Македонската академија на науките и уметностите има чест да Ве покани на Редовното годишно собрание на МАНУ.

                                                                                                                                                       

Дневен ред:

Експозе на претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов – Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во 2023 година и предизвици во претстојниот период, а пред сѐ во 2024 година.

Предлог-извештај од Претседателството на МАНУ за работата на Македонската академија на науките и уметностите во 2023 година.

Предлог-програма од Претседателството на МАНУ за работа на Македонската академија на науките и уметностите во 2024 година.

Излагање на секретарот на МАНУ, доп. член Блажо Боев, за финансиските планови на МАНУ за 2024 година.

Предлог од Претседателството на МАНУ на финансискиот план на Македонската академија на науките и уметностите за 2024 година на сметката на основен буџет (637).

Предлог од Претседателството на МАНУ на финансискиот план на Македонската академија на науките и уметностите за 2024 година на сметката на буџет од самофинансирачки активности (787).            Предлог од Претседателството на МАНУ на финансискиот план на Македонската академија на науките и уметностите за 2024 година на сметките на буџет на донации (785).

Настанот ќе се одржи на 28 февруари (среда) 2024 година, со почеток во 12 часот, во Свечената сала на МАНУ.

Експозето на претседателот на МАНУ можете да го погледнете тука.

Фотографии од настанот: