На 25 април 2019 година Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ, организираше предавање на prof. Dr. Ard Louis (University of Oxford) на тема: Using algorithmic information to explain why deep learning works.

Професорот Ard Louis е професор по теоретска физика на Универзитетот во Оксфорд. Неговата истражувачка група работи интердисциплинарни истражувања, на границата меѓу теоретска физика и хемија, применета математика и биологија. Заедно со неговата истражувачка група, работат во полето на комплексно однесување кое се појавува како резултат на интеракција меѓу различни објекти. Специфични области кои се од интерес вкличуваат биолошки системи како на пример различни проблеми поврзани со ширење на вирус, наноструктура на ДНК, еволуција на генетски мрежи. Едно од неговите хобиа е молекуларна гастрономија, која е применета наука во уметноста на готвењето. Неговиот Erdos-Bacon број е 6.

Фотографии од настанот:

Контакт

Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук