На 30 јануари 2018 година се одржа форумот во организација на Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите на тема „Македонска транспортна револуција“.
На форумот со свои излагања се обратија претставници од академската и стручната заедница со цел да се обработат теми кои се во насока на стабилизација на емисиите на стакленички гасови и електрификација на транспортот за премин од општество базирано на фосилни горива кон ниско јаглеродно општество.
Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ во рамките на проектот „Втор двогодишен извештај за климатски промени“, изработи „Студија за секторот транспорт, анализана политики и мерки“.
Информацијата за тркалезната маса може да ја погледнете: ТУКА.
Агендата на форумот може да ја погледнете: ТУКА.
Инфографикот за „Студија за секторот транспорт, анализа на политики и мерки“ може да го погледнете: ТУКА.
Фотографии од настанот: