На ден 12 јули 2019 година МАНУ потпиша Меморандум за соработка со Фондот за иновации и технолошки развој.

На средбата при потпишувањето на Меморандумот за соработка, првите луѓе на двете институции академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите и Јован Деспотовски, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој се согласија дека постојат бројни полиња на кои двете институции можат да соработуваат:

  • – истражување на можни пристапи, мерки и инструменти за конципирање на модерна индустриска (иновативна) политика, како и политики поврзани со иновации, образование, истражување и развој, и нивно адаптирање на состојбите и специфичностите на македонската економија;
  • – покренување на заеднички проекти, студии, стручни анализи и сл., од областите на претприемништвото, иновациите, истражување и технолошкиот развој;
  • – заедничко организирање на стручни дебати (тркалезни маси, трибини, работни средби, работилници, советувања и сл.) за значајни прашања и теми од взаемен интерес на двете институции и на земјата во целина;
  • – заеднички публикации и промоции на резултатите од истражувачките активности, како и промоција на самите институции;
  • – поддршка на мобилност помеѓу академијата и индустријата, како и меѓународна мобилност на ученици, студенти и претставници на академската заедница;
  • – други области и форми на соработка кои ќе ги договорат потписниците на Меморандумот.

Во текот на средбата поконкретно беа договорени следните полиња на соработка:

  • – Активно учество на претставници од МАНУ во изработка на стратешката програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите, наречен „Фонд за млади умови“  на ФИТР;
  • – Соработка во конципирање на финански инструменти за поттикнување на истражувачките активности на академската заедница;
  • – Воспоставување на соработка со истражувачките центри при МАНУ во области од интерес на двете институции.

Фотографии од настанот:

Контакт

Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук