Во Амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите, на 4 ноември 2020 година, се одржа Научниот собир по повод 190 години од раѓањето и 100 години од смртта на Марко Цепенков „Марко Цепенков (1829 – 1920 – 2020)“. Научниот собир го отвори претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев, и директорот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, проф. д-р Ермис Лафазановски.
Собирот беше поделен во три сесии, чии претседавачи беа акад. Катица Ќулавкова, проф. д-р Ермис Лафазановски, акад. Витомир Митевски, проф. д-р Катерина Петровска-Кузманова, проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска и доц. д-р Кристина Димовска, а излагања имаа научници од државата и од странство.
Обраќањето на акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, може да го прочитате тука.
Фотографии од настанот:
Програмата за научниот собир можете да ја погледнете тука.
Протоколот за свечениот собир можете да го погледнете тука.
Книгата на апстракти „Марко Цепенков (1829-1920-2020)“ можете да ја погледнете тука.