На 9 октомври 2023 година, во Свечената сала на МАНУ, по повод одбележувањето nа денот на МАНУ, пригодно обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев.

На свечениот собир, претседателот на МАНУ, традиционално, го додели меѓународното признание „Блаже Конески“ за 2023 година, за посебен придонес за развојот на науката, културата и уметноста на Македонија, на годинашните добитници Софија Милорадовиќ и Бранко Тошовиќ.

Во рамките на одбележувањето на настанот, раководството на МАНУ положи цвеќе на Споменикот на акад. Блаже Конески пред објектот на МАНУ.

Обраќањето на акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, е прикачено тука.