Untitled logo

Претседателот на француската Република го одликува академикот и писателот Луан Старова со високото одликување од редот на Офицер на Легијата на честа. Тој е носител и  на високото француското одликување Командант на уметностите и книжевностите oд 2000 година.
Овие одликувања му се доделуваат на академикот Луан Старова за неговиот голем придонес во развојот на француско-македонските односи во периодот кога Старова беше прв амбасадор на Република Македонија во Франција, за подоброто разбирање на регионот во критичниите години на последната декада на минатиот век.
Старова предизвика посебно внимание во француската култура и книжевна јавност со започнување на објавување на неговата ,, балканска книжевна сага’’, кај престижниот издавач ,,Фајар’’ и која француската книжевна критика ја вброи во редот на ,,големите европски романи’’, денес објавувана на дваесетина јазици во светот.
Старова, има посебни заслуги во својата долгогодишна универзитетска кариера како професор по француска и компаративна има посбно значење во откривањето на нови аспекти во односите  помеѓу големиот француски писател Гијом Аполинер и албанскиот полиграф Фаик Коница. За одбележување се и неговите повеќе годишни односи со големи писатели и мислители на нашето време како Едгар Морен, Морис Друон, Робер Мале, Анри Мешоник, Андре Френо и други.
Старова е член на  Европската академија, редовен Македонската Академија на Науките и Уметностите,член на Медитеранската Академија од Неапол, почесен член на Албанската Академија на науките, како член на научното друштво ,,Лајбниц’’ од Берлин.
Предавањето на ореденот на Легијата на честа на академикот Старова ќе биде извршена од страна на францускиот Амбасадор Кристијан Тимоние на свечена церемонија во Резиденцијата на француската амбасада во Скопје на 11 април 2017.