++389 (0)2 32 35 400

Научните и свечените собири, уметничките презентации и, особено, „Прилозите“ на Одделенијата и на Истражувачките центри, ја откриваат изворната слика за научноистражувачката и уметничката дејност на МАНУ. Од нив најнепосредно се открива и проследува научната политика на Академијата, резултатите, тематските светови што биле предмет на истражување, како и резултатите и постигнувањата во областите кои влегуваат во дејноста и интересите на секое Одделение, Истражувачки центар, и нивниот орган, „Прилози“, во кое, покрај прилозите од истражувањата на академиците се објавуваат, исто така, истражувачките резултати и на научни работници (од институтите или од факултетите) надвор од Академијата. За обемот на објавените текстови и за резултатите зборуваат тие самите. Сета научноистражувачка дејност која е систематизирана по научни дисциплини и уметнички резултати остварени во делата на академиците од Одделението за уметност, претставува обемен и огромен материјал што ќе се објави во следните томови: вториот, третиот, четвртиот и петтиот том од документите на МАНУ.

  • Научни и свечени собири
  • Уметнички презентации (изложби и концерти)
  • Сите одделенија и истражувачки центри издаваат свои „Прилози“ и тоа: Прилози на Одделението за лингвистика и литературна наука, Прилози на Одделението за општествени науки, Прилози на Одделението за медицински науки, Прилози на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, Прилози на Одделението за технички науки, МАНУскрипт – списание на Одделението за уметност, Монумента – списание на Истражувачкиот центар за културно наследство, како и меѓународно ценетиот и рангиран Balkan Journal of Medical Genetics, едно од ретките македонски списанија со фактор на влијание/impact factor/.

Научниот и уметнички центар на МАНУ, (Уранија, Охрид)

Во рамките на Научната и уметничката визита на Научниот и уметнички центар „Уранија“, клон на МАНУ во Охрид од 2012 година се одржуваат предавања, промоции, изложби, камерни концерти и научни дебати.

Издавачка дејност

Издавачката дејност e од особена важност за Македонската академија на науките и уметностите. Од нејзиното основање до денес се објавени повеќе од 600 наслови, од кои најголемиот број се монографии, резултати од проекти и зборници од научни собири, фототипски и јубилејни изданија, потоа заеднички изданија со други академии, изданија од свечени собири, критички изданија и периодични изданија на одделенијата (секое одделение издава два броја годишно од своето научно списание ,,Прилози“). Меѓу изданијата се и критичките изданија на целокупните дела на Блаже Конески во редакција на акад. Милан Ѓурчинов и на целокупните дела на Крсте Мисирков во редакција на акад. Блаже Ристовски.

Научни и свечени собири
Уметнички презентации (изложби и концерти)
Прилози
Изданија
Проекти
Научен и уметнички центар на МАНУ (Уранија, Охрид)