По повод Денот на Европа, 9 мај и дваесетгодишнината од официјалното воспоставување на односите помеѓу Република Македонија и Европската Унија, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), односно Советот за евроинтеграции на МАНУ во соработка со Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија, на 06 мај (петок) 2016 година организираше научна конференција, на тема: „Република Македонија на патот кон Европската Унија (2020) – Искуства, предизвици, перспективи“ што се одржа во Свечената сала на МАНУ, со почеток во 9 часот.

Настанот со свои воведни обраќања го отворија претседателот на МАНУ акад. Таки Фити, заменик-претседателот на Владата на РМ задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми, Н.Е. Аиво Орав, амбасадор на Европската Унија во Македонија и Н.Е. Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски држави во Република Македонија. На Конференцијата, во три тематски целини свои излагања имаа актуелни и поранешни министри и политички функционери вклучени во процесот на евроинтеграциите, академици, универзитетски професори и експерти.

Првата тематска целина под наслов „Европската Унија – Република Македонија и политиката на проширување пред 20 години и сега“ беше модерирана од страна на м-р Драган Тилев. Во рамките на оваа тематска целина беа презентирани трудовите на д-р Фатмир Бесими, м-р Драган Тилев, г-дин Никола Попоски, проф. д-р Блерим Река, д-р Арбр Адеми, д-р Беким Максути, д-р Илбер Села и м-р Михаел Самец од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) на ЕУ интегративниот процес на Македонија.

Втората тематска целина, насловена „Република Македонија на патот кон ЕУ – карактеристики на процесот, предизвици и перспективи“ беше поделена во три дела и истата беше модерирана од акад. Владо Камбовски и проф. д-р Владимир Филиповски. Во рамките на првиот дел, насловен „Развојни аспекти кон функционална демократија“ свои излагања имаа проф. д-р Ивица Јосифовиќ, акад. Владо Камбовски и проф. д-р Мируше Хоџа.

Во вториот дел насловен „Развојни аспекти кон пазарна економија и забрзан раст“ беа презентирани трудовите на акад. Таки Фити, проф. д-р Предраг Трпески, м-р Марица Антовска, м-р Зоран Ставрески, м-р Виктор Мизо, доц. д-р Ѓорѓи Гоцков, проф. д-р Горан Петревски, проф. д-р Владимир Филиповски, д-р Билјана Ташевска, доц. д-р Борче Треновски, проф. д-р Глигор Бишев, м-р Димитар Богов, акад. Абдулменаф Беџети, м-р Бесиме Мустафи и акад. Луан Старова.

Третата тематска целина беше поделена на два дела, модерирани од акад. Абдулменаф Беџети. Во првиот дел под наслов „Некои секторски аспекти од процесот на ЕУ – интеграцијата“ беа презентирани трудовите на проф. д-р Изет Зеќири, доц. д-р Брикенд Азири, доц. д-р Јетон Мазлами, проф. д-р Азис Положани, д-р Наташа Марковска, м-р Верица Тасеска-Ѓоргиевска, м-р Александар Дединец, д-р Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, акад. Глигор Каневче и акад. Јордан Поп – Јорданов. Во последниот дел, беа презентирани трудовите на акад. Владо Камбовски, проф. д-р Борче Давитковски и проф. д-р Мојмир Мрак од Економскиот факултет во Љубљана, Словенија.

Прилозите на авторите и учесниците на научната конференција, чии трудови ќе бидат преведени на три јазици (македонски, англиски и албански јазик) и објавени во Зборник, третираа комплексни прашања и проблеми кои се однесуваат на патот на Република Македонија кон ЕУ и кои навлегуваат во клучните сфери дефинирани со критериумите на Копенхаген и на Мадрид, т.е. со политичките критериуми, со економските критериуми, со способноста да се преземат обврските кои произлегуваат од членството и со административниот капацитет. Конференцијата беше затворена со заклучна реч на претседателот на МАНУ акад. Таки Фити и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми.

Имајќи го предвид значајниот јубилеј и изминатиот временски период од 20 години од воспоставувањето на официјалните односи врз договорна основа, како главна порака од конференцијата  произлезе дека не постои алтернатива за развојните перспективи на земјата надвор од евроатлантскиот интеграциски процес а приближувањето на Република Македонија кон ЕУ беше и останува главна стратегиска цел.

Конференцијата предизвика значаен интерес сред научната и стручна јавност на Република Македонија. Медиумски беше одлично покриена.

Фотографии од настанот:

 

 

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук