Untitled logo

На 12 мај 2017 г., во МАНУ беше одбележана 19-годишнината од формирањето на Фондацијата „Трифун Костовски“. Од името на МАНУ, претседателот акад. Таки Фити искажа благодарност до господинот Трифун Костовски и до неговото семејство за нивниот придонес во финансиската поддршка на научните и уметничките проекти на МАНУ. Со финансиската поддршка на Фондацијата „Трифун Костовски“ публицирани се 50 значајни дела од областа на науките и уметностите, откупени се 55 уметнички дела – портрети во масло на платно и 16 уметнички дела во бронза, овозможено е снимање на 4 филмски портрети на академици и организирани се 6 изложби. Во рамките на поддршката на научната и уметничката дејност на МАНУ, се вбројуваат капитални дела на наши академици – Блаже Конески, Славко Јаневски, Томе Серафимовски, Георги Старделов, Цветан Грозданов, Луан Старова, Ксенте Богоев и др., но и значајни дела на уметници и научници надвор од МАНУ – Алексиев, Касапова, Пеев и многу други. Акад. Фити ја истакна општествената одговорност на г. Трифун Костовски, кој независно од неговото деловно работење, преку Фондацијата „Трифун Костовски“ безрезервно ги поддржува науката и уметноста.

Господинот Трифун Костовски се заблагодари од името на Фондацијата, искажа задоволство што и неговите деца се вклучуваат во работата на Фондацијата и истакна дека Фондацијата и понатаму ќе ја поддржува науката и уметноста во Република Македонија.

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

Фејсбук