитирани 7409 пати со Хиршов индекс 45. Од вкупниот број на неговите објавени научни трудови, над 50 труда се со македонски автори. Овие публикации вклучуваат и такви што се објавени во некои од врвните хемиски списанија, како што се the Journal of the American Chemical Society (IF 15.4; 23 публикации), Angewandte Chemie (IF 15.3; 12 публикации), Nature Chemistry (IF 24.4; 3 публикации), Nature Reviews Chemistry (IF 34.0; 1 публикација), Nature Communications (IF 14.9; 4 публикации), Proceedings of the National Academy of Sciences of the USA (IF 11.2, 1 публикација), Advanced Materials (IF 30.8; 2 публикации), Chemical Communications (IF 6.2; 12 публикации), Chemical Science (IF 9.8; 4 публикации), Advanced Functional Materials (IF 18.8; 1 публикација), и други. Дури 19 од овие публикации се избрани за насловните страници на соодветните списанија со високо светско реноме. На пример, во списанија како што се Nature Reviews Chemistry (2021), Chemical Reviews (2015), Journal of the American Chemical Society (2013, 2020), Angewandte Chemie (2013, 2014, 2015, 2018, две во
2021), Inorganic Chemistry (2022), Chemical Science (2013, 2019, 2020), Advanced Materials (2020, 2022), Chemical Communications (2006, 2007, 2016) и CrystEngComm (2014, 2018). Оваа исклучителна научна активност е резултат на професионален, конструктивен, инклузивен и активен пристап којшто проф. Наумов го негува во неговата истражувачка група, како и добрата подготовка и искуство на членовите на групата, посветеноста на истражувачите, како и нивниот ентузијазам и способност. Резултатите од истражувања на проф. Панче Наумов се честопати опишувани во научно-популарни списанија или портали. Од особена важност се две статии објавени во списанието Chemical Reviews, едно од водечките прегледни хемиски списанија, чијшто фактор на влијание е 60.6 (2021).
Подрачјето на научните истражувања на проф. Наумов е пошироката област на науката за цврста фаза, со посебен интерес во дизајнот, синтезата, карактеризацијата, оптимизацијата и имплементацијата на паметни материјали. Науката за материјалите е една од најбрзорастечките области во науката, воопшто, а искуството со подготвување, карактеризација, оптимизација, моделирање и имплементација на нови материјали со предвидливи, корисни и конкретни својства со намена за конкретни примени во практиката е една од основните компоненти во таа насока. Четирите главни области на научниот интерес на проф. Панче Наумов се однесуваат на: кристални материјали, фотокристалографија, биолуминесценција и петролеомика (наука за нафтата). Во центарот на неговите истражувања се нови паметни материјали со необични својства, а особено нов тип материјали на динамични материјали што ги открива во неговите лаборатории. Некои од овие материјали сега се сметаат како основа за ефективна и контролирана претворба на еден вид енергија во друг, а особено на светлина или топлина во механичка работа. За овие материјали се смета дека претставуваат основа како алтернативен начин за конверзија на енергија.
Овде посебно заслужуваат да се споменат ултрабрзите фазни трансформации во цврста фаза, супереластични кристали, пластични кристали што може да се деформираат, саморепарирачки кристали, органски материјали со мемориски ефект, органски мартензитни материјали, механичка деформација на материјали, биогенски или патолошки кристали коишто се важни за медицински цели, и суперхидрофобни материјали што можат да се чистат без надворешна интервенција. Неговите истражувања во врска со таканаречените салиентни кристали (материјали коишто можат да ја променуваат својата структура на кратка временска скала) се особено добро оценети и препознаени од меѓународната научна јавност. Овие материјали, коишто претставуваат нова, неистражена категорија молекулски кристали, имаат способност за брза претворба на енергија во механичка работа или движење, и можат да извршуваат корисна работа. Тие сега се препознаени поради нивните невообичаени својства и се разгледуваат како материјали за примена во органската електроника и оптика, медицината, за паметни направи или сензори, како и за примена во меката роботика. Некои од овие материјали сега се тестираат како основа за активен медиум за безбедни литиумови батерии, цврсти прекинувачи, лесни органски оптички кабли за пренос на информации, како и за многу други примени.
Според националната статистика на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде што се наоѓа истражувачката лабораторија на д-р Наумов, неговата истражувачка група е водечки тим според квалитетот и квантитетот на објавените резултати од областа на хемијата. Според оваа база, неговата група продуцирала околу 45 % (2015), 50 % (2016), 37 % (2017), 42 % (2018), 42 % (2019) и 29 % (2020) според бројот на објавени трудови во државата во списанија со висок фактор на влијание. Во однос на фрaкцискиот индекс, којшто го одразува уделот од истражувањата во самата држава (без соработници од странство), неговите трудови се 63 % (2015), 70 % (2016), 43 % (2017), 37 % (2018), 59 % (2019) и 56 % (2020) од целокупната активност во ОАЕ. Од публикуваните трудови, повеќе од 120 труда се објавени од 2012 година кога Наумов започнал да работи во кампусот во Абу Даби, а повеќе од 70 труда се објавени во списанија што се дел од базата Nature Index. Наумов има објавено посебни поглавја во четири книги или монографии и два лабораториски прирачника.
Во 12-годишниот успешен и плодотворен престој на д-р Наумов во Јапонија, неговата научно-истражувачка работа била спонзорирана со грантови од три институции: Интернационалниот центар за млади научници (International Center for Young Scientists, ICYS) при јапонскиот национален институт за материјалите (National Institute for Materials Science, Глобалниот центар за одличност (Global Center of Excellence) при Универзитетот во Осака (Osaka University), како и од страна на Институтот за хемиски истражувања (Institute for Chemical Research) во Универзитетот во Кјото (Kyoto University). Од 2012 година неговата научноистражувачка работа е спонзорирана од самиот Универзитет во Њу Јорк. Оваа финансиска поддршка моментно вклучува околу пет позиции за пост-докторанти или истражувачи, како и значителна сума на средства за истражувања, материјални трошоци, патувања за учество во конференции и за лабораториски инструменти. Во текот на изминатите пет години, истражувачката група на д-р Наумов успеала да добие 3.6 милиони долари за спонзорирани проекти, од коишто 3.15 милиони долари од надворешни спонзорства. Заедно со стартап грантовите во Јапонија и ОАЕ, спонзорството за неговите истражувања досега достигнуваат повеќе од 12 милиони долари.
За истакнување е дека некои од надворешните спонзори на истражувањата на д-р Наумов се Националната компанија за нафта на Абу Даби (Abu Dhabi National Oil Company, ADNOC), Едукативниот совет на Абу Даби (Abu Dhabi Education Council, ADEC, скоро преименуван во Abu Dhabi Department of Education and Knowledge, ADEK). Д-р Наумов бил главен раководител на меѓународен проект со истражувачи од Германија и Франција спонзориран од страна на Human Science Frontier Program Organization (HFSPO) којшто се однесува на хемиски аспекти на биолуминесценцијата кај светулките. Раководел и со проект спонзориран од UAE National Research Foundation на ОАЕ којшто е во врска со дизајн и апликација на суперхидрофобни површини. Д-р Наумов има добиено и средства за два проекти од внатрешните фондови на Њу Јорк универзитетот во Абу Даби, како и неколку помали проекти во Јапонија и во ОАЕ.
На научни конференции и други научни манифестации проф. Наумов презентирал резултати од научни истражувања повеќе од 340 пати, а исто така има одржано околу 80 предавања по покана на конференции, како и 82 предавања и семинари по покана во разни академски институции низ целиот свет. Проф. Наумов организирал вкупно 8 меѓународни научни конгреси (Абу Даби-2015); конференции (Абу Даби-2016 и 2018); симпозиуми (Хонолулу на Хаваите-2015); микросимпозиуми (31. Европски конгрес за кристалографија, Овиедо, Шпанија, 2018; 22. Конгрес на Генералното собрание на Интернационалната унија за кристалографија во Мадрид, Шпанија, 2011); серија семинари (на Харвард универзитетот во САД и на Њујорк универзитетот во Абу Даби, OAE).
Најзначајни од нив се двете конференции за науката на материјалите што ги организирал во последните години: The First and the Second Middle-Eastern Materials Science Conference во 2016 (22 – 24 март) и во 2018 (12 – 14 ноември). И двете конференции, коишто се поддржани од Институтот при NYUAD, сега прераснаа во еден од најважните конференции во ОАЕ во областа на наука за материјалите. На овие конференции учествувале голем број истакнати научни предавачи и уредници на научни списанија, околу 40 во првата конференција и околу 30 во втората конференција. Овие научни конференции имале цел да бидат основа за зближување на научната заедница на ОАЕ со истакнати странски истражувачи, особено тие што работат во областа на науката за материјалите. Во април 2020 година, проф. Наумов одржал специјално предавање, т.н. Gerhard Schmidt memorial lecture, во Институтот Вајцман (Weizmann Institute of Science) во Израел. Ова годишно предавање е во чест на професорот Герхард Шмит (Gerhard Schmidt) и досега го одржале педесетина предавачи, а помеѓу нив и нобеловци, како што се Dorothy Hodgkin, Vladimir Prelog, Dan Shechtman и Jean-Marie Lehn.
Проф. Наумов учествувал или во моментов е член во вкупно 18 уредувачки одбори или советодавни одбори на реномирани меѓународни научни списанија (како уредник, гост-уредник, регионален уредник, консултант, и сл.). Д-р Наумов бил рецензент на повеќе од 70 научни списанија и за повеќе од 350 труда (Прилог 1) во списанија што се објавуваат од страна на Nature Publishing Group (NPG), American Chemical Society (ACS), The Royal Society of Chemistry (RSC), Wiley-VCH, Elsevier и други издавачи. Во 2020 година бил избран за еден од 5 % најдобри рецензенти за меѓународното списание Angewandte Chemie (Општа хемија) коешто го издава германското хемиско друштво. Помеѓу 2019 и 2021 година бил дел од интернационалнот советодавен комитет на списанието CrystEngComm, коешто го издава кралското хемиско друштво на Велика Британија. За истото списание на двапати (2015 и 2018 година) бил гостин уредник на специјални броеви од списанието. Од 2021 година е член на советодавниот одбор на ова спиание, а од 2022 година е член на уредувачкиот одбор на списанието Chemistry – A European Journal, коешто го издаваат 16 европски хемиски друштва.
Од 2021 година, д-р Наумов е член на уредувачкиот одбор на гласникот на Интернационалната Унија за Кристалографија (International Union of Crystallography) што ги покрива Европа, Русија и Средниот Исток. Во 2011 година, бил гостин уредник за ова списание каде во три броја (број 2, 3 и 4 од воументот број 19, 2011 година) од истото списание и ги координирал статиите за кристалографијата во 11 држави од југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Долги години д-р Наумов е и дел од уредувачкиот одбор на македонското списание за хемија, Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineeting (MJCCE). Д-р Наумов бил и член на комисии за одбрана на докторски дисертации на поголем број докторски и магистерски трудови (Прилог 1).
Проф. Наумов е член на американското хемиско друштво (American Chemical Society), кралското хемиско друштво (Royal Society of Chemistry, RSC), Европската кристалографска асоцијација (European Crystallographic Association, ECA), Американската кристалографска асоцијација (American Crystallographic Association, ACA), Националната академија на науките на ОАЕ (Mohammed Bin Rashid Academy of Scientists, MBRAS), и Кристалографското друштво на ОАЕ (Emirates Crystallographic Society, ECS). Д-р Наумов е поранешен член и на The Optical Society of America, Crystallographic Society of Japan, The Japanese Photochemistry Association, SPring-8 Users Society, Japan Society of Coordination Chemistry и Materials Research Society of Japan. Наумов е основач и на разгранокот на Американското хемиско друштво (American Chemical Society (ACS)) за ОАЕ, како и основач на Кристалографското друштво на ОАЕ (Emirates Crystallographic Society (ECS)), член на одборот на International Society of Bioluminescence and Chemiluminescence (ISBC), член на одборот на International Conference on the Chemistry of the Organic Solid State (ICCOSS), советник на European Crystallographic Association (ECA), како и советник на International Union of Crystallography (IUCr), и на други организации.
За неговите извонредни достигнувања во истражувањата од областа не хемиските науки, д-р Наумов е добитник на бројни награди и признанија. Во 2018 година, бил избран за член на Редклиф институтот (Radcliffe Institute) на универзитетот Харвард во САД што му овозможило една година да престојува на универзитетот Харвард. Д-р Наумов е добитник и на наградата Wilhelm Bessel Research Award од фондацијата фон Хумболт (Alexander von Humboldt Foundation). Исто така, неговите резултати се наградени со Asian and Oceanian Photochemistry Association Prize for Young Scientists. Како професор на Универзитетот во Осака, д-р Нуамов добил и Global Center of Excellence (GCOE) Fellowship. Во 2019 година ја добил наградата Hans and Marlies Zimmer International Scholar Program Award од универзитетот во Синсинати, САД. Има добиено и Global Research Initiatives Fellowship од универзитетот во Њу Јорк, што му овозможил двомесечен престој во огранокот на NYU во Мадрид, Шпанија. За целокупниот придонес кон науката и образованието во ОАЕ, во 2020 година на д-р Наумов му била доделена 10-годишна (т.н. златна виза) што му овозможува подолг престој во државата како личност од посебно значење и придонес. Истовремено д-р Наумов бил избран и за еден од само 33-те членови на првиот состав на Националната академија на науките на ОАЕ, Mohammed bin Rashid Academy of Scientists.
Датум на раѓање::30 Март 1975
Место на раѓање::Штип, Македонија
Членство во МАНУ::Член надвор од работниот состав, 2022
Област на работа:
проф. д-р Наташа Јоноска
Институции: Универзитет на Јужна Флорида, Тампа, Флорида, САД
Биографија
Проф. Јоноска е родена во Скопје, Република Македонија, во 1961 година каде што дипломирала како најдобар студент во годината на Универзитетот Кирил и Методиј во 1984 година на математика и информатика. Наредната година е примена како помлад асистент на Институтот по Информатика при Природно Математичкиот Факултет во Скопје каде што останала на работа до 1988 година. Пост/дипломските студии ги започнала во Белград, сегашна република Србија, на математика со насока информатика, а брзо потоа се префрлила на посдипломски студии на Државниот Универзитет од Њу Јорк во Бингамтон во Соединетите Американски Држави. Таму станала доктор на математички науки во 1993 година во насока на симболочка динамика под менторство на Томас Хед. Од август 1993 година, професор Јоноска работи на Универзитетот на Јужна Флорида во Тампа, Флорида, како доцент до 1998 година, вонреден професор до 2005 година, па потоа како редовен професор, а од 2018 година како Назначен Универзитетски Професор. Како научен истражувач, проф. Јоноска престојувала како визитинг научник во Њу Јорк Универзитет; неколку универзитети во Франција (во Париз, Орлеанс и Мец); Универзитетот во Милано-Бикока, Италија; била назначена Van Vleck Профессор на Веслиан Универзитет (Конектикат САД), како и Blaise Pascal Professor на универзитетот во Лајден, Холандија.
Научната работа на Проф. Јоноска е означена со неколку награди и признанија. Универзитетот на Јужна Флорида ја награди со USF Presidential Excellence Award во 2003 година, и со USF Outstanding Research Award во 2015 година. Во 2007 и е доделена наградата Rozenberg Tulip Award од здружението International Society for Nanoscale Science, Computing and Engineering за нејзините достигнувања во теорискиот развој на молекуларни модели за пресметувања во три-диманзионален простор и
нивно експериментално потврдување. Во 2014 Проф. Јоноска е избрана за Fellow на најголемото научно здружение во САД American Association for Advancement of Science. Универзитетот во Лајден, Холандија, ја назначи Blaise Pascal Professor за 2015 година. Во 2021 година здружението на Флорида Mathematical Assosiation of America и го додели признанието за Distinguished College or University Teaching of Mathematics, а списанието Theoretical Computer Science издаде специјално издание во чест на нејзиниот 60ти роденден. Во 2022 Simons Foundation ја награди со престижната награда Simons Fellow in Mathematics. Научната работа на Проф. Јоноска е поддржана со многубројни проекти од National Science Foundation, National Institute of Health, Simons Foundation, W.M. Keck Foundation.
Проф. Јоноска е член на редакциски одбор на пет научни списанија: Natural Computing, Springer – Verlag; Theoretical Computer Science C, Elsevier Science; International Journal of Foundations of Computer Science, World Scientific: Computability, IOS – Press; Molecular Based Mathematical Biology, DE Gruyter; а била рецензент за многубројни списанија. Таа е член на Управувачки одбор на пет интернационални конференции а на две служела како претседател на одборот. Таа била главен ментор на 7 постдокторанти и 13 докторанти, а била испитувач или главен опонент на докторати во повеќе земји во светот вклучувајќи ги и: Австралија, Индија, Италија, Канада, Норвешка, Финска и други.
Проф. Јоноска има научен интерес во математички и информатички модели на био-молекуларни процеси, посебно реорганизација и рекомбинација на ДНК, интеракции на РНК и ДНК, процесирање на информација на молекуларно ниво, процеси на само-организација и само-соединување. Методите на нејзините истражувања се базираат на дискретна математика, (тополошка/алгебарска) теорија на графови, симболишка динамика и теорија на автомати.
Област на работа:
Д-р Рос Геген (Ross Geoghegan)
Институции: Државниот универзитет на Њујорк во Бингамтон, САД – математика (геометриска теорија на групи)
Биографија
РОС ГЕГЕН (Ros Geoghegan) е роден во 1944 година во Даблин, Ирска. Студирал на Универзитетскиот колеџ во Даблин каде што дипломирал во 1963, а магистрирал во 1964 година. Бил асистент на истиот Колеџ во 1965-1966 година. Докторирал на Универзитетот Корнел, во САД во 1970 година.
Од 1970 до 1972 година бил член на Институтот за напредни студии во Принстон, а од 1972 година до денес е вработен на Државниот универзитет на Њујорк во Бингамтон: како доцент од 1972 до 1975 година; вонреден професор 1975–1984; редовен професор 1984–2011; и бартле професор по 2011 година до денес. Исто така, ги имал и следните позиции: визитинг доцент на Универзитетот во Џорџија (1974–1975); член на Институтот за напредни студии во Принстон (1978–1979 и 1993); визитинг истражувач на Институтот за напредни научни студии (Bures-sur-Ivette), Париз (1985–1986); визитинг истражувач на Институтот за математички науки, Беркли, (1989 и 2007). Покуси студиски престои остварил и во Мексико, Полска, Југославија, Шпанија, Германија, Швајцарија, Австралија и Франција.
Основното поле на истражување на Рос Геген е топологијата. Притоа, во тоа широко поле неговиот придонес е во заемната испреплетеност помеѓу теоријата на групи и геометријата. Во текот на својата работа професор Рос Геген учествувал на голем број научни собири, семинари и колоквиуми. Објавил 70 научни трудови и една монографија, при што, според Mathematical Review, неговите трудови се цитирани 439 пати од 245 автори.
Рос Геген е член на: Американското математичко друштво, Математичкиот сојуз на Америка и на Ирското математичко друштво. Исто така, тој е член на уредувачките одбори на научните списанија Expositiones Mathematicae, Tbilisi Mathematical Journal и Topology Proceedings. Рецензент е во многу научни списанија меѓу кои се: Topology, Journal of Topolgy, Crelle’s Journal Mathematiche Annalen, Advances in Mathematics, Transactions of the American Mathematical Society. Американското математичко друштво има организирано две конференции посветени на Рос Геген, а во 199 година тој бил прогласен за Gehman предавач од страна на математичкиот сојуз на Америка. Под раководство на Рос Геген од страна на Националната фондација за наука на САД се финансирани 5 повеќегодишни проекти.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.
Област на работа:
Д-р Хари М. Сривастава (Hari M. Srivastava)
Институции: Одделот за математика и статистика на Универзитетот во Викторија, Канада.
Биографија
Д-р. Хари М. Сривастава е канадски државјанин од индиско потекло. Toj е редовен професор на Одделот за математика и статистика на Универзитетот Викторија во Канада, каде што за прв пат се вработува во 1969 година како вонреден професор (од 1969 до 1974 година) и е избран во звањето редовен професор во 1974 година. Професорот Сривастава престојувал како гостин-професор на многу универзитети во светот, меѓу другите и на Универзитетот на Западна Вирџинија (1967-1969), Давал универзитетот во Канада (1975), како и на Универзитетот Глазгов во Обединетото Кралство (1975-1976). Toj исто така остварил куси престои и на многу други универзитети и научноистражувачки установи во различни делови на светот, вклучувајќи ja и Индија.
Член е во и надвор од работниот состав (почесен) на поголем број научни друштва и академии во светот, има објавено 17 книги и монографии, поглавја во триесетина книги и енциклопедии, 706 статии во научни списанија и 36 соопштенија во зборници од меѓународни конференции. Напишал предговори за бројни книги и тематски списанија, и се јавува како уредник на поголем број книги во кои се објавени трудови посветени на познати и славни математичари. Цитати од неговите научно-истражувачки резултати се наоѓаат во многу книги и монографии од други автори, докторски десертации, како и списанија. Во моментот тој е член, главен или помошен уредник на над стотина меѓународни списанија. Написи од неговата биографија, најчесто проследени и со фотографии, се појавуваат во повеќе од педесетина енциклопедии, биографски збирки, именици и зборници.
Во четириесетгодишната научноистражувачка кариера Сривастава соработувал или објавил заеднички трудови со бројни математичари, физичари, статистичари, хемичари и астрофизичари од целиот свет.
Познати се и голем број математички концепти и објекти што го носат името на Сривастава: Сриваставините полиноми и функции. Карлиц-Сривастава полиноми, Сривастава-Букман полиноми, Сривастава-Сингал полиноми, Чан Чијан-Сривастава полиноми, Сривастава- Доуст хипергеометриски функции од повеќе променливи, Сривастава- Панда N-функции од повеќе променливи во области на трансцедентните функции, Чои-Саго-Сривастава, Јан-Ким-Сривастава и Џок-Сривастава оператори во теоријата на геометриски функции во комплексна анализа, Сривастава-Гупта оператори во теоријата на апроксимации, како и Адамчик-Сривастава методата во теоријата на аналитички броеви.
Најзначајниот придонес и резултати на Сривастава се во рамките на неговите тековни научно-истражувачки интереси: Реална и комплексна анализа; Фракционо сметање и неговата примена; Интегрални равенки и трансформации; Трансцедентни функции од повисок ред и нивната примена; q-редови и q-полиноми и Теорија на аналитички броеви.
Трудовите и соопштенијата на Сривастава се рецензирани во бројни афирмирани светски списанија.
Проф. Сривастава е поврзан со научни работници од ПМФ во заеднички трудови; со лични трудови и со трудови на негови соработници по повод јубилејни годишнини, а при излегувањето на првиот број на новооснованото списание Mathematica Macedonica основано во 2003 година од Дончо Димовски се јавува меѓу првите соработници со свој прилог. Toj пишува и заеднички трудови и со помлади македонски математичари така што оваа соработка има изгледи да се прошири и со пишување на заедничка монографија за што има предлог, како и за негово вклучување во постдипломските, односно постдокторските студии кај нас.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за математичко-технички науки.
Датум на раѓање::5 јули 1940
Место на раѓање::Карон, Утар Прадеш, Индија
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Email::hmsri@uvvmuvic.ca
Област на работа:
Д-р Шашти Хермансон (Kersti Hermansson)
Институции: Одделот за хемија – Ångström Labaratory, Uppsala University, Sweden
Биографија
ШАШТИ ХЕРМАНСОН (Kersti Hermansson) е родена на 14 февруари 1951 година во градот Мастерас во Шведска каде што ги завршила основното и средното образование, а потоа една година го посетувала Bryn Mawr колеџот во САД. Универзитетските студии ги завршила и магистрирала на Универзитетот во Упсала во Шведска. На Универзитетот во Упсала докторирала во 1984 година со докторска теза на тема Распределба на електроните во сврзана молекула од вода. Од 1984 до 1986 година била на постдокторски престој кај Dr. Enrico Clementi, во IBM Kingston во САД.
За предавач по неорганска хемија на Универзитетот во Упсала била избрана во 1986 година, за доцент во 1988, за вонреден професор во 1996 и за редовен професор на Универзитетот во Упсала во 2000 година. Во периодот од 2008 до 2012 била гостин-професор и на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм. Почесни професорски звања има на Универзитетот во Банкок во Тајланд (2005 година) и на Универзитетот во Инсбрук во Австрија (2009 година).
За член на Кралската академија на науки во Упсала била избрана во 1988 година, за член на Кралското шведско научно друштво во Упсала во 2002 година, a за член на Кралската шведска академија на науките во 2007 година. Професор Хермансон има развиено долгогодишна богата и плодна меѓународна соработка со повеќе институции во светот од САД, Германија, Австрија, Холандија и Кина, како и онаа во рамките на европскиот COST проект. Проф. Хермансон особено ја истакнува долгогодишната (во текот на повеќе декади) и мошне успешна соработка на полето на структурната хемија и спектроскопијата со Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во својата научно-истражувачка работа Шашти Хермансон има објавено 209 научни трудови од кои 5-те најцитирани ја преминуваат бројката од околу 800 цитати, како и 8 заеднички трудови со проф. Љупчо Пејов. За својата работа е одликувана со награди и признанија од Шведската кралска академија на науки (1987), Универзитетот во Упсала (1988), Шведското хемиско друштво (2003). Член е на Нобеловата фодација (од 2010) и избрана е за дополнителен професор на Универзитетот во Бангкок, Тајланд како и за почесен професор во одделот за применета физика на јоните на универзитетот во Инсбрук, Австрија.
Избрана е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.
Датум на раѓање::14 февруари 1951
Место на раѓање::Мастерас
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2015
Email::kersti@kemi.uu.se
Област на работа:
Д-р Андраж Чарни
Институции: Биолошкиот институт „Јован Хаџи“ при Научноистражувачкиот центар на Словенечката академија на науките и уметностите.
Биографија
АНДРАЖ ЧАРНИ е роден на 11 август 1962 година во Љубљана, Република Словенија. Дипломирал на Универзитетот во Љубљана, каде што магистрирал и докторирал од областа на биолошките науки. Работи како научен советник во Биолошкиот Институт „Јован Хаџи“ при ЗРЦ (Научно истражувачкиот центар) на Словенечката академија на науките и уметностите, Љубљана.
Постдокторски студиски претстои реализирал во Франција (1991), Австрија (1995–1996), (1993–1994) и Англија, (1995, 1997). Бил гостин професор на последипломски студии на повеќе универзитети меѓу кои на Универзитет во Анкона, Италија, каде одржувал настава на последипломски студии (2001), на Универзитетот во Марибор, (2006/2007), на Шумарскиот факултет во Загреб, (2006/2007 и 2007/2008).
Одржува настава како гостин професор по специјализирани ботанички дисциплини на Универзитетот во Нова Горица (од 2008 година), на Биотехничкиот факултет во Љубљана (од 2009/10 година) и на Универзитетот во Марибор.
Д-р Андраж Чарни е еден од водечките и највлијателните фитоценолози на Балканскиот Полуостров и во Европа. Неговите обемни трудови се однесуваат на голем број вегетациски типови – започнувајќи од рудералната вегетација, вегетацијата која се развива по рабови на шуми, ранопролетната терофитска вегетација, вегетацијата на газени места, вегетација на високи тревести растенија која се развива покрај планински потоци, вегетација на термофилни дабови шуми, вегетација на букови шуми, субмедитеранска и медитеранска грмушеста вегетација и многу други. Своите научни резултати ги презентирал во околу 300 научни трудови, абстракти и прилози на научни конференции, самостојни научни или стручни статии, посебни монографии или поглавја во монографии, вегетациски карти и сл (прилог Библиографија). Во претижната база Web of Science-Science Citation Index, цитирани се 47 научни трудови, додека во базата Scopus – 66 научни трудови на д-р Андраж Чарни. Неговите трудови се објавени во голем број на еминентни интернационални научни списанија.
Д-р Андраж Чарни повеќе од 20 години интензивно соработува со неговите колеги од Ботаничкиот Завод со ботаничка градина при Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и со Македонската академија на науките и уметностите. Во изминатиот период заеднички биле реализирани 11 билатерални проекти, во кои раководител од словенечка страна бил д-р Андраж Чарни а од македонска страна академик Владо Матевски.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.
Датум на раѓање::11 август 1962
Место на раѓање::Љубљана
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2015
Email::carni@zrc-sazu.si
Област на работа:
Д-р Иво Шлаус (Ivo Šlaus)
Институции: Универзитетот во Загреб; Хрватската академија на науките и уметностите.
Биографија
Акад. Иво Шлаус е роден на 26 септември 1931 година во Сплит, Хрватска. Дипломирал на Универзитетот во Загреб во 1954 година, каде што и докторирал во 1958 година. Бил редовен професор на Универзитетот во Загреб, како и на три американски универзитети (UCLA, Duke и Georgetown).
Член е на Хрватската академија на науките и уметностите од 1977 година и претседател на Одборот на ХАЗУ за меѓународна соработка (1991-1996).
Член-основач е на Academia Europea и претседател на нејзината Секција за физика, како и член на Меѓународниот совет на Pugwash и на World Academy of Art and Science, каде што е претседател на Секцијата за Југоисточна Европа – SEED. Член е на уредувачки одбори на меѓународните списанија – Journal of Physics, Few Body Systems и Scientometrics, како и рецензент за седум списанија. Бил главен истражувач на осум проекти: пет од IAEA, два од ЕЕЗ и еден од НАТО. Бил рецензент за проекти за американски фондови од NSF и DOE, како и на ЕУ FP5 и FP6.
Главните научни резултати на акад. Иво Шлаус се однесуваат на областите неутронска физика, физика на нуклеони, нуклеарни интеракции и симетрии, медицинска физика и сциентометрија. Најкарактеристичните придонеси од неговите научни публикации се: примени, по прв пат, на оптичкиот модел на други честици, а не само на нуклеони, конкретно на еластично расејување на деутерони од средно тешки атомски јадра; прво мерење на неутрон-неутрон интеракции, од што произлегоа повеќе научни трудови и поканети предавања, дел од неговите трудови стануваат еден од најпознатите извори на нуклеарни податоци во светот, a тој е именуван за член на International Nuclear Data Committee of IAEA.
Bo 1964 година Иво Шлаус е поканет да биде професор на UCLA (САД) и да ja воведе проблематиката на истражувања на системи со мал број на нуклеони и нуклеарни сили.
Акад. Шлаус го прави и првото мерење на неутрон-неутрон квазислободно расејување за што беше потребно да се развие метода за мерење на протони со многу ниска енергија. Овие мерења овозможија по прв пат да се определи ефективен дострел за системот неутрон-неутрон, во соработка со групите со кои раководеше во Лос Ангелес, Загреб, Амстердам и Вашингтон и придонесе за откривање и објаснување на квази слободни реакции и двојно квази слободно расејуваше со два спектатори, за градеше на скоро-4π систем за мерење на нуклеарни реакции, за мерење на тотален реакциски сударен пресек на реакцијата; воведува нуклеарни методи базирани на х-зраци индуцирани со протони, кои се користат за детекција на ретки елементи. Подоцна се развиваат повеќе центри за “trace elements analysis” вклучително и еден таков во Институтот „Руѓер Бошковиќ“. Воведува радиофармацевтик со краток живот и се дава математички модел на вентилацијата на белите дробови, со што се означува почетокот на медицинската физика во Хрватска. Освен тоа, заедно со соработниците, за прв пат ja применуваат Фадеевата формулација на проблемот на три тела за сложени системи.
Акад. Шлаус дал значаен придонес и во истражувањето на силите на три нуклеони: експериментални ефекти на силите на три нуклеони и цепење на деутрони со нуклеони, во истражувањето на ефектот на разбивање на симетријата на полнежи и квантитативната улога на тензорските сили одредена со мерење на спин опсервабли, дал значаен придонес кон истражувањата за разбивање на симетријата на полнежите, а особено кон решавањето на проблемот со неутрон-неутрон сили итн.
Во 1980 година Иво Шлаус организира меѓународна конференција за вреднување на знаењето во Дубровник и така ги започна истражувањата во сциентометријата и политиката на науката, кои подоцна ги проширува со истражувања за одржлив развој и сигурност.
Соработката на проф. Шлаус со Македонија трае повеќе од две декади и се реализира низ различни форми. Toj е основач на регионалните здруженија на Римскиот клуб и за унапредување на науката, со активно учество на научници од Македонија. Од 1997 год. до денес, како член на работната група на УНЕСКО за ревитализација на научната соработка помеѓу земјите од Југоисточна Европа, соработува со низа научници од Македонија. Од 2000 година до денес, како претседател ja координира Меѓународната мрежа на центри за одржлив развој, меѓу кои МАНУ има значајна улога. Како член на Меѓународниот совет на Pugwash (2002) ja координира соработката меѓу сите членови од Југоисточна Европа, вклучително и членовите од Македонија. Во 2005 година подготвува предлози на истражувачки проекта за ЕУ и НАТО, кои вклучуваат и македонски научници.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за математичко-технички науки.
Датум на раѓање::26 септември 1931
Место на раѓање::Сплит
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Одделение за технички науки
Област на работа:
Д-р Јирген Куртц (Jürgen Kurths)
Институции: Универзитетот Хумболт во Берлин
Биографија
Јирген Куртц (Jürgen Kurths) е роден на 11 март 1953 година во местото Arendsee, Германија.
Проф. Куртц дипломирал математика на Универзитетот Rostock во 1975 година, докторирал теоретска физика на Академијата на науки (Источна Германија) во 1983, а неговата хабилитација по теоретска физика ja одбранил на Универзитетот Rostock во 1991 година. Во посебна програма нa Max-Planck, во 1991 година бил избран за директор на нова работна група, која 7 години била поддржана од Институтот Max-Planck.
Во 1994 година е назначен за редовен професор на катедрата за теоретска физика и нелинеарна динамика на Универзитетот Potsdam.
Во 2008 година станал раководител на Истражувачкиот домен за трансдисциплинарни концепти и методи на Potsdam Институтот за истражување на влијанието на климата и станал редовен професор за нелинеарна наука на Универзитетот Humboldt od Берлин, а раководи и со 6th Century – катедрата на Кралскиот колеџ на Универзитетот Aberdeen во Обединетото Кралство.
Научниот опус на проф. Јирген Куртц е широк и опфаќа повеќе научни дисциплини, од природните науки (физика, хемија, биологија, климатологија) до техничките и медицинските науки. Има објавено повеќе од 400 трудови во врвни интернационални научни списанија.
За неговата истакната научна работа проф. Куртц примил повеќе награди и почести, вклучувајќи ja наградата за истражување од Фондацијата Alexander von Humboldt и од CSER (Индија). Избран е за почесен член на Американското здружение за физика, а доделен му е и почесен докторат од Лобачевски универзитетот во Нижи Новогород. Бил член на повеќе научни комитети, претседател на Дивизијата за нелинеарни процеси и геофизика при Европската унија за геонауки во период 2000-2005. Координира големи интернационални и национални проекти со грантови од ЕУ, ДФГ или БМБФ итн.
Проф. д-р Ј. Куртц открил и идентификувал неколку нови феномени и иницирал нови правци на истражување кои имаат поттикнато примени во разни полиња од физика и хемија преку невронаука и кардиологија па се до од неодамна и во геонауки.
Проф. Јирген Куртц веќе подолго време соработува со МАНУ. Досега беше вклучен во два проекта финансирани од НАТО и ЕУ со коишто во МАНУ раководеше академик Јордан Поп-Јорданов. Toj сега е вклучен во работата на проектот СУМО (подобрено моделирање со учење на несовршени математички модели и примена во климатологија) од рамковната програма 7, координиран од акад. Љупчо Коцарев. Toj е чест гостин во МАНУ, а неговиот центар често го посетуваат истражувачи од Македонија.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за технички науки.
Датум на раѓање::11 март 1953
Место на раѓање::Арендсе
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Област на работа:
Акад. Реџеп Мејдани (Rexhep Meidani)
Институции: Албанската академија на науките
Биографија
РЕЏЕП МЕИДАНИ (Rexhep Meidani) е роден на 17 август 1944 година во Тирана, Албанија. Дипломирал физика на Универзитетот во Тирана, во 1966 година, а постдипломски студии завршил на Универзитетот во Каен, Франција, во 1974 година. Докторирал во 1976 година, во областа на физика на цврсто тело, а титулата доктор во областа на Condense Matter Physics ја одбранил на Универзитетот во Тирана, Албанија (Doctor es Sciences) во 1984 година.
Во периодот од 1974 до 1996 година бил научен истражувач во Centre d’Études Nucléaire de Saclay (C.E.N.), Saclay, Франција. Од 1966 година бил на различни наставни функции на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Тирана, каде е редовен професор по теоретска физика од 1987 година. Бил декан на Природно-математичкиот факултет од 1988 до 1992 година, раководител на Одделот за општа физика од 1986 и раководител на Одделот за теоретска физика од 1987, 1992–1996. Проф. Меидани активно учествувал во работата на високообразовните институции во Албанија и регионот во целиот период од 1966 до 2015 година на Универзитетот во Тирана, Универзитетот во Приштина (1977–981), Тетовскиот државен универзитет (2006–007), како и на други универзитети во регионот. Од 1997 до 2002 година проф. Реџеп Меидани е претседател на Република Албанија. За член на Албанската Академија на науките е избран во 2003 година.
Проф. д-р Реџеп Меидани е член и почесен член на голем број меѓународни организации, асоцијации и институти, меѓу кои на Клубот од Мадрид, ИЦДЦ од Прага, Институтот за културна дипломатија од Берлин, а воедно е почесен доктор на науки на универзитетите во Истанбул, Солун, Софија, Рим, Бари и Бриџпорт-Конектикат.
Во рамките на својата богата научна кариера објавил 112 научни трудови, монографии, учебници и предавања, а во својата општествено-политичка кариера објавил и 16 политичко-публицистички дела.
За својата научноистражувачка и општествено-полтичка работа Реџеп Меидани е добитник е на голем број признанија и академски признанија меѓу кои златни медали и ордени од Грција, Хрватска, Франција, САД, Романија, Чешка, Црна Гора.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за технички науки.
Датум на раѓање::17 август 1944
Место на раѓање::Тирана
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2015
Email::rmeidani@gmail.com
Област на работа:
Д-р Симеон Ока (Simeon Oka)
Институции: Машинскиот факултет на Универзитетот во Белград
Биографија
Симеон Ока е роден на 3 октомври 1935 година во Белград, каде што дипломира на Машинскиот факултет во 1960 година. Во 1966 година магистрира на Електротехничкиот факултет во Белград, а во 1971 година се стекнува со докторат на Машинскиот факултет.
По дипломирањето почнува да работи во Институтот за нуклеарни науки во Винча, во Лабораторијата за реакторска термотехника каде го поминува целиот свој работен век, избиран во научните звања – од асистент, во 1964, до научен советник, во 1986 година.
Во 1979 е избран за вонреден, а во 1986 година за редовен професор на Машинскиот факултет во Белград.
Во својот извонредно богат научен опус, проф. д-р Симеон Ока се занимава со изучување на физичките процеси во енергетиката и тоа во граничните области во механиката на флуиди.
Резултатите од своите истражувања ги објавува во околу 300 трудови, во национални и интернационални публикации.
Последните десеттина години проф. Симеон Ока активно се занимава со стратешки прашања за енергетскиот развој, енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија. Како директор на Националната програма за енергетска ефикасност, раководи со изработката на Стратегијата за истражување во областа на енергетската ефикасност во Србија.
Соработката на д-р Ока со научните институции во Македонија почнува уште на крајот на 70-тите години. Повеќе магистранти и докторанти од Машинскиот факултет во Скопје ги реализираат експериментите во Лабораторијата за термотехника и енергетика во Винча под негово раководство, а група соработници на Институтот во Винча, помеѓу кои најангажиран е Симеон Ока, ги реализираат постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје од областа мерни методи, мерења и обработка на податоци.
Соработката со Машинскиот факултет во Скопје продолжува преку заеднички проекти, финансирани од страна на министерствата на науки на Србија и Македонија. Како резултат од оваа соработка, во Скопје се изградува и сопствена експериментална база за истражување на согорувањето во флуидизиран слој.
Во почетокот на 90-тите години почнува и соработка со Техничкиот факултет во Битола.
При крајот на 90-тите години соработката со Машинскиот факултет во Скопје и со Техничкиот факултет во Битола резултира во реализација на голем меѓународен симпозиум во Охрид, каде се формулира Спогодба на балканските земји за соработка во областа на енергетиката, процесната техника и екологијата што ja потпишаа 18 институции од Југоисточна Европа, меѓу кои две се од Македонија.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за технички науки.
Датум на раѓање::3 октомври 1935
Место на раѓање::Белград
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Област на работа:
Д-р Сашо Џероски
Институции: Институтот Јожеф Штефан во Љубљана; Меѓународната подипломска школа Јожеф Штефан (хабилитиран на Универзитетот во Љубљана)
Биографија
Сашо Џероски е роден е во Охрид во 1968 година. Основно училиште завршува во с. Драслајца, Струга, а средно училиште во Струга (првите две години) и Охрид (трета година), каде што со полагање на испити предвремено, во три години (со одличен успех) го завршува четворогодишното средно насочено образование (математика и информатика) во октомври 1985. Во основното и средното училиште учествува на натпревари од различни области при што освојува бројни награди на регионално, републичко и сојузно ниво, а во јули 1985 и бронзен медал на XXV Меѓународна математичка олимпијада во Хелсинки, Финска. Од ноември 1985 образованието го продолжува во Љубљана, каде што на Факултетот за електротехника и информатика студира информатички и компјутерcки науки, дипломира во 1989 година и магистрира во 1991. Како дотогаш најмлад кандидат на факултетот докторира во 1995. За време на своите докторски студии Сашо Џероски престојува 9 месеци на Тјуринговиот институт во Глазгов, Шкотска каде што заедно со д.-р. Стивен Маглтон, работи на подрачјето на индуктивно логично програмирање, т.е. релациско учење и податочно рударење над комплексни податоци во формализмот на логика од прв ред. Една од централните теми на дисертацијата на Џероски е пресметковната комплексност на алгоритмите за ИЛП, додека другата централна тематика го засега подрачјето на компјутерско откривање на природни закони (во науката) со фокус пред сѐ на автоматизираното моделирање на динамички системи со диференцијални равенки. За својата дисертација, Џероски во 1996 ја добива наградата „Златен медал на Јожеф Штефан“ што се доделува за најдобра и во светски рамки највидна (најцитирана) дисертација од областа на природните и техничките науки во Словенија.
Во рамки на својата научно-истражувачка кариера Сашо Џероски остварил постдокторски истражувања во Институтот Фраунхофер во Германија и Ираклион, Грција, а по враќањето на Институтот „Јожеф Штефан“ станува научен соработник и носител и координатор на повеќе домашни и меѓународни проекти. Се хабилитира во педагошки назив на Универзитетот во Љубљана и предава на Политехника Нова Горица, а во 2004 станува вонреден професор и дополнително се вработува на Меѓународната подипломска школа „Јожеф Штефан“. Предава на подипломски (магистарски и докторски) студии на теми тесно поврзани со неговите истражувања (анализа на комплексни и структурирани податоци, автоматизирано моделирање на динамички системи, откривање на знаење од еколошки податоци). Во 2006 станува научен советник на Институтот „Јожеф Штефан“. Во 2005 Џероски ја започнува својата научна соработка со Македонија, конкретно со Институтот за информатика на ПМФ, УКИМ. Во периодот 2005-2009 соработува на неколку проекти од подрачјето на екологијата, каде методи за податочно рударење употребува на проблеми од областа на заштита на животната средина и природното наследство (и на Република Македонија). Во 2010 е избран за редовен професор на Универзитетот во Љубљана. Дополнително се вработува и како научен советник на Центарот на одличност за интегрирани пристапи кон хемијата и биологијата на протеините. Во периодот 2008–2014 соработува на повеќе проекти на тема моделирање на динамички системи. Меѓу нив е најзначаен проектот „SUMO: Supermodeling by combining imperfect models“, кој го координира МАНУ.
Во својата научноистражувачка кариера објавил над 427 научни трудови, статии, монографии, поглавја во зборници, учебници и научни монографии, реферати на меѓународни научни собири како и 10 книги, при што има исклучително висока значајност, видност и релевантност со повеќе од 11000 цитати. Носител е на 18 меѓународни и 8 национални истражувачки проекти.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за технички науки.
Датум на раѓање::31 мај 1968
Место на раѓање::Охрид
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2015
Одделение за уметност
Д-р Али Алиу
Институции: Филозофскиот факултет во Приштина, Академијата на науките и уметностите на Косово
Биографија
Акад. Али Алиу е роден на 1 1 април 1934 година во с. Крани, Преспа, каде што го започнува своето школување и потоа го продолжува во Битола.
Своето школување во 1949 година го продолжува во Тетово во тогашната Учителска школа, каде што завршува само една училишна година, а патоа продолжува во Учителската школа во Скопје, каде што и матурира. По успешно завршената матура студира албанологија на Катедрата за албанолошки студии при Филолошкиот факултет во Белград.
Во текот на студиите, кои ги завршува со одличен успех, ja започнува и својата книжевна активност, релативно млад објавувајќи сериозни критички записи. Во тој период ќе биде еден од втемелувачите на книжевното списание “Përpjekja” („Стремежи“), кое ќе биде првата книжевна студентска трибина на Албанците.
По успешно завршените студии во Белград, Али Алиу се враќа во Скопје и се вработува во весникот на албански јазик “Flaka е Vllazërmit”. Во овој весник на Албанците во Македонија, Али Алиу ќе работи цела деценија (1959-1969), почнувајќи како новинар па се до уредник на овој весник, посебно на културниот дел. Во овој период ќе се истакне и како познат и бескомпромисен коментатор на весникот, покрај постојаната критичарска книжевна активност со која станува мошне познат и ценет не само во Македонија, туку и во Албанија и на Косово.
Во почетокот на 70-тите години Али Алиу ќе се пресели во Приштина каде што ќе се вработи како уредник на едиција во познатото Косовско книгоиздателство „Rilindja” и во оваа издавачка куќа ќе остане во текот на три години, придонесувајќи во голема мера за нејзината афирмација, со објавување на значајни книжевни дела, поддржувајќи низа надарени автори, кои подоцна ќе се здобијат и со висока афирмација.
Во 1974 година Али Алиу на Филолошкиот факултет во Приштина со успех ќе ja одбрани докторската дисертација „Делото и животот на Петро Марко“, која се смета како значаен прилог во рехабилитацијата на овој познат албански шпански борец и писател, прогонуван од енверскиот сталинистички режим. Во 1972 година Али Алиу ќе биде примен за предавал на Филозофскиот факултет во Приштина – на Катедрата за албански јазик и литература, на почетокот како предавач по предметот литература за деца и млади, и по две години и за предавач по предметот теорија на книжевноста. На ова работно место останува до 1990 година, кога како и еден поголем дел од професорите на приштинскиот универзитет поради тогашната денационализаторска и антиалбанска политика на Косово од страна на режимот на Милошевиќ, ќе биде исклучен од работата на Универзитетот. Во периодот кога ќе бидат оневозможени студиите на албански јазик на Универзитетот во Приштина, Али Алиу, со другите албански универзитетски професори ќе ja продолжи својата педагошка дејност во паралелниот образовен систем по куќи и приватни локали на Косово. Со нормализацијата на состојбата на Косово, Али Алиу, се до своето пензионирање ќе ja продолжи својата дејност како редовен професор по теорија на книжевноста на Филозофскиот факултет во Приштина. Ќе се здобие со углед на еден на најзначајните албански универзитетски педагози во доменот на теоријата на книжевноста. Ќе придонесе за формирањето на генерации дипломирани педагози, кои подоцна ќе се развијат и во универзитетски професори. Објавува неколку книжевни студии, рецензии, научни трудови и над 20 книги книжевни студии, антологии, десетици книги преводи.
Неговата неколкудецениска активност како врвен книжевен критичар, книжевен зналец и педагог, ќе биде крунисана во 1996 со неговиот прием во Академијата за наука и уметност на Косово, како нејзин редовен член.
Акад. Али Алиу зазема врвно место во албанската книжевна мисла и критика, останува нејзин мериторен творец, наоѓајќи се со децении во врвовите на книжевниот процес, како неуморен и врвен хроничар на сите нејзини фази. Неговиот углед како книжевен зналец излегува од регионот на албанскиот јазик и идентитет, за да се прелее и на македонските културни и книжевни простори, во кои се пројавува повеќе децении како угледен афирматор на вредностите на македонската литература во албанските јазични простори.
Како резултат на таквиот однос, речиси непрекинато, во период од четири децении, тој не пропушти позначаен автор или процес од доменот на македонската литература и култура, а да не го одбележи во поширокото албанско јазично подрачје, било преку преводи на бројни автори во одделни книги или студии од македонската литература во еден поширок балкански и европски контекст.
Автор е на повеќе учебници за албанската литература, како и на книги со повеќе изданија од областа на теоријата на книжевноста.
Неодамна во издание на издавачот „Серембе“ од Скопје се појавија неговите Избрани дела во четири тома на околу 2.000 странци и тие ги опфаќаат позначајните книги на авторот, пишувани во текот на четири децении, како: Маѓијата на зборот, Книжевни хроники, Дон Кихот кај Албанците, Како да ja читаме поезијата, Книжевни рефлексии, Критики. Овој избор од творештвото на Али Алиу, објавен по повод 70-годишнината од животот претставува исклучителен настан во албанската литература и култура и беше одбележан со промоции во Тирана, Приштина и Скопје.
Академикот професор Алфред Учи на промоцијата на книгата на последниот Саем на книгата одржан во Тирана, делото на Алиу го претстави како „мала енциклопедија“ на албанската книжевна критика, единствена од таков вид во албанската култура. Али Алиу не се смета само за еден од најугледните и најавторитетни книжевни познавачи, туку и толкувачи на албанската книжевна класика (Јероним Де Рада, Наим Фрашри, Фишта, Фан Ноли, Чабеј, Митруш Кутели и други), како и на современиците на оваа литература (Дритро Аголи, Јаков Ѕоѕе, Исмаил Кадаре, Фатос Арапи, Ват Кореши, Фатос Конголи, Висар Жити, Али Подримја, Азем Шкрели, Фахредин Тунга, Антон Пашку и др.).
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за уметност.
Датум на раѓање::1 април 1934
Место на раѓање::с. Крани
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Email::alialiu@hotmail.com
Ристо Василевски
Институции:
Биографија
Ристо Василевски е роден на 31 јануари 1943 година во с. Наконец, Преспа. Основно училшнте, од прво до четврто одделение завршил во с. Наконец, од петто до осмо во с. Љубојно, а средно техничко училиште, градежна насока, во Скопје. Вонредно студирал на Градежниот факултет во Суботица.
Во 1962-1963 година работел како градежен техничар во градежното претпријатие „Пелагонија“ од Скопје. Веднаш по скопскиот земјотрес заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац и останува да живее во тој град, вработувајќи се најпрвин како технички раководител на градежното претпријатие „Неимар“, а потоа како градежен стручњак – цивилно лице во тогашната ЈНА, во која останува до крајот на 1993 година. Неговото заминување од ЈНА се врзува за распаѓањето на СФРЈ и осамостојувањето на Република Македонија. Во Пожаревац активно се вклучува во книжевниот живот и воспоставува плодна соработка со списанието „Браничево“ и весникот „Реч народа“, во кои објавува серија книжевни прилози. Во август 1969 година се преселува во Смедерево. Во него го основа Книжевниот клуб „Смедерево“ и станува негов прв претседател; го покренува угледниот Меѓународен фестивал на поезија „Смедеревска песничка jeсен“ („Смедеревска поетска есен“) и станува негов долгогодишен директор, уметнички директор и главен и одговорен уредник на издавачката дејност; го втемелува југословенскиот Фестивал на детско книжевно творештво „Извор живе речи“ („Извор на живиот збор“) во Колари кај Смедерево, и го покренува младинскиот весник „Сутра“ („Утре“) – станува негов главен и одговорен уредник. Во градот Смедерево и во Србија ангажиран е и во многу други книжевни, издавачки и културни дејности. Бил уредник на повеќе списанија за книжевност, уметност и култура, а сега е уредник на најугледниот српски литературен весник „Књижевне новине“ од Белград, уредник на литературното списание „Моне Ауреус“ од Смедерево и член на Одборот на Меѓународниот фестивал Смедеревска поетска есен и на меѓународните Белградски книжевни средби. Од 1993 година е сопственик, директор и главен уредник на угледната издавачка куќа „Арка“ од Смедерево.
И како директор на Меѓународниот фестивал Смедеревска поетска есен, и како сопственик и главен и одговорен уредник на ИК „Арка“, Василевски посебно внимание й посветувал на современата македонска книжевност. За 37 години постоење на Смедеревска поетска есен не се случило учеството на македонските поети да не биде најмногубројно. На симпозиумите учествувале: академиците Димитар Митрев, Милан Турчинов, Гане Тодоровски, Георги Старделов, Александар Спасов и Катица Ќулавкова, и повеќе истакнати македонски критичари и есеисти.
Книжевниот летопис на Ристо Василевски започнува со објавувањето на неговите први песни во весникот „Нова Македонија“ (1960). Оттогаш редовно соработува во речиси сите позначајни весници и списанија што излегувале во Македонија, во поранешна Југославија, и надвор од неа. Досега неговата библиографија има над 3.000 биобиблиографски единици.
Преселувањето во Србија влијаеше Василевски да почне да пишува и на српски јазик, така што со книга на тој јазик дебитира во 1968 година, објавувајќи ja стихозбирката „Шапутања“ („Шепоти“), со која го сврте вниманието на југословенската книжевна јавност. Во истата година, на општојугословенскиот конкурс за необјавени книжевни дела, чиј претседател на жири-комисијата беше истакнатиот српски критичар, есеист и антологичар Зоран Глушќевиќ, Василевски ja доби првата награда за поезија „Ѓуро Салај“. Наградениот поетски ракопис под наслов „Временија“, преведен од македонски на српски јазик, го објавува во 1970 година. Оваа стихозбирка на повеќе српски критичари им послужи за правење анализи и споредби меѓу нејзината вредност и вредноста на поетските книги на српските поети што тогаш се објавуваа во Србија. Тоа беше повод Василевски да биде примен во Друштвото на писателите на Македонија, а малку подоцна и во Здружението на писатели на Србија.
Со поетска книга на македонски јазик Василевски дебитира со стихозбирката „Толкување на патот“ (1973). Зад неа следат уште 17 стихозбирки, детски книги, антологии, и аудио касети на македонски јазик и уште 18 поетски книги, романи, антологии и монографии на српски јазик. Тие на Василевски му обезбедија трајно место не само во македонската и српската книжевност, туку и пошироко – Василевски е виден учесник на многу домашни и меѓународни книжевни средби на кои добива и повеќе значајни домашни и меѓународни награди и признанија. Според податоците со кои располагаме, поезијата на Василевски е преведувана на над дваесет странски јазици.
Ристо Василевски е добитник на голем број престижни награди и признанија меѓу кои се: „Браќа Миладиновци“; меѓународните награди “The naji Naaman’s Literary Pritce”, Liban i “Balcanii si Europa” Bucarest, Романија; „Милан Ракиќ“ на Здружението на писатели на Србија; „Раде Обреновиќ“ на Змаевите детски игри од Нови Сад, Србија; „Почесно Рациново признание“ и други.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за уметност.
Датум на раѓање::31 јануари 1943
Место на раѓање::с. Наколец
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2006
Email::ristovas@ptt.yu
Думитру М. Јон (Dumitru M. Jon)
Институции:
Биографија
Думитру М. Јон – Посредниците меѓу две земји, меѓу два народа, меѓу две култури, односно меѓу две литератури, се најблагородните луѓе.
Тие имаат големо срце и широка душа за во нив да можат да се сместат две земји, два народа, две култури, односно повеќе земји, повеќе народи, повеќе култури.
Покрај вистинските и реални мостови од камен и бетон што премостуваат огромни реки, луѓето како Думитру М. Јон се оние невидливи мостови што надсводуваат огромни пространства, што бришат граници – тие се духовните мостови што поврзуваат срце со срце, око со око, душа со душа.
Не знам кога и како почнала љубовта меѓу Думитру М. Јон и Македонија, дали тоа била некоја песна од Кочо Рацин или некоја голтка од поетскиот извор на Блаже Конески или некој галеж од ветровите на младите поети, негови врсници! Се знае само дека Јон се заљубува во Македонија, се заљубува во нејзиниот јазик, во нејзината литература. Целосно и со страст и се предава на таа љубов.
Думитру М. Јон е роден на 26 септември 1947 година во селото Братешти, покрај Куртеа де Арџеш, во Романија. Основно и гимназија завршил во главниот град на Валахија – Куртеа де Арџеш. а потоа се запишува на Филолошкиот факултет во Букурешт од каде, по првата година, се префрла на Академијата за театар и филм и ja завршува во 1971 година. Член на Сојузот на писателите на СР Романија е од 1967 година. Живее во Букурешт и професионално се занимава со литература и издаваштво.
Думитру М. Јон слободно можеме да го наречеме и Македонец од некое местенце близу древниот Охрид или од некое друго место било каде во Македонија.
Неговото творештво е разновидно и богато. Пишува поезија, проза, драми, а и поезија и проза за деца. Пишува и критики и есеи. Преведува од македонски на романски, од романски на македонски, а тоа го прави уште со неколку други литератури (црногорската, српската, албанската и грузиската). Неговиот личен портрет, освен богата библиографија што се однесува на неговата преведувачка дејност, го сочинуваат седум книги поезија, седум книги проза (романи и раскази), четири книги поезија и проза за деца, како и многубројни судии, критики и есеи за романската книжевност.
Телеграфски, тоа би бил портретот на Думитру М. Јон како писател во областа на поезијата, прозата, драмата и детската литература. Меѓутоа, нас не интересира другиот портрет на Јон, оној што се јавува како мост меѓу романската и македонската литература. Taa библиографија импонира со големата бројка.
Преводите и препевите од македонски на романски, почнувајќи од Кочо Рацин, преку Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, преку средната генерација на Петре М. Андреевски, Михаил Ренцов, Радован Павловски, Трајан Петровски, Јован Котевски, Богомил Ѓузел, Петар Т. Бошковски, Влада Урошевиќ, Чедо Јакимовски, па преку третиот бран на Тодор Чаловски, Ефтим Клетников, Петре Бакевски, Санде Стојчевски, Катица Ќулавкова, па се до придојдените во тој бран Весна Ацевска, Лилјана Дирјан, Вера Чејковска, Бранко Цветковски, Јордан Даниловски и Славе Ѓорѓо Димовски, бројката нараснува на околу триесетина посебни книги поезија на кои секако треба да им се придодадат и десетина книги проза, романи и раскази, како што се книгите од Божин Павловски, Јован Стрезовски и други.
Думитру М. Јон во мостот помеѓу Романија и Македонија вгради и дваесетина романски автори, се разбира, вклучувајќи се и себе и својата сопруга, извонредната поетеса Каролина Илика. Секако треба да ги споменеме Никита Станеску, овенчан и со Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Марин Сореску, Еуцен Жебелеану, Џорџе Балаица, Д. Р. Попеску, Мирчеа Бобану, Хорија Бадеску, Ангел Думбравеану, Василе Игна, Титус Вижеу, Григоре Виеру, Адриан Попеску и др.
Думитру М. Јон како соработник на Лучеафарул, како и во други литературни списанија објавил над двеста стихотворби од македонски автори, поговори и студии за одделни автори, но секако неодминливи се две негови книги посветени на македонската литература, особено на македонската поезија. Тоа се: Македонска лирска фаланга, антологија во која се застапени 32 поети на околу 450 страници и Славејот што пее со затворени очи, (македонски теми и ликови) од околу 300 страници, и двете издадени во Македонија.
Македонската лирика за Јон е предмет, на восхит, на чудо, и си дозволува да тврди, мислиме сосема со право, дека тој предмет, на восхит е еманација на целиот македонски народ оти во целост му прилаѓа на неговата духовност и дека тоа негово национално благо несомнено е и богатство и за други народи.
Датум на раѓање::26 септември 1947
Место на раѓање::с. Братешти, покрај Куртеа де Арџеш
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2000
Email::faciorientoccident@yahoo.com
Проф. д-р Златко Крамариќ
Институции:
Биографија
ЗЛАТКО КРАМАРИЌ e роден на 5 февруари 1956 година во Осиек, Република Хрватска. Дипломирал во 1978 година на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб на групата предмети славистика и филозофија. Магистрирал на истиот факултет во 1982, а докторирал во 1985 година на Филолошкиот факултет во Нови Сад. Во 1979 година е избран за асистент на Педагошкиот факултет во Осиек, во 1985 година за доцент на катедрата за македонска книжевност и јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек. Во 1989 година е избран за вонреден професор при Катедрата за македонска книжевност и јазик, а во 2007 година за редовен професор. Бил на стручни усовршувања на универзитетите во Ванкувер и Вашингтон. Како визитинг-професор држел предавања на универзитетите во Манхајм, Прага, Скопје, Торонто, Париз, Осло, Москва, Нови Сад, Белград.
Од 1990 до 1992 година, Златко Крамариќ бил претседател на Собранието на градот Осиек, а од 1992 до 2005 година градоначалник на Осиек. Од 1992 до 2008 бил пратеник во Хрватскиот сабор. Од 2009 до 2011 година Златко Крамариќ бил амбасадор на Република Хрватска во Косово, а од 2011 година бил амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија.
Од почетокот на студиите почнува интересирањето на Златко Крамариќ за македонската литература, кое што се интензивира сè повеќе во текот на студиите и набргу добива димензии на вистинска стручност не само во областа на македонската литература, туку и во пошироките домени на македонската култура, како и на општествената и политичка ситуација во Македонија во минатото и денес. На научните собири одржани во Македонија, но и во други земји, Златко Крамариќ настапува со реферати кои ги донесуваат неговите погледи врз актуелните прашања поврзани со македонската книжевност, култура и сфаќањата за идентитетот, при што по изборот во звањето редовен професрор, Крамариќ има повеќе такви настапи, меѓу кои се истакнуваат оние во Охрид 2008, 2009, 2010, 2011, Риека 2011, Скопје 2011.
Златко Крамариќ досега објавил шеснаесет книги, огледи и студии, од кои од областа на македонистиката, целосно или делумно се однесуваат: Огледи за македонските романсиери (Скопје, 1986), Романите на Славко Јаневски (Скопје, 1987), Novi Experimentum Mecedonicum (Osijek, 1988), ж„Makedonske teme i dileme (Zagreb, 1991), Идентитет, текст, нација – интерпретација на црнилата од македонската историја (Загреб, 2009; Скопје, 2010), Политика. Култура. Идентитет (Загреб, 2012; Скопје 2012), Југословенството помеѓу траумата и идентитетот“ (Загреб, 2014; Скопје, 2015).
За книгата Идентитет, текст, нација во 2012 година, Крамариќ ја доби наградата „Кочо Рацин“ за унапредување на хрватско-македонските книжевни и културни врски. За целокупната своја активност тој го има добиено и високото признание што го доделува Македонската академија на науките и уметностите – медалот Блаже Конески.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за уметност.
Датум на раѓање::5 февруари 1956
Место на раѓање::Осиек
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2015
Љубомир Левчев
Институции:
Биографија
Љубомир Левчев е роден на 27 април 1935 година во Тројан, Бугарија. Завршил Филозофско- историски факултет на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Потоа работел како редактор, а потоа и главен редактор на „Литературен фронт“. Тогаш влегува во политичкиот живот и станува заменик министер на културата на Бугарија. Во повеќе од два мандата, до 1988 година, Левчев ja врши функцијата претседател на Сојузот на бугарските писатели. Формира своја фондација и издавачка куќа „Орфеј“, како и списание под истиот наслов со меѓународен борд, каде што се објавени дела од повеќе македонски писатели и поети, меѓу кои и делата на Славко Јаневски, Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников и др. Првата книга песни „Ѕвездите се мои“ ja објавува во 1957 година и со неа го свртува вниманието на бугарската критика како поет со исклучителна дарба. До последната објавена книга песни „Коњ со земни крилја“ која се појавува во 2009 г., Љубомир Левчев издал повеќе од 30 книги поезија, 3 романи: „Убиј го Бугаринот“, „Кој е следниот“ и „Панахида за мртвото време“ (наречен роман од спомени), потоа книга филозофски и политички расправи „Опасната слобода“, како и книгата „Поетското искуство“ во која ги открива начелата на својата поетика и своите сфаќања на поезијата.
Љубомир Левчев е еден од најзначајните бугарски поети, но и виден романсиер, есеист, историски публицист и филозофски мислител. Носител е на повеќе од 40 високи и престижни национални, балкански, европски и светски награди, признанија и одличја: избран е за Фелоу на Јејлскиот универзитет, САД; за член на Европската академија на уметноста, науката и културата, Франција; за член – основач на Европската академија за поезија, Луксембург; за член на меѓународната куќа на поезијата, Белгија; за член на Меѓународниот литературен фонд, Москва; за член на „Casa Nacional de la Poesia“, Линд. Истовремено Љубомир Левчев е добитник на наградата „Пушкин“, Москва; на позната награда за поезија на Сорбона, Париз; на светската награда за мистична поезија „Фернандо Риело“, Шпанија; носител е на Златниот орден за поезија на Францускиот институт, Париз; на звањето Рицар на поезијата, Франција, на Златниот венец на 49-те Струшки вечери на поезијата за 2010 година и др.
Метафизичната лирика на Левчев има еден автохтон, словенски, созерцателен, интуитивен и исповеден тон: таа е натопена со еден длабоко личен, интимен и интимистички внатрешен вглед. Неговата песна, како љубовта, никне од срцето, а се расцветува со умот. Со тоа Левчев се надоврзува на некои претставници на модерната руска поетска школа (Вознесенски, Висоцки, Ефтушенко) од кои го наследува наративниот поетски говор.
Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за уметност.
Датум на раѓање::27 април 1935
Место на раѓање::с. Тројан
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2012
Едгар Морен (Edgar Morin)
Институции:
Биографија
Едгар Морен (Edgar Morin) е современ француски филозоф, социолог, есеист и мислител од светски глас (роден на 18 јули 1921 година во Париз). Го сметаат за планетарен мислител на човековата комплексност. Неговото семејство потекнува од македонските Сефарди од Солун, кое на почетокот на минатиот век се преселило во Франција. Едгар Морен учествувал во Француското движење на отпорот, играл значајна улога во ова антифашистичко и ослободително движење, особено по средбата со Франсоа Митеран. Во 1945 година ќе се најде во Генерал-штабот на Првата француска армија во Германија.
По ослободувањето ja напишал првата книга Нултата Година на Германија, со која го привлекол вниманието на тогашните европски интелектуални елити. Со посредство на Жорж Фридман, кого го сретнал за време на Окупацијата и со поддршка на Морис Мерло- Понти, на Владимир Јанкелевич и на Пјер Жорж, тој стапил во 1950 година во највисоката Француска институција за научни истражувања (CNRS).
Денес Едгар Морен се смета за еден од столбовите на оваа институција, како заслужен директор на Центарот со големо влијание во целиот свет. Toj ja создаде и ja води Асоцијацијата за комплексна миела (АРС), претседател е на Европската агенција за култура (при УНЕСКО) и почесен доктор на над 15 универзитети во Европа и светот. Во Париз постои Институт Едгар Морен, додека од неодамна, еден универзитет во северно Мексико го носи неговото име (Universitad Edgar Morin) и пред зградата на Универзитетот е подигпат негов паметник.
Во севкупното дело на Едгар Морен, кое го сочинуваат повеќе од 60 книги преведени на над четириесетина јазици во светот (еден е од најпреведуваните француски автори во светот), доминира мисијата да го соочи светот со комплексности на светот и човекот и да ja предложи најсоодветната метода за нејзиното прифаќање. Неговата основна цел е да се реформира мислата и да се навлезе во парадигмата на комплексности, односно да се прилагоди на комплексната епистемологија.
За најзначајно дело на Едгар Морен се смета неговиот циклус за Методот, кое содржи шест томови и кое се смета за енциклопедиско дело. Денес во Франција и во светот Едгар Морен се смета за еден од најголемите живи мислители на нашата планета, посебно откако го напишал своето дело Земјата-Татковина (Terre- Patrie), објавено во 1993 година, во кое се застапува за тезата за „свеста на заедницата за овоземската судбина како вистинска планетарна свест“.
И покрај сложеноста на феномените за кои пишува Едгар Морен, нивниот комплексен научно-сознаен инструментариум, неговите книги се пишувани на кристално јасен, транспарентен и прифатлив стил за широката гама читатели. Неговиот есеистички заграб, во најубавата традиција на Монтењ, и на големите француски класични филозофи Декарт, Паскал, Монтескје и други, како и на современите Батај, Фуко, Леви-Строс и други, придонесуваат за силната рецепција на неговите дела во светот.
Покрај несомнената величина и вредност на Едгар Морен, значајна е и неговата приврзаност за Македонија и Балканот, која посебно доаѓа до израз во неговите книги Промислувањето на Европа (Penser ГЕигоре, 1987/ Видал и своите (Vidal et les siens, 1989/ и Љубов, Поезија, Мудрост (Amour, Poesie, Sagesse, Seuil, 1997/ Во овие книги се илустрира, историски и географски, тезата за императивот на Европа да се гради врз свеста на судбинското заедништво, а потоа да се проектира мисијата.
Во антрополошкиот роман Видал и своите, го реконструира животот на својот татко Видал (роден во 1894 година во Солун), на неговите предци, кои потекнуваа од Тоскана, запрени по прогонството од шпанската инквизиција во XV век. Во животот на Наум Видал се опфатени сјајот, залезот и смртта на јудео-христијанството, комплексноста на односите помеѓу Исток и Запад. Во книгата Едгар Морен го реституира и делото на „македонското минато на своето семејство“, заедничката култура на живеење (во османлискиот период), низ влијанијата во јазикот, обичаите, исхраната и др. Сето тоа е еден од основните мотиви на Едгар Морен да дојде за првпат во Македонија во 1990 година, како учесник на симпозиумот на Струшките вечери на поезијата. Неговото учество во работата на овој симпозиум во неговиот брилијантен и незаборавен настал со беседата Поезијата и крајот на векот, прерасна во еден од големите мигови на овој книжевен собир со голема меѓународна репутација. Во тие денови при посетата на Македонија, Едгар Морен, со совршена едноставност својствена на големите луѓе, сведочеше за својот живот, за сталинистичкото чистилиште низ кое мина во Франција, за споделените македонски и балкански корени на своите сефарадски предци. Морен својата беседа изговорена во Македонија ja објави во својата книга Љубов, Поезија, Мудрост, во делот Поезија, кај угледниот француски издавач „Seuil“, која денес е преведена на над дваесеттина јазици.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за уметност.
Датум на раѓање::18 јули 1921
Место на раѓање::Париз
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2009
Сретен Перовиќ (Sreten Perović)
Институции: Дукљанската академија на науките и уметностите
Биографија
Академик Сретен Перовиќ (Сретен Перовић), поет, критичар, историчар на литературата, театролог, драмски автор, преведувач, антологичар, публицист и енциклопедист, научен советник, е роден на 15 февруари 1932 година во Горња Горица (Подгорица). Виша реална гимназија завршил во Титоград во 1950, а Југословенска и светска книжевност на Филозофскиот факултет во Белград во 1956 година. Како поет се јавил уште на седумнаесетгодишна возраст, во 1949 година, и за првата објавена песна ja добил наградата на ЦКНО на Црна Гора. Првата стихозбирка Звуци и даљине ja објавил во 1951 година, во издание на Книжевниот клуб на студентите на Белградскиот универзитет. За време на студирањето бил коорганизатор и соработник на кратковечниот Студентски књижевни лист (1952), еден од покренувачите и уредниците на книжевната ревија Видици (1953), како и претседател на Книжевниот клуб на студентите на Белградскиот универзитет (1954).
По враќањето во Црна Гора работел како професор по книжевност во титоградското Средно техничко училиште (1956-1961); истовремено бил и главен уредник на списанието Сусрети (1957— 1962). Во титоградското издавачко-печатарско претпријатие „Графички завод“, од 1963 година бил уредник на повеќе едиции и одговорен уредник на едицијата „Луча” – антологиска библиотека на црногорската книжевност, во која во 80-тина томови се објавени најзначајните дела на класичната и на современата црногорска книжевност. Од 1975 до 1981 година, Сретен Перовиќ бил одговорен уредник и директор на Издавачката дејност НПО „Побједа, а потоа главен уредник, заменик директор (1981-1983) и директор (1983-1991) на Лексикографскиот завод на Црна Гора и главен уредник за областа култура во проектот Енциклопедија на Црна Гора. Бил главен уредник на Црногорската енциклопедија на Дукљанската академија на науките и уметностите.
Повеќе од три децении Перовиќ е постојан театарски критичар на „Сусрети“ и „Побједа“, а во тоа време интензивно се занимава и со преведување, главно на македонската поезија.
Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, Перовиќ, како истакнат театарски и книжевен критичар, бил претседател на жирито за документарна програма на ЈУ-ТВ фестивал от во Порторож, како и член или претседател на жирито на Фестивалот на мали и експериментални сцени (МЕС) во Сараево и Стерииното позорје во Нови Сад.
Перовиќ објавил неколку десетини свои книги, од кои 15 збирки лирска поезија. Неговата поезија е преведена на триесеттина јазици и претставена во бројни домашни и странски антологии. За своето книжевно творештво, Перовиќ е добитник на бројни награди, како и на најзначајните национални и високи меѓународни признанија.
Повеќе од пет децении Перовиќ преведува македонска поезија. За успесите во преведувањето на најзначајните македонски поети на српско-хрватски и на црногорски јазик (дваесеттина книги), добил значајни признанија: тој е првиот добитник на наградата Златно перо, којашто во 1972 година му ja додели интернационалното жири на Меѓународната средба на преведувачите во Тетово, за превод и препев на 5.000 стихови од Славко Јаневски во книгата Лукави Пејо Каинавелијски; звањето Понесен член на Друштвото на писателите на Македонија (2002); добитник на Почесното Рициново признание на 40-тите Рацинови средби во Велес, 2003; и високата интернационална награда Книжевно жезло (2004). Градоначалникот на Скопје му го предаде симболичниот клуч на Градот и го прогласи за Почесен граѓанин – поет на Скопје, во 2004 година. На собирот на Меѓународната организација Македонски духовни конаци, во 2006, во Струга, врачено му е високото признание „Духовен воин“.
Како долгогодишен претседател на Црногорскиот ПЕН центар, на домашен и на меѓународен план бил многу активен во одбраната на правата и интересите на Црна Гора, на црногорската култура и на обновената (Екуменска) Црногорска црква.
Перовиќ е втемелувач и актуелен претседател на Друштвото за црногорско-македонско пријателство и почесен член на повеќе институции, хуманитарни здруженија и невладини организации.
Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за уметност.
Датум на раѓање::15 февруари 1932
Место на раѓање::Горња Горица (Подгорица)
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2009
Email::sreten@t-com.me
Киро Урдин
Институции:
Биографија
Киро Урдин е роден на 12 мај 1945 година во Струмица каде го завршува основното и средното образование. Дипломира на Правниот факултет во Белград. Студира на Академијата за применета уметност во Париз (1973/74 г.) Дипломира на Академијата за филм – Париз (1977 г.).
Живее и работи во Париз од 1974 година.
Од 1984 година до денес професионално се занимава само со сликарство.
Од 1984 година има реализирано над 100 самостојни и групни изложби во познати галерии и музеи.
Освен во Македонија каде излагал во Музејот на современа уметност и во Интернационалната галерија „Стоби“ (1994 год. и 1996 год.) има излагано во: Франција, Австрија, Швајцарија, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка, Англија, Шпанија, Словакија, Германија, Грција, Јапонија, Кина – Хонгконг, ТаЈван, Јужна Kopeja, САД, Порторико, Мексико, Хавай, Тунис, а последната изложба се одржа во Галеријата на Гиј Питерс, познат светски галерист и тоа во Сан Пол’д Ванс – Франција. За таа изложба е снимен и филм.
Има реализирано самостојни изложби во музеите: Данобијана – Словачка за што има и книга-каталог. Со свои самостојни изложби се претставил во музеите: Ja ван д’Тогт – Холандија, Миура – Јапонија, во Музејот на убава уметност во Тајпеј – Тајван, како и во Музејот на убава уметност Сан Јуан – Порторико во 2001 г.
За неговите изложби е пишувано во околу 600 весници, речиси во секоја од земјите каде што излагал. Покрај спомнатите написи има дадено и над 30 интервјуа на телевизиските канали.
Сликата „Планетариум“ која е сликана низ најзначајните културни центри на светот, спаѓа меѓу најголемите во современа Европа, со површина од 48 м2. Сликата е откупена и поставена во зградата на електронскиот гигант NEWAUS, во Ејндховен – Холандија. Планетариумот како мултимедијален проект е меѓу првите како уметничко дело во ликовниот правец мондидализам. За „Планетариумот“ е снимен и филм на трака од 35 мм koj филм беше прикажан и на официјалната селекција на познатиот телевизиски фестивал во Монте Карло во 1998 год.
Во тек е финалната монтажа на ТВ-филмот „Догона“, снимен за Белгиската ТВ во Африка (Мали) за племето , Догони“. Филмот е инспириран од платното работено во маслена техника кое го носи истото име, а сликата е работена во племето .Догони“ и има димензии 3 х 4 м.
Од сликата и филмот „Планетариум“ во тек е реализацијата на пиеса kojа ќе се реализира како модерен балет од страна на познатата кореографка Дебра Вилсон од Канада. Дел од танчерките ќе бидат ангажирани и од балетот на МНТ, а дел од Канада.
Од страна на претставникот на Атинскиот ликовен музеј е избран како сликар од Македонија кој имаше самостојна изложба во Солун кога градот беше избран како културна престолнина на Европа. Изложбата беше реализирана од 9 до 20 јули 1997 година.
Досега за сликарството на Киро Урдин, покрај бројните каталози излегоа и книгите „Киро Урдин“, Париз, 1988, книгата каталог во издание на Музејот на современа уметност на Македонија во Скопје, 1994, во ноември 2000 год. Музејот во Данобијана ја издаде книгата „Ретроспектива на Киро Урдин“ по повод големата изложба организирана од страна на музејот во Словачка. Во текот на 1997 година во Париз излезе книгата „Планетариум“, на 170 стр. голем формат, во која се прикажани сите фази во изработката на сликата. Во 1998 година во издание на „Вило“ од Париз излезе репрезентативната книга од 200 стр. во која е прикажан дел од сликарството на Киро Урдин. Предговорот е на Жерар Хуригиера. Како последна репрезентативна книга излезе публикацијата „Киро Урдин – сликарство“, издадена од страна на големиот галерист Гиј Питерс.
Во 1999 година имал чест да излага во галеријата на Даниел Бесеих, покрај другите, со сликарите: Апел, Арман, Бернар Бифе, Сезар, Шагал, Корнеле, Дебре, Дубуфет, Дуфу, Хартунг, Кијно, Кислинг, Ланској, Линдрстром, Пикасо, Утрило, Васарели и Фламинк, а во Кнут Зут Белгија, во декември 1999 година да излага со Пикасо и со нобеловецот Гинтер Грас.
Од 1984 година, од кога професионално се занимава со сликарство има насликано над 1.500 слики во маслена техника и акварел.
Дел од сликите се наоѓаат кај видни колекционери, голем дел кај големи љубители на ликовната уметност кои не се колекционери, потоа дел од сликите се откупувани од галеристи каде што излагал и не колку слики се откупени и од музеите.
Датум на раѓање::12 мај 1945
Место на раѓање::Струмица
Членство во МАНУ::Надвор од работен состав, 2003