Оваa тренинг школа беше организирана од страна на втората работна група на меѓународниот европски проект CA16210 од програмата на COST и е со наслов Имиџинг и клиничка фенотипизација. Македонското здружение за психофизиологија (МЗП) беше локален организатор и домаќин, а настанот се одржа во МАНУ од 3 до 5 декември. Присуството на настанот беше само со лична покана.
Во текот на тренинг школата беа опфатени и истражувани повеќе аспекти од клиничката нега на пациенти со промени на бројот на копии (CNV, мали хромозомски делеции или дупликации) кои предизвикуваат невроразвојни нарушувања. Сесиите се фокусираа на клиничките импликации на носителите на овие варијации, советување на пациентите и нивните семејства, препораки за генетско тестирање и клиничка грижа, а се анализираа и невроразвојниот фенотип и психијатриските профили на децата носители на овие варијации со текот на времето. Понатаму, се одржаа и сесии за тоа како да се развијат истражувачки студии за овие CNV носители, вклучувајќи ги и невро-имиџинг и ЕЕГ студиите.
Тренери/предавачи на тренинг школата беа повеќе познати европски професори од областа на детската психијатрија, генетиката и клиничката психологија. Нивните имиња се: Marianne van den Bree, Ann Swillen, Beate Nowakowska, Therese van Amelsvoort, Hayley Moss, Samuel Chawner, Andrew Cuthbert, Hayley Moulding и Д-р Силвана Марковска-Симоска како претставник од МЗП и МАНУ, и како локален организатор на настанот.
Оваа тренинг школа ќе им овозможи на учесниците да се здобијат не само со напредни знаења за фенотипската анализа на невроразвојните нарушувања во новата ера на генетско секвенционирање, туку учеството на оваа тренинг школа ќе биде и посебна можност за размена на искуства како од клинички, така и од генетски и истражувачки аспект.
Оваа школа е прв настан од овој тип организиран во Македонија.
Поканата и агендата за тренинг школата може да ги погледете: ТУКА.
Фотографија од настанот: