Македонската академија на науките и уметностите информира дека добитници на меѓународното признание „Блаже Конески“ за 2023 година, за посебен придонес во развојот на науката, културата и уметноста во РС Македонија се: проф. д-р Софија Милорадовиќ, лингвист од Србија и проф. д-р Бранко Тошовиќ, лингвист од Босна и Херцеговина.
Признанието ќе им биде доделено традиционално на одбележувањето на Денот на МАНУ.