Соопштение

На 4 ноември 2020 година, акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, и акад. Витомир Митевски имаа средба со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана.

На средбата се разговараше за состојбата на Македонците во Република Албанија и за активностите на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, а претседателот на Друштвото и подари на Академијата неколку броја на весникот „Илинден“, што излегува од февруари 2011 година во Тирана и е достапен на интернет-страницата на весникот https://vesnik-ilinden.com/

Фотографии од средбата: