ИЗВЕСТУВАЊЕ

Македонската академија на науките и уметностите ја известува јавноста дека, во периодот од 16 септември до 16 октомври 2025 година, ќе ги стави на јавен увид билтените на Академијата посветени на тековниот изборен процес, во кои се објавени предлозите од одделенијата за избор на членови во работниот состав (редовни и дописни членови), на членови надвор од работниот состав и на почесни членови на МАНУ, заедно со резултатите од гласањето во одделенијата, биографијата на кандидатот и списокот на научни трудови и на уметнички творби на кандидатот, рецензиите од одделенијата приложени кон материјалите, како и научните трудови и уметничките творби на кандидатите.

Билтените на Академијата, како и научните и уметничките творби на кандидатите, ќе бидат достапни за јавен увид секој работен ден, од 8:00 до 14:00 часот, во Библиотеката на МАНУ, во делот за периодика, на третиот кат во објектот на МАНУ, на адреса: бул. „Крсте Мисирков“, бр. 2, Скопје.

Во согласност со член 20, став 1 и став 2, и со член 24 од Правилникот за постапката за избор на членови во Македонската академија на науките и уметностите, до 16 октомври 2025 година, член на Академијата, сенат на универзитет, наставно-научен совет на факултет, наставно-научен уметнички совет на уметничка академија и совет на научна установа, може да поднесе образложен приговор на предлозите за избор на членови во работниот состав (редовни и дописни членови), на членови надвор од работниот состав и на почесни членови на МАНУ.

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА МАНУ

Кандидати за избор на членови на МАНУ

 

Одделенеие за лингвистика и литературна наука

Дописен член

Одделение за општествени науки

 Редовен член

Дописен член

Член надвор од работниот состав

Почесен член

Одделение за медицински науки

Член надвор од работниот состав

Одделение за технички науки

Дописни членови

 

Одделение за природно-математички и биотехнички науки

Редовен член

Дописни членови

Член надвор од работниот состав

Почесен член

Одделение за уметност

Дописни членови

Надвор од работен состав