Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Амбасадата на Шпанија ја организира третата сесија на Охридската школа на природното право под наслов „Good governance and legal reforms“.
Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) од правните факултети во рамките на државните и приватните универзитети во државата.
Школата ќе се одржи од 1ви до 7ми јули 2018 година во Охрид, Република Македонија (научен и културен центар „Уранија“).
Целосниот повик можете да го погледнете: ТУКА.
Апликациониот формулар е достапен: ТУКА.
Рок за доставување на пополнети апликациони формулари е 31.05.2018 година. Апликациите треба да бидат доставени на prirodnopravo@manu.edu.mk согласно инструкциите на горепоставените документи.