Претставници на Македонскиот националниот комитет на Меѓународната асоцијација за источноевропски студии (AIESEE), со седиште во МАНУ, со свои реферати активно учествуваа на 12. Конгрес на Асоцијацијата што се одржа деновиве во Букурешт. Меѓународната асоцијација за источноевропски студии (AIESEE) е респектабилна меѓународна институција која работи под покровителство на УНЕСКО и истражува различни теми од областа на науките и културата на балканските простори и на просторите на Југоисточна Европа (историја, историја на уметноста, култура, археологија, право, економија и сл.).

МАНУ со задоволство ја известува македонската јавност дека предлогот на раководството на Асоцијацијата 13. Конгрес да се одржи во нашата земја беше прифатен со акламација. Тоа е голема чест за нашата земја и за нашиот Национален комитет и признание за извонредниот придонес на македонските научници и творци од областа на науките и  уметностите во работењето на AIESEE.

Контакт

Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук