На покана од проф. д-р Роналд Милетич-Павличек, директор на Институтот за минералогија и кристалографија при Универзитетот во Виена (Institut für Mineralogie und Kristalographie, Universität Wien), на 17 јуни 2016 година академик Глигор Јовановски одржа предавање под наслов Complementary Use of X-ray Powder Diffraction and Vibrational Spectroscopy in Mineral Identification (Комплементарно користење на рендгенската дифракција од прашок и на вибрационата спектроскопија за идентификација на минерали). На предавањето академик Јовановски ги изнесе резултатите од долгогодишните истражувања на минералите од Македонија, при што ја претстави и недамна објавената монографија во издание на МАНУ под наслов Minerals from the Republic of Macedonia with and Introduction to Mineralogy (Минерали од Република Македонија со вовед во минералогијата). Предавањето наиде на извонреден интерес кај врвните специјалисти и истражувачи од областа на минералогијата и кристалографијата чиј Институт има 170-годишна традиција.

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук