Собранието на Македонската академија на науките и уметностите ја известува јавноста дека на 30 март 2022 година, на 20. Изборно собрание на Академијата за избор на членови на Академијата во работниот состав (редовни и дописни членови) и на членови на Академијата надвор од работниот состав, како и за промена на статусот член на Академијата надвор од работниот состав во статус на редовен член, ги избра:
во Одделението за лингвистика и литературна наука
за редовен член на МАНУ:
доп. член Марјан Марковиќ
за дописни членови на МАНУ:
проф. д-р Веселинка Лаброска
проф. д-р Лилјана Макаријоска
за член надвор од работниот состав на МАНУ:
проф. д-р Татјана Вендина
во Одделението за општествени науки
за редовен член на МАНУ:
доп. член Драги Ѓоргиев
за дописен член на МАНУ:
проф. д-р Сашо Цветковски
во Одделението за медицински науки
за редовни членови на МАНУ:
доп. член Александар Димовски
доп. член Сашко Кедев
за дописен член на МАНУ:
проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска
за член надвор од работниот состав на МАНУ:
проф. д-р Жозеф Глигоров
за член на МАНУ со промена на статусот на член надвор од работниот состав во статус на редовен член:
проф. д-р Димитар Ефремов
во Одделението за технички науки
за дописен член на МАНУ:
проф. д-р Зоран Хаџи-Велков
во Одделението за природно-математички и биотехнички науки
за дописен член на МАНУ:
проф. д-р Валентин Мирчески
за членови надвор од работниот состав на МАНУ:
проф. д-р Наташа Јоноска
проф. д-р Панче Наумов
во Одделението за уметност
за дописен член на МАНУ:
проф. д-р Венко Андоновски