++389 (0)2 32 35 400

03, 05, 2020 -

Интервјуа

5Г и зрачната моќност на новите уреди

Академик Леонид Грчев зборува за 5Г и зрачната моќност на новите уреди. Кога зборуваме за зрачната моќност на антените, треба да знаеме дека се работи за моќност која се распределува во просторот. Тоа значи дека многу мал дел од таа моќност може да апсорбира човек кој е на вообичаено растојание од антената.

Грчев вели:
“Историјата покажува дека воведувањето нови технологии често било следено со страв. Луѓето се плашеле од првите автомобили; се плашеле од наизменичната струја. Постоел страв дека електричното осветлување го оштетува видот и го уништува здравиот сон. Животот во денешните општества е заснован на овие и на безброј други технологии што се воведени во последните  стотина години. Притоа, основниот принцип на проектирање на уредите што ги применуваат технологиите е нивната безбедност и сигурност.

Во врска со 5Г-технологијата треба да се знае дека 5Г не е нова технологија. Тоа е петта генерација (5Г) на технологијата на мобилни безжични телекомуникациски мрежи кои се присутни во нашата околина веќе дваесетина години.

5Г е само име за една фаза во развојот кој ќе продолжи и понатаму; најавена е шеста генерација (6Г) и така натаму. Стравот од 5Г не е ништо ново, стравот од безжичните технологии постои откако е воведена технологијата.

Но наместо страв, потребно е да се согледа проблемот и да се предвидат мерки за безбедност.”

Во своите завршни зборови, Грчев вели:

“5Г ќе стане основа на инфраструктурата на новопланираните напредни технологии, на пример: електронското здравство, автономните возила, паметните градови, паметните домови, интернетот на нештата и др. Меѓу другото, бидејќи уредите на 5Г ќе овозможат поголеми брзини на пренос на информации со употреба на помала енергија, нивната зрачна моќност ќе биде помала од уредите што сега ги употребуваме.”

Прочитајте ја целата статија на следниот линк: тука.

Attachments

No results found !