Untitled logo

Известување за избор на дописни членови
на Македонската академија на науките и уметностите

Врз основа на член 46 од Статутот на Македонската академија на науките и уметностите – пречистен текст (Билтен бр. 1/2013), Претседателството на Академијата  ja известува јавноста дека ќе ce врши избор на дописни членови на Македонската академија на науките и уметностите.

  1. Во согласност со член 12 став 2 од Законот за Македонската академија на науките и уметностите („Службен весник на РМ“ бр. 13/96, 5/09 и 59/12), за дописни членови на Академијата ce избираат истакнати научници или уметници, чии индивидуални научни трудови или уметнички остварувања претставуваат значаен придонес и ce меѓународно признати, кои постојано живеат во Република Македонија и ce нејзини државјани.

Изборот на дописни членови на Академијата го врши Собранието на Академијата, по предлог од одделенијата на Академијата, сенатите на универзитетите, наставно-научните совети на факултетите, наставно-научните уметнички совети на уметничките академии и советите на научните установи (член 14 став 1 од Законот).

Сенатите на универзитетите, наставно-научните совети на факултетите, наставно-научните и уметничките совети на уметничките академии и советите на научните установи поднесуваат предлози за избор на дописни членови на Академијата за кандидати кои кај нив (во нивната установа) ja остваруваат или ja остварувале својата дејност (член 47 од Статутот).

  1. Предлозите за избор ce поднесуваат во рок од два месеца од денот на објавувањето на известувањето за избор.

За полноважен ќе ce смета предлогот за избор на дописен член кој, врз основа на одделни писмени реферати од двајца редовни професори или двајца научни работници со звање научен советник, е утврден со тајно гласање на седница на:

– сенат на универзитет, наставно-научен совет на факултет, наставно-научен уметнички совет на уметничка академија и совет на научна установа, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на сенатот, односно советот со наставно-научни звања (редовни професори, вонредни професори и доценти) и со научни звања (научни советници, виши научни соработници и научни соработници).

  1. Предлогот за избор на дописен член на Академијата треба да содржи образложена оцена за научните, односно уметничките дела на кандидатот.

Кон предлогот треба да бидат приложени: биографија на кандидатот, список на неговите научни трудови или уметнички творби, по еден примерок од неговите научни трудови, литературни или музички творби, односно албуми, каталози и снимки од музички, сликарски и скулпторски творби, одделни писмени реферати со оцена и мислење на двајца референти за научната и уметничката вредност на трудовите, односно творбите на кандидатот, примерок на записникот од седницата на органот што го утврдил предлогот, писмена изјава од кандидатот за неговата согласност со кандидатурата за избор.

Записникот треба да содржи податоци за: вкупниот број членови на сенатот на универзитетот, наставно-научниот совет на факултетот, наставно-научниот уметнички совет на уметничката академија и советот на научната установа; бројот на членови со научни и со наставно-научни звања; бројот на членови со научни и со наставно-научни звања кои присуствувале на седницата; бројот на членови со научни и со наставно-научни звања кои гласале за усвојување на предлогот за избор.

Предлогот за избор на дописен член, биографијата на кандидатот и списокот на неговите научни, односно уметнички дела, како и рефератите приложени кон предлогот треба да бидат технички унифицирани – фонт Times New Roman, големина на букви 12, со македонска поддршка, 1,5 проред и со потврдена јазична редакција од овластен лектор по македонски јазик и да се достават и во електронска форма.

  1. Предлозите што не ce поднесени од органите определени во Законот за Македонската академија на науките и уметностите, како и предлозите што ce поднесени по истекот на определениот рок или што не ce утврдени во постапка и според условите определени во Статутот на Македонската академија на науките и уметностите, нема да бидат земени во постапка.

 

                                                                                                  Претседателство на МАНУ