Соопштение

 

На 8 октомври 2021 година, во Свечената сала на МАНУ, по повод одбележувањето 54 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, пригодно обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев.

На свечениот собир, претседателот на МАНУ, традиционално, го додели меѓународното признание „Блаже Конески“ за 2021 година, за посебен придонес за развојот на науката, културата и уметноста на Македонија, на годинашните добитници Елена Верижникова од Русија и Фроса Пејоска-Бушро од Франција.

Во рамките на одбележувањето на настанот, раководството на МАНУ положи цвеќе на Споменикот на акад. Блаже Конески пред објектот на МАНУ.

Обраќањето на акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, е прикачено тука.

Фотографии од настанот