Untitled logo

На 31 мај 2017 година во малите работни сали на Македонската академија на науките и уметностите беше одржана основачката седница на Македонското пенолошко друштво. Во присуство на повеќе еминентни професори на Правниот факултет и стручњаци од областа на казненото право и извршувањето на санкциите, беше одржана основачката седница на Македонското пенолошко друштво. Истакнувајќи ја тековната состојба во однос на донесените законски и правни решенија во доменот на казненото право и санкциите, како и на актуелните состојби во затворите и казнено-поправните институции во Република Македонија во услови на петнаесет годишен прекин и непостоење на вакво стручно-научно тело, присутните се согласија дека со основањето на Македонското пенолошко друштво и воедно со обновата на работата на оваа правна тематика се отвора широк простор за дејствување како движечка сила и иницијатива за истражувања и активности при што потенцираше дека основањето на вакво друштво е извонредно значајно заради потребата од координација помеѓу државните установи и академската заедница во овој домен, посебно во поглед на процесот и преговорите на пристапување кон Европската Унија и спроведувањето на проектите од ИПА фондовите, а особено се потенцира и итната потреба од профункционирање на пробацијата. На седницата беа донесени и усвоени Основачкиот акт и повеќе други одлуќи при што за Претседател на Македонското пенолошко друштво е избрана Д-р Елена Мујоска – Трпевска, за почесен претседател проф. Д-р Љупчо Арнаудовски, а се поднесоа и предлози за членови на Извршниот и Надзорниот одбор на друштвото.
Во прилог може да го погледнете Записникот од основачката седница.

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

Фејсбук