На 17 јануари 2018 г. во посета на МАНУ престојуваше Н.Е. г. Хосеин Карими, амбасадор на Иран во Република Македонија. Г. Карими оствари средба со акад. Таки Фити, претседател и акад. Луан Старова, потпретседател на МАНУ.

За време на разговорите акад. Таки Фити го запозна г. Карими со организациската поставеност и работата на МАНУ, како и со соработката што МАНУ ја остварува со други академии и институции во странство. Во тој поглед, беше спомната и можноста за воспоставување научна и уметничка соработка на МАНУ со институции од Иран.

Г. Карими ја поздрави идејата за воспоставување научна и уметничка соработка на МАНУ со Иран, и ги запозна акад. Фити и акад. Старова со состојбата на науката и уметноста во Иран, каде што не постои академија на науки и на уметности, туку целата научна и уметничка активност се одвива во рамките на научни и културни центри, кои се под капата на Министерството за наука и на Министерството за култура на Иран. Оттука, соработката со Република Македонија и со МАНУ, треба да се одвива преку соодветните министерства на двете држави.

Фотографии од настанот: